Авиокомпаниите најавуваат поскапување на летовите кон далечни дестинации поради војната во Иран - Канал 5

Авиокомпаниите најавуваат поскапување на летовите кон далечни дестинации поради војната во Иран

Зголемувањето на цените на авионското гориво довело до раст на просечните трошоци за гориво од 88 евра по патник за летови на долги релации кои поаѓаат од Европа, како и зголемување од 29 евра по патник за летови во Европа.

Авиокомпаниите најавуваат поскапување на летовите кон далечни дестинации поради војната во Иран

„Нарушувањата во глобалното снабдување со нафта предизвикани од војната во Иран ја зголемија цената на авионските летови на долги релации од Европа за речиси 90 евра, што најверојатно ќе доведе до повисоки цени на авиобилетите, соопшти невладината организација Европска федерација за транспорт и животна средина (ТЕ)“, информираа белгиските медиуми.

Според анализа на организацијата, зголемувањето на цените на авионското гориво довело до раст на просечните трошоци за гориво од 88 евра по патник за летови на долги релации кои поаѓаат од Европа, како и зголемување од 29 евра по патник за летови во Европа. Од невладината соопштија дека ги споредиле тековните цени на гориво од минатата седмица со цените регистрирани непосредно пред почетокот на војната меѓу САД и Израел со Иран. Во извештајот се посочува дека цената на авионското гориво за лет на релација Барселона - Берлин би била повисока за околу 26 евра по патник, додека лет на долга релација, како што е Париз - Њујорк, би имал зголемување на трошоците за гориво од околу 129 евра по патник.

Организацијата додава дека пресметките се направени врз основа на просечната потрошувачка на гориво на сите летови кои полетуваат од Европа, поделена со бројот на патници - со цел да се утврди колкав дел од зголемувањето на цената на горивото се одразува како дополнителен трошок за секој поединечен патник. Раководните лица на неколку големи европски авиокомпании, меѓу кои Луфтханза, Рајанер и „Ер Франс - КЛМ, минатиот месец изјавија дека постои голема веројатност зголемените трошоци за гориво да бидат префрлени врз патниците, доколку Ормускиот теснец остане затворен подолг временски период.

Од невладината организација Европска федерација за транспорт и животна средина, соопштуваат дека нивната анализа покажува дека дополнителните трошоци предизвикани од зголемувањето на цената на горивото се значително повисоки од трошоците што авиоиндустријата ги има. Според директорката за авијација во организацијата, кризата на Блискиот Исток покажува дека нашата вистинска ранливост е зависноста од увезена нафта, а не регулативите што се дизајнирани да ја намалат таа зависност.

По ова, Европската унија најави дека утре ќе објави насоки за управување со ограничените резерви на авионско гориво, со цел да се стабилизира пазарот и да се обезбеди континуитет во авиопревозот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Скопје денеска живее во фудбалски ритам. 

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка.

Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици.

Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат.

За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија.

Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

На 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. 

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари.

Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Кисела Вода и ЈП „Лајка“ го одбележаа Светскиот ден на животните со настанот „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“

Во пресрет на Светскиот ден на животните, во паркот „Македонија“ се одржа голема едукативно-забавна манифестација под мотото „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“, организирана од Општина Кисела Вода во соработка со ЈП „Лајка“.

Општина Кисела Вода и ЈП „Лајка“ го одбележаа Светскиот ден на животните со настанот „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“

Ова дружење привлече голем број граѓани со своите миленици, а главниот фокус беше ставен на подигнување на свеста за одговорното сопствеништво и хуманиот однос кон животните.

Присутните имаа можност да добијат корисни совети од професионалци за тоа што значи вдомување и долгорочна грижа за едно животно, со акцент на соодветната здравствена нега, исхрана и условите неопходни за нивниот среќен живот. Едукативниот дел резултираше и со конкретен интерес кај граѓаните за вдомување на бездомни кучиња од стационарот.

Во рамките на предвидените активности, свој уметнички придонес даде и истакнатиот сликар Живко Поповски - Цветин, кој инспириран од природата и животните сликаше пред присутните.

-Љубовта кон животните е огледало на нашата хуманост и совест како општество. Со ова дружење сакавме да испратиме порака дека милениците не се само момент на радост, туку долгорочна обврска која бара посветеност и време. Ме радува фактот што сè повеќе граѓани покажуваат интерес за одговорно сопствеништво и за вдомување наместо купување. Општина Кисела Вода и понатаму останува посветена на хуманиот третман на животните и на подигнување на јавната свест преку вакви едукативни собири-истакна градоначалничката Стаменкоска Трајкоска.

Општина Кисела Вода упатува огромна благодарност до сите учесници и поддржувачи кои несебично помогнаа во успешната реализација: ветеринарната станица „Вет Тим“, груминг салоните „Grooming Twins“, „Shepa grooming“ и „Мое милениче“, како и пет-шоповите „Аба“ и „Пет Експерт“.

Програмата продолжува и во вечерните часови. Со почеток од 19:00 часот, пред Домот на културата „Билјана Беличанец“ (кино “Киноверзум”), граѓаните и нивните миленици се поканети на бесплатна проекција на отворено на македонскиот документарен филм „Приказната за Силјан“, во соработка со Кино Балкан Дистрибуција

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер