Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот
1Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот
СветАвион падна на автопат во Италија- најмалку двајца загинати (ВИДЕО)Две лица загинаа, а најмалку две други се повредени кога мал авион се урна на автопат во Италија, во близина на Бреша.Трагедијата се случила околу пладне, а очевидци велат дека сцената била ужасна. Според жителите, авионот одеднаш се завртел во воздух, по што следел застрашувачки удар со земјата. Спасувачките екипи ги пронашле изгорените тела на пилотот и патниците во остатоците од авионот. Според медиумските извештаи, во авионот се наоѓале истакнатиот италијански адвокат Серџо Гараваљи и Ана Марија де Стефано. Службите за итна медицинска помош, кои брзо пристигнале на местото на настанот, можеле само да ја потврдат смртта на патниците во авионот. По ударот со земјата, авионот се запалил, а дел од остатоците удрил во два автомобили што во тој момент биле на автопатот. За среќа, возачите претрпеле само полесни повреди. Мажот (49) одбил медицинска помош, додека другиот маж (56) бил однесен во болница со полесни повреди. 🇮🇹 In Italy, a plane caught fire mid-air and then crashed onto a highway The incident occurred in the city of Azzano Mella, in the province of Brescia. According to preliminary data, there were a man and a woman on the plane. They died. pic.twitter.com/mnAcgOfkIC — Visioner (@visionergeo) July 23, 2025 Полицијата и пожарникарите затвориле дел од патот за сообраќај, а истрагата ќе открие како се случила несреќата. Авионот се урнал помеѓу Флеро и Азано Меја, на раскрсницата со автопатот А4. По несреќата, авионот се запали, а деловите летаа десетици метри наоколу, паѓајќи врз возилата што минуваа на тој дел од автопатот.Тагови: авион автопат Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМногу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреваротШкотските навивачи ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска.Каква беше денеска атмосферата во Скопје, каде видливо беше присуството на таканаречената Тартан арми. Какви се очекувањата на шкмотските навивачи? Скопје вечерва носи возбудлива атмосфера и поради уште еден настан традиционалната Бела ноќ. Што всушност носи нејзината програма, која најавено е дека ке трае до 3 часот по полноќ? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЦентарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритамСкопје денеска живее во фудбалски ритам. Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка. Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици. Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат. За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија. Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријаваНа 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари. Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: дрога Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook