СДСМ: Со кого договара Мицкоски за дата-центрите под радарот – на кого му ги поклонува водата, земјата и струјата?
1СДСМ: Со кого договара Мицкоски за дата-центрите под радарот – на кого му ги поклонува водата, земјата и струјата?
ЖивотАвион од 78 тони прегази аеродромски работник, за чудо преживеа: Слушнав како ми пукаат коскитеНа крајот на мај имаше информација за сериозен инцидент на аеродромот Екатеринбург-Кољцово, каде огромен Ербас А320 ја прегази техничарот Раил Хасанов (21).Тој го подготвувал леталото за полетување, но пилотот не го забележал и почнал да „таксира“ на пистата. Несреќниот млад човек завршил под предната опрема за слетување. Хасанов бил пренесен во локална болница и опериран, а лекарите морале да му ампутираат една нога. Сега решил да раскаже што се случило кобниот ден на аеродромската писта, пренесува The Sun. „Огромното тркало ми помина преку ногата и застана. Почувствував како ми се кршат коските. Цело време бев свесен, додека седум минути лежев под авионот“, рекол тој. Младиот човек објаснува дека изгубил многу крв, и дека раскажал што се случило во брзата помош. Потоа се онесвестил. Тој се освестил пет дена подоцна, бидејќи бил во индуцирана кома. „Се разбудив и погледнав наоколу. Не личеше на рајот. Ме сместија на одделението за интензивна нега, а мајка ми беше покрај креветот. Не ме фати паника“, додаде тој. Хасанов вели дека знаел дека „нема надеж“ за неговата нога, но дека е среќен што е жив. По истрагата, за инцидентот е обвинет пилотот на Ербас А320 тежок 78 тони. Поради оваа причина, жртвата добила отштета од 16.000 фунти. Младиот човек се уште е вработен на истиот аеродром, се подготвува да му постават протеза на ногата и да се врати на работа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Со кого договара Мицкоски за дата-центрите под радарот – на кого му ги поклонува водата, земјата и струјата?Мицкоски јавно вели дека сè околу дата-центрите ќе било јавно и транспарентно а самиот призна дека Владата преговара со 5-6 потенцијални инвеститори и не соопштува ништо.Која е компанија? Со кого и за што точно се преговара? Кои услови им ги нуди Владата? Нема одговори. Нема имиња. Нема договори. Нема анализи. Нема бројки. Тоа не е транспарентност туку работа зад затворени врати или „под радарот“. Мицкоски не кажува колку струја и колку вода ќе трошат дата-центрите. Не кажува дека земјоделците може да немаат вода за нивите и дека граѓаните ќе плаќаат повисока цена за струјата. Македонија нема ресурси за експерименти зад затворени врати. Особено не со водата. Во држава во која граѓаните веќе се соочуваат со проблеми со водоснабдувањето, загадени реки и труења во Гостивар, власта планира огромни потрошувачи на вода без да ги објави основните анализи. Истото важи и за струјата. Македонија нема стабилен енергетски систем за Мицкоски однапред да ветува државни ресурси без јавноста да знае колку ќе чини тоа и кој ќе ја плати сметката. Ова не е стратегија за развој туку опасно коцкање со водата, струјата и земјата на граѓаните. СДСМ нема ништо против инвестиции кои носат развој, работни места и нови технологии. Но, инвестициите мора да бидат во интерес на Македонија, а не ресурсите на Македонија да се ставаат во функција на туѓи профити. Затоа бараме целосна транспарентност: Кој е инвеститорот со која се преговара? Како тоа само во Македонија никогаш ништо не се знае? Секојпат Мицко договара, разговара, а не преговара, и секогаш најавуваат дека ќе има „некој“ инвеститор. Граѓаните и земјоделците може да останат без потребната вода и струја. Што ќе јаде народот? Килобајти? Што ѝ носи на Македонија дата-центарот? Нема многу работни места, троши струја, создава бучава, ја загрева плодната земја, троши вода? Каде заработуваат граѓаните на Македонија? Никаде. После сите лаги Мицкоски сака јавноста да му верува на збор. Нема да може. Прво договорите и анализите на маса. Потоа приказните за инвестиции. Водата, струјата и земјата се ресурси на граѓаните, а не приватна сопственост на Мицкоски за тајни преговори и профити. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЧеститка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40Мицкоски во посета на манастирот „Успение на Пресвета Богородица" во Општина Берово09:0072-годишен маж е шестата жртва од западнонилска треска 15:00Почина уште еден заболен од западно-нилска треска12:43Готови се ранг листите за примени студенти на УКИМ08:44
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40
МакедонијаНа ГП Богородица за излез од државата се чека околу 45 минутиИнтензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Богородица за излез од државата време на чекање е околу 45 минути, а на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево. ИЗВЕСТУВАЊЕ: Во периодот од 17.08.2026 до 01.10.2026 година, поради изведување работи на објектот „Санација на косина на автопат А4, делница Миладиновци – Свети Николе – Штип (кај наплатна станица Преод)“, ќе биде изменет режимот на сообраќај пред наплатната станица Преод. СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Од 15 Април, патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за сите видови возила до 3,5 тона. ЗАБРАНА ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА: Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури. Термините се следни: петок од 17:00 – 22:00 часот, сабота од 09:00 до 18:00 часот и недела од 09:00 до 22:00 часот. Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забранaта ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот. Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта. На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје (со важност до 01 септември) се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали: петок од 15:00 – 22:00 часот, сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и недела од 07:00 до 22:00 часот. Овој посебен режим на сообраќај се воведува во текот на летото со цел избегнување на застојот во сообраќајот на патната делница кон најпосетуваното туристичко место во Република Македонија, намалување на застоите на пунктовите за наплата на патна такса и воопшто побрз проток на возилата и непречено движење на туристите. Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат живи животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока. РАБОТИ НА ПАТ: Од 06.07.2026 г. започна времена измена на сообраќајот при санација на мост на река Брегалница на Р1204 во Штип и ќе трае до завршувањето на санацијата. Од 21.05.2026 г. во 8 часот ќе се започне со изведување на градежни активности-санација на мостови на државен пат А2 делница Гостивар-Стража конкретно на мост бр.4 Вијадукт на Атанасова река и мост бр.7 Вијадукт на Дол и истата ќе трае до завршување на санацијата. Со таа цел ќе биде воспоставен времен режим на сообраќај кој ќе трае до самото завршување на градежните активности. Од 14.04.2026 г. се изведуваат градежни активности на Државен пат А2 делница Гостивар – Стража на мост бр.7 Вијадукт на Дол. Со цел да може да се реализираат работите за санација на мостови, ќе биде воспостовен времен режим на сообраќај додека траат градежните активности. Од 30.03.2026 година, ќе се изведуваат градежни активности на државен пат А2, мостови на А2 на реката Вардар во близина на с.Желино во двата правци (Скопје – Желино и Желино – Скопје), со цел санација на истите. Времениот режим ќе се спроведува согласно Одобрението за временска измена на режим на сообраќај издадено од Министерство за транспорт. Од 13.03.2026 година започна со активности за изведба на премин на интерконективен гасовод под автопат А1 (М1) Пријателство, делница Смоквица – Гевгелија. На делницата се поставени знаци за времен режим на сообраќај. На државниот пат А2 (скопска обиколница) се врши рехабилитација во должина од 250 метри од клучка Волково до клучка Кондово. Има поставено соодветна сигнализација за затворањето на левата сообраќајна лента за претекнување. Сообраќајот се одвива по лентата за движење (средна) и лентата за принудно запирање (десна). Од 12.09.2025 започната е градежната активноста – санација на свлечиште на регионален пат Р1202 делница Косоврасти – Мелнички Мост, односно воспоставена е времена измена на режимот на сообраќај до завршување на активностите. Според известување од Виадукт Треј Дооел – Гостивар, како дел од изведбата на Коридор 10Д, во тек е важност на времен режим на сообраќај на патен правец Прилеп – Битола, каде ќе се пренасочи движењето на возилата по регионалниот пат Прилеп – Битола, од делот од клучка Лагово до Тополчани. Тагови: АМСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија„И здравје и работа“: Да градиме рударство што создава работа, развој и сигурна иднинаПо повод Денот на рударите, иницијативата „И здравје и работа“ им го честита празникот на сите рудари, геолози, инженери, техничари и на сите вработени кои со својот труд придонесуваат за развојот на рударскиот сектор во Македонија.Рударството не е само индустрија. Тоа е професија која бара знаење, искуство, дисциплина и голема одговорност. Зад секој тон руда стои трудот на луѓе кои секојдневно работат во сложени и одговорни услови, а нивната безбедност и здравје мора да бидат највисок приоритет. Денес, кога светот се соочува со растечка потреба од критични минерали, бакар и други суровини неопходни за енергетската транзиција, електрификацијата и современата индустрија, прашањето не е дали рударството има иднина. Прашањето е какво рударство сакаме да развиваме. Нашиот став е јасен: современото рударство мора да се темели на науката, современата технологија, високи стандарди за безбедност и заштита на животната средина и силна институционална контрола. Не треба да постои лажна дилема „или екологија или работа“. Европското искуство покажува дека е можно и екологија и рударство, и инвестиции и високи стандарди, и економски развој и заштита на локалните заедници. Секој проект мора да биде оценуван врз основа на факти, стручни анализи, техничка документација и законски процедури. Прашањата за водата, воздухот, почвата, управувањето со отпадот и безбедноста се легитимни и неопходни. Но, одговорите на овие прашања треба да ги даваат науката и институциите, а не стравот, политичките поделби или непроверените тврдења. Во исто време, не смееме да ја занемариме економската страна на рударството. Секторот обезбедува работни места, придонесува кон индустриското производство, извозот и јавните приходи и создава економска активност и за голем број други компании и професии. На одбележувањето на Денот на рударите годинава беше посочено дека рударството учествува со 10,9% во индустриското производство и 2,8% во вкупниот извоз, додека приходите од концесиски надоместоци достигнале историски највисоко ниво од над 1,22 милијарди денари. Затоа, на овој ден сакаме да испратиме порака која е поголема од која било поединечна инвестиција: Македонија треба да има рударство кое создава работа, но и ја штити природата. Рударство кое носи инвестиции, но и придобивки за локалните заедници. Рударство кое користи современа технологија, но пред сè го почитува човекот. На сите рудари им посакуваме среќен Ден на рударите, безбедна работа, добро здравје и заслужено признание за нивниот труд. И здравје. И работа. И одговорност кон иднината. И здравје и работаТагови: И здравје и работа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЧеститка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40Мицкоски во посета на манастирот „Успение на Пресвета Богородица" во Општина Берово09:0072-годишен маж е шестата жртва од западнонилска треска 15:00Почина уште еден заболен од западно-нилска треска12:43Готови се ранг листите за примени студенти на УКИМ08:44
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40