3ВМРО-ДПМНЕ: Најстрого го осудуваме сквернавењето на македонското знаме во Гостивар, ги повикуваме надлежните институции да постапат
Последиците од користење канабис стануваат сериозни по 30. година- научниците предупредуваат на ризиците
1Последиците од користење канабис стануваат сериозни по 30. година- научниците предупредуваат на ризиците
СветАвион на турска компанија принудно слетал- од одделот за багаж се слушнале повици (ВИДЕО)Авионот на турската авиокомпанија Пегасус ерлајнс принудно слетал откако патниците слушнале повици за помош од товарниот простор на авионот.Ербасот на Пегасус итно се вратил во Турција, а персоналот на аеродромот веднаш го пребарал авионот. Бизарен инцидент се случи во саботата на 27 јануари на летот PC690 меѓу аеродромот Сабиха Гокчен (SAW) во Истанбул и Ријад (RUH). Недолго по полетувањето од најголемиот турски град, наводно се слушнал повик за помош од товарниот простор на Airbus A321neo (TC-RGD), пишува Aero Time. Плашејќи се дека работник од аеродромот е заробен во авионот, екипажот решил да го прекине летот за Ријад и принудно да слета. Во моментот кога се слушнале гласови од просторот за багаж, авионот веќе бил над Средоземното Море, покажуваат податоците на сајтот FlightRadar24. Пилотите го свртеле правецот на авионот и решиле да слетаат во Анталија (AYT). Откако авионот пристигнал на аеродромот, работниците го растовариле целиот багаж од Airbus A321neo. И покрај деталната потрага, не било пронајдено ниту едно лице. Еден од корисниците на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер) наведува дека биле прегледани сите торби и куфери од авионот, но дека во товарниот простор немало никој. They checked every single bag… For nothing at all to be in there… pic.twitter.com/QuG3WPWGqb — george (@StokeyyG2) January 27, 2024 По краткиот престој во Анталија, ТЦ-РГД повторно полетал и се упатил кон Ријад. Патниците пристигнале на крајната дестинација во 05:14 часот, речиси четири часа по планираното пристигнување.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоПриватните гинеколози не се согласиле со ФЗОМ за новиот петгодишен договор Здружението на приватни гинеколози и акушери реагира на соопштението на Фондот за здравство за наводна согласност за новиот петгодишен договор.. -На разговорот не беше постигната согласност. Фондот не прифати ниту еден од нашите предлози, а Здружението не даде согласност ниту за новиот договор ниту за повисоките договорни казни. Соопштението на ФЗО остава впечаток дека договорите се усогласени со претставниците на сите здравствени дејности. Во делот што се однесува на матичната гинекологија, таквиот впечаток е погрешен. Бараме ФЗО јавно да појасни дека новиот договор за матичните гинеколози е утврден без согласност од нашето Здружение и да образложи зошто не ги прифати предлозите што ги доставивме – реагираа од Здружението на приватни гинеколози.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОд Бардовци во Шутка, 30 дена притвор за гостиварецот што крвнички ја претепал сопругатаПедесет и двегодишникот од гостиварско што крвничи ја претепа својата сопруга од Психијатриската болница во Бардовци доцна синоќа е пренесен во затворот Шутка.Педесет и двегодишникот од гостиварско што крвничи ја претепа својата сопруга од Психијатриската болница во Бардовци доцна синоќа е пренесен во затворот Шутка, откако судот го прифати барањето за триесетдневен притвор, потврдуваат од Гостиварскиот суд за Канал 5... Поради проценка за менталната состојба за обвинетиот мора да има и вештачење во однос на неговата пресметливост, па потоа ќе се знае дали ќе биде вратен за издржување на мерката во Бардовци, брифираат од Гостиварскиот суд. Според податоците тој претходно бил осудуван, но за кривично дело кражба... Во меѓувреме, состојбата на неговата четириесет и двегодишна сопруга која според првичните информации два дена била тепана пред да заврши на КАРИЛ, се уште е загрижувачка... Поради сериозноста на повредите таа е на интензивна нега, има крварење во главата и четири скршени ребра, но е стабилна и контактибилна, информираат од ТОАРИЛУЦ за Канал 5... Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Најстрого го осудуваме сквернавењето на македонското знаме во Гостивар, ги повикуваме надлежните институции да постапатВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува симнувањето и сквернавењето на македонското знаме во Гостивар.Македонското знаме е државен симбол и секое негово непочитување треба да биде веднаш санкционирано. Ваквиот однос на поединци во општеството создава поделби, а не сплотување. Ги повикуваме надлежните институции веднаш да постапат и да ги идентификуваат сторителите, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook