Николоски: Изградбата на автопатот Прилеп – Битола e со одлична динамика, првите километри следната година
1Николоски: Изградбата на автопатот Прилеп – Битола e со одлична динамика, првите километри следната година
Вечерва стартува новата сезона во англиската Премиер лига, натпреварите ќе се играат според нови правила
2Вечерва стартува новата сезона во англиската Премиер лига, натпреварите ќе се играат според нови правила
3Одлука што ќе предизвика негодување: Само Реал Мадрид им забрани на судиите да даваат телевизиски интервјуа за натпреварот
БалканАвион на ЕasyJet принудно слета во Атина- пилотот се онесвестил за време на летот Авионот на ЕasyJet од Хургада до Манчестер принудно слетал во Атина, откако капетанот се онесвестил за време на летот, објави денеска Дејли мејл.Неименуван патник за британскиот весник изјавил дека екипажот ги прашал патниците дали некој од нив се медицински работници и ги информирал дека авионот ќе изврши итно слетување. „Почнавме да паничиме, мислејќи дека е крај. Еден од патниците имал напад на паника, па му ставиле маска за кислород“, рекол патникот. Easyjet го потврди инцидентот и рече дека копилотот извршил „рутинско“ слетување на аеродромот во Атина. По безбедното слетување, екипажот и патниците биле пречекани од голем број противпожарни возила, полициски автомобили и возила на брзата помош. Моменталната состојба на пилотот не е позната.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНиколоски: Изградбата на автопатот Прилеп – Битола e со одлична динамика, првите километри следната годинаИзградбата на автопатот Прилеп-Битола се одвива со одлична динамика и првите километри се очекува да бидат пуштени следната година.Изградбата на автопатот Прилеп-Битола се одвива со одлична динамика и првите километри се очекува да бидат пуштени следната година, информира денеска потпретседателот на владата и министер за транспорт Александар Николоски, кој со премиерот Христијан Мицкоски беше во посета на Општина Прилеп. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЦената на бакарот руши рекорди – новиот максимум е 14.912 долари за тонСветот „во трка“ по бакар. Цената руши рекорди, па на Лонодонската берза за метали достигна историски максимум од 14.912 долари за тон. Причината е растечката побарувачка, но и стравувањата дека новото производство нема да може доволно брзо да го следи растот. Според долгорочните проценки, светската побарувачка за бакар може да надмине 50 милиони тони годишно до 2050 година, од околу 34 милиони тони денес. Македонија има бакар – но сè уште нема јасен одговор дали може да го искористи потенцијалот кој е под земја, без да ја загрози животната средина. Најголемиот потенцијал го има Иловица, но неизвесноста околу реалзиацијата на проектот продолжува. Дел од жителите на Иловица организирани преку иницијативата „И Здравје и Работа“ даваат поддршка. Дел од неа е и Никола Стаменов, поранешен претседател на Федерацијата на фармери на Македонија, кој за Канал 5 вели дека има начин како да имаме финансиски бенефит како држава и да ја заштитиме животната средина, ако се почитуваат светските еколошки стандарди. -Ние граѓаните, мнозинството од двете населени места, па можам да кажам и општина Босилово и регионот и граѓаните од таму со кои комуницираме, сме „за“ отворање на рудникот за бакар и злато „Иловица“. Имаше неколкумина кои беа противници на отворањето со напомената дека со рудникот ќе се загрозат животната средина, воздухот, почвата, меѓутоа, со најсовремена европска и светска технологија имаме целосна гаранција дека до тоа нема да дојде. - Никола Стаменов – Иницијатива „И здравје и работа“ Бакарот е неопходен за електричните мрежи, обновливите извори на енергија, електричните возила, но и за изградбата на центри за податоци кои се потребни за развојот на вештачката интелигенција. Поради ова, побарувачката расте, а отворањето нови рудници трае со години. Дополнителен притисок на пазарот периодов создаваат и САД, каде поради очекувањата за царини се пренасочуваат големи количества физички бакар кон американскиот пазар, а тоа ја намалува достапноста на металот на другите пазари. Каја нас, бакар веќе се експлоатира во Бучим, каде годишно се преработуваат повеќе од 4,5 милиони тони руда, но Иловица-Штука според проценките би произведувала околу 16 илјади тони бакар годишно, во период од околу 20 години. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаИстиот познат вкус, со освежен изгледСкопско го претстави освежениот изглед на своите етикети и новиот Скопско муралСо одлична енергија и супер дружење во препознатлив шмек, СКОПСКО го одбележа освежувањето на изгледот на своето портфолио со отворен настан на 20-ти август, во Дебар Маало, на кој се собраа сите пријатели и љубители на СКОПСКО. Освежениот изглед на етикетите ја задржува длабоката врска со традицијата и клучните симболи што го дефинираат брендот низ децениите и истовремено воведува современ израз, што е прилагоден на времето што доаѓа. Како дел од прославата присутните имаа можност да го видат уникатниот СКОПСКО мурал, потпишан од уметникот Драш и специјалната СКОПСКО фонтана, која донесе вистинско, но и визуелно освежување. За спектакуларната завршница на настанот беа задолжени дечките од Дупер, кои со својот енергичен настап ја кренаа атмосферата на следно ниво и ја затворија оваа незаборавна вечер. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook