ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер
1ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер
3СДСМ: 31 година од атентатот над Киро Глигоров, тогаш сакаа да ја запрат демократијата, на 27 април - повторно!
СветАвион со 140 патници принудно слета поради мобилен телефон- избувнал пожар Авион на „Хавајан ерлајнс“ бил принуден да изврши итно слетување откако мобилен телефон се запалил за време на летот.Според извештаите, авионот „Ербас А330“ полетал од Хонолулу и морал да слета на аеродромот Ханеда. Инцидентот се случил додека на летот имало 140 патници. Министерството за транспорт, инфраструктура и туризам потврди дека причина за пожарот бил мобилен телефон. За среќа, персоналот реагирал брзо и уредот бил ставен во огноотпорна кеса. Пожарот не се проширил низ целата кабина, објавува „Мирор“. Порано овој месец, друг авион на „Хавајан ерлајнс“ беше снимен како испушта чад непосредно пред полетувањето. Застрашувачки сцени беа снимени на меѓународниот аеродром во Лос Анџелес на 13 април. Авионот требало да лета до аеродромот Кахулуи на Хаваи. Шокантните снимки покажуваат чад како се издига од долната страна на авионот додека тој се наоѓал на пистата. Авиокомпанијата подоцна потврди дека летот 33 „безбедно го прекинал полетувањето“. Според извештаите, проблемот се случил на предното тркало, при што се регистрирани вибрации во таа област. Предниот дел наводно бил „нестабилен“, што го отежнувало продолжувањето на летот. Официјалните лица изјавија дека авионот се вратил на портата за патниците да можат безбедно да се симнат. Потоа авионот бил испратен на технички преглед и поправка. Портпаролот на компанијата изјави за „Њујорк пост“: „Безбедноста на нашите вработени и патници е наш врвен приоритет и искрено се извинуваме за непријатностите“. Поради инцидентот, патниците беа задоцнети околу четири часа. Сите безбедно го напуштија авионот и никој не бил повреден.Тагови: авион мобилен Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министерСДС, исто како и Венко Филипче, губат контакт со реалноста и се претвораат во несериозна партија. Не знаевме, но тоа го дознавме од соопштението на СДС — дека за атентатот врз Киро Глигоров е виновно ВМРО-ДПМНЕ.Впрочем, како што е паушално и лажно ова соопштение, паушална и лажна е и целата политика на Венко Филипче. Нека кажат на кои докази го темелат тоа? Ако било така како што тврдат од СДС, тогаш зошто нема разрешница, со оглед на тоа што уште цели три години по атентатот на власт е СДС? За време на атентатот министер за внатрешни работи е Љубомир Фрчкоски, кој сега сè уште е главен советник на Зоран Заев, сместен во штабот на СДС, каде снима поткасти со опрема платена од Зоран Заев. Кога не снима поткасти, прес-конференции снима неговиот син Јон Фрчкоски, кој е познат по скандалот каде е фатен како се дрогира на јавно место. Ако Венко Филипче има какви било дилеми за атентатот, нека го праша Љубомир Фрчкоски, кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти и се лаже дека е некоја величина. Да потсетиме, истиот тој Љубомир Фрчкоски е познат по пријави за тепање жени, скандали со продажба на името и златни амфори, како и низа скандали во МВР. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНиколоски: Над 7 милиони евра се инвестираат за економски развој на СтрумицаНиколоски на средбата потенцира дека само преку Министерството за транспорт во Струмица се реализираат проекти во вредност од над 7 милиони евра.Заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, оствари работна посета на општина Струмица, каде со градоначалникот Петар Јанков, општинската администрација и пратениците Ели Панова и Жан Дрвошанов, разговараа за развојните планови на општината и реализацијата на инфраструктурните проекти со поддршка од Владата. На средбата беше истакнато дека Владата континуирано вложува во подобрување на патната и комуналната инфраструктура, со цел создавање подобри услови и поквалитетен живот на граѓаните. Николоски на средбата потенцира дека само преку Министерството за транспорт во Струмица се реализираат проекти во вредност од над 7 милиони евра, што претставува значајна поддршка за локалниот економски и урбан развој на општината. Во Струмица преку Министерството за транспорт се работи на изградба на атмосферски канализациски систем за населеното место Просениково, во вредност од 46,6 милиони денари. На сребата беше истакнато дека се работи и на постапка за реализација на експресен пат од Радовиш преку Струмица и Ново Село до границата со Бугарија. Министерство за транспортТагови: Александар Николоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: 31 година од атентатот над Киро Глигоров, тогаш сакаа да ја запрат демократијата, на 27 април - повторно!На 3 октомври 1995, пред хотел Бристол, автомобил-бомба го погоди првиот претседател на независна Македонија. Глигоров преживеа, со тешки повреди.Загина возачот Александар Спировски. Повреден беше телохранителот Илчо Теовски. Од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов. Повредени беа и Климе Коробар и Јован Атанасовски. Истрагата утврди дека нападот бил подготвен и организиран. Сторителот и денес е „непознат“. Постапката е отворена. Тоа не е мистерија за народот. Тоа е незавршена ситуација. Тогаш сакаа да ја запрат државата во раѓање. Демократијата. Независноста. Претседателот што ја водеше Македонија надвор од војна им беше мета. Кој пукаше во Марсеј? Кој соработуваше со Мусолини и со Хитлер? Ванчо Михајлов. Кој е наследникот на таа традиција? Груевски. Велеше Ванчо - македонски син. На 27 април 2017 сакаа повторно: Собрание, крв, прекин на изборниот резултат. Истата логика. Кога не можат на гласови, одат на сила. Кој денеска води кампања по неговиот модел, модел на Ванчо Михајлов? Кампањата „талог“. Арамијата што се вика Христијан Мицкоски. Народот: талог, мочуриште, медиокритети. Себеси - елита и институција. Тоа не е случаен речник. Тоа е речник на човек што демократијата ја гледа како пречка, а државната каса како сопственост. СДСМ се сеќава на жртвите. Се сеќава на Глигоров. И јасно порачува: атентатот не е затворена страница сè додека сторителот е „непознат“, а наследникот на Ванчо седи во Владата и народот го вика „талог“. Атентатот врз демократијата нема да остане без име. Демократијата ја преживеа бомбата. Ќе ја преживее и оваа банда. Доаѓа време на вистината и правдата. Власта се враќа во рацете на народот. Оваа група ќе одговара. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook