3Шпанија го намалува бројот на возови на релацијата Мадрид- Севиља по несреќата во која загинаа 69 луѓе
3Нострадамус со предвидувања за 2027 година: Споменува небесен оган, црви, злато, сребро и една трагедија
ЖивотАвганистанските фудбалерки плачеа и молеа за спас, конечно се на безбедно Австралската влада од Кабул евакуира повеќе од 75 авганистански фудбалерки и членови на нивните семејства, откако нивниот плач одекна низ целиот свет.Откако талибанците го освоија Авганистан и влегоа во Кабул, фудбалерките побегнаа на безбедна локација во страв за нивните животи и чекале таму за да бидат спасени. „Овие млади жени се спортисти и активисти кои беа во опасност, и со тоа и се заблагодаруваме на меѓународната заедница што вложи големи напори да им помогне“, соопшти Фифпро во изјавата, додавајќи: „Повикуваме да не застанеме на ова, туку да им ја пружиме целата помош што може да им биде потребна за интегрирање во новото општество, но и да им помогнеме на другите спортисти и луѓе во Авганистан на ист начин“. Sleepless nights, being on the call all the time answering questions. Handling media, motiving players to keep fighting & not give up even there were gunfires, they were beaten. Was tough. The 75 players and some family members are out of Afghanistan. Teamwork. Work continues. pic.twitter.com/wv5WUF10Wd — Khalida Popal (@khalida_popal) August 24, 2021 Поранешниот капитен и актуелен директор на авганистанскиот женски фудбалски тим Калида Попал ја опишал евакуацијата како голема победа над талибанците, но додаде дека ова не е крај. "Фудбалерките беа храбри во многу тешки времиња, и сега се надеваме дека ќе ги чека подобар живот надвор од Авганистан. Женскиот фудбал е едно големо семејство и ние мора да се осигураме дека секој го има она што му треба", рече Попал, додавајќи: "Не можев да спијам, плачев цело време. Се чувствував беспомошно додека не слушнав дека се добро и безбедно. Сите други требаше да се спасат".Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотМоже ли да се онесвестите за време на паничен напад?Забрзано чукање на срцето, плитко дишење, вртоглавица и заматен вид се некои од симптомите што го придружуваат паничниот напад. Тие можат да создадат силно чувство дека ќе се онесвестите; сепак, вистинско губење на свеста за време на паничен напад се случува ретко. Паничниот напад предизвикува низа интензивни физички реакции кои делуваат страшно, особено ако ги доживувате за првпат. Разбирањето на она што се случува во вашето тело може да помогне да се намали стравот – кој, пак, често ги засилува самите симптоми. Зошто се јавува чувство дека ќе се онесвестите? За време на паничниот напад се активира механизмот на телото за одговор на опасност, познат како реакција „бори се или бегај“. Мозокот препознава закана (дури и кога таа всушност не постои) и поттикнува лачење на хормони на стрес, вклучително и адреналин. Како резултат на тоа, срцевиот ритам се забрзува, крвниот притисок расте, дишењето станува побрзо, а крвта се пренасочува кон мускулите за да го подготви телото за акција. Истовремено, може да дојде до хипервентилација – пребрзо или предлабоко дишење. Ова го намалува нивото на јаглерод диоксид во крвта, што може да доведе до вртоглавица, чувство на зашеметеност, трнење во рацете, стапалата или лицето, како и заматен вид. Некои луѓе може да се почувствуваат како да се одвоени од сопственото тело или од околината. Бидејќи овие симптоми наликуваат на оние што се јавуваат непосредно пред онесвестување, лесно е да се заклучи дека ќе ја изгубите свеста – иако, во повеќето случаи, тоа не се случува. Дали може да дојде до губење на свеста? Во повеќето случаи – не. За време на напад на паника, крвниот притисок обично се зголемува, додека до онесвестување најчесто доаѓа кога крвниот притисок ќе падне до тој степен што се намалува протокот на крв кон мозокот. Сепак, постојат исклучоци. Кај некои поединци, интензивниот страв, емоционалниот стрес или болката можат да предизвикаат вазовагален одговор, при што нагло опаѓаат и срцевиот ритам и крвниот притисок. Ова може да резултира со краткотрајно губење на свеста. Иако ваквата реакција не е типична за напад на паника, таа сепак е можна. Затоа, самото онесвестување не треба автоматски да се припишува на анксиозноста, особено ако се повторува или се случува во необични околности. Маѓепсаниот круг на стравот и симптомите Мозокот постојано ги следи сигналите од телото и се обидува да ги протолкува. Кога срцето чука забрзано, а начинот на дишење се менува, мозокот може да ги протолкува овие сензации како знаци на непосредна опасност. Ако се појави и вртоглавица, стравот од онесвестување може дополнително да ја засили анксиозноста. Ова создава маѓепсан круг: чувствувате вртоглавица, мислите дека ќе се онесвестите, станувате уште поанксиозни и почнувате да дишете побрзо – што, пак, може дополнително да ја влоши вртоглавицата. Препознавањето на оваа шема може да помогне да се прекине кругот на страв и физички симптоми. Важно е да се разбере дека чувството на недостаток на воздух или вртоглавица за време на хипервентилација не значи нужно дека на вашето тело му недостасува кислород. Како можат да се ублажат симптомите? Ако чувствувате дека ќе се онесвестите, обидете се да примените неколку едноставни техники. Забавете го дишењето. Дишете полека и тивко низ носот, а потоа нежно издишувајте преку устата. Не се присилувајте да вдишувате премногу длабоко, бидејќи тоа може дополнително да ја влоши хипервентилацијата. Седнете или легнете. Ако чувствувате силна вртоглавица, заземете безбедна положба и почекајте симптомите да се смират. Ова го намалува ризикот од пад и повреда доколку ја изгубите рамнотежата. Насочете го вниманието кон околината. Техниката за враќање во реалноста може да ви помогне да го тргнете фокусот од интензивното следење на физичките симптоми. Обидете се да идентификувате пет работи што можете да ги видите, четири работи што можете да ги почувствувате со допир, три звуци што можете да ги слушнете, два мириса што можете да ги почувствувате и еден вкус што можете да го осетите. Потсетете се што се случува. Ако ги препознаете симптомите на напад на паника, обидете се да си кажете: „Ова можеби е напад на паника. Чувството е непријатно и застрашувачко, но симптомите ќе поминат.“ Овој пристап може да помогне во намалувањето на стравот – особено ако сте доживеале слични епизоди и претходно, а лекар утврдил дека тие се поврзани со паника. Кога треба да побарате лекарска помош? Иако нападот на паника може да предизвика интензивни физички симптоми, не секоја појава на вртоглавица е резултат на анксиозност. Треба да побарате лекарски преглед доколку изгубите свест, доколку епизодите на онесвестување се повторуваат, доколку чувствувате постојана болка во градите или доколку развиете значителен недостиг на воздух што не може да се објасни со анксиозност. Особено е важно да преземете мерки доколку се појават нови невролошки симптоми – како што се слабост, тешкотии во говорот или збунетост – доколку имате познато срцево заболување или семејна историја на ненадејни срцеви проблеми, или пак, доколку чувството дека ќе се онесвестите се јавува за време на физички напор. Ненадејното губење на свеста, силната болка во градите, сериозните тешкотии со дишењето или ненадејната појава на невролошки симптоми бараат итна лекарска проценка. Извор: ordinacija.vecernji.hrКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНародната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
ЖивотТри исцелителни методи кои нè учат како да живееме поисполнето40-тите се совршен момент за креирање на посреќно секојдневиеСекое седо влакно е болен потсетник дека времето незапирливо тече. За некои изминувањето на уште една година не е повод за благодарност, туку извод на немир, бидејќи не можат да престанат да размислуваат на стареењето. Сепак, според стручните лица, иако се појавиле првите знаци на стареење, имате доволно време да ги промените навиките и да ги прифатите годините што доаѓаат. Ова се најдобрите методи за самоприфаќање. Прифатете ги брчките и мудроста Старееме и тоа не можеме да го спречиме, наместо да се противиме на неизбежното, важно е да го прифатиме и да го промениме начинот на кој говориме за сопственото стареење. Секоја брчка, секое седо влакна треба да бидат знак на честа и доказ за искуствата и мудроста што сме ги стекнале. 2. Напуштање на илузијата за вечна младост Да бидеме искрени – нашето општество е опседнато со младоста. Од реклами за креми против стареење и обожување на млади славни личности, па сè до неуморното тежнеење за задржување на младешкиот изглед, постојано сме бомбардирани со пораката дека младоста, убавината и привлечноста доаѓаат една со друга. Сепак, вистината е дека ваквиот поглед не само што е нереален, туку е и длабоко погрешен. Тој поттикнува страв од природниот тек на животот, а истовремено ја занемарува убавината и мудроста што доаѓаат со годините. 3. Развивање чувство на контрола врз сопственото искуство Во текот на ова патување на откривање и прифаќање, важно е да се сфати дека „проблемот“ со стареењето не е изолиран; не се соочуваме со него само како поединци. Тоа е длабоко испреплетено со начините на размислување, општествените норми и личните очекувања. Преземањето одговорност за сопствените чувства во врска со стареењето, иако тие чувства се во голема мера обликувани од општеството, претставува клучна пресвртница, а стекнувањето чувство на контрола врз сопствениот живот носи огромно олеснување. Извор: sensa.story.hrКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотНострадамус со предвидувања за 2027 година: Споменува небесен оган, црви, злато, сребро и една трагедија Древните списи на Нострадамус повторно привлекуваат внимание поради различните толкувања што ги поврзуваат со годината 2027.Според некои анализи на мистериозните стихови, претстојната година наводно би можела да донесе финансиски превирања, разорни пожари и превирања во различни делови од светот, објавува Дејли Меил. Толкувања на мистериозните стихови Францускиот астролог и лекар напишал книга наречена „Les Prophéties“, првпат објавена во 1555 година, која содржи стихови со неговите „предвидувања“. Позната е и како „Centuries“ (векови), поделена на десет дела, обележани со римски броеви од I до X. Следбениците на Нострадамус веруваат дека некои од овие предвидувања се „невообичаено точни“. Најновите толкувања укажуваат на наводно можни закани за природната средина, но и за системите од кои зависи секојдневниот живот на луѓето. Меѓу криптичните стихови на Нострадамус кои се поврзани со годината 2027 се описи на „оган што се шири низ хоризонтот“, предупредувања за „акумулација на долгови“ и можност за „разорно финансиско пресметување“, како и приказна за „наоѓање богатство“. Сепак, важно е да се напомене дека Нострадамус не ја споменал експлицитно 2027 година во овие списи. Нивната поврзаност со претстојната година е резултат на современи толкувања, а не на прецизните датуми што ги оставил астрологот зад себе. Овие толкувања се презентирани во анализа објавена од Sky History, која разгледуваше дали стиховите (четиристишја) на Нострадамус би можеле да се поврзат со настани во претстојната година. Неговите следбеници му припишуваат „предвидувања“ за бројни историски настани, вклучувајќи го Големиот пожар во Лондон, Француската револуција и атентатот врз американскиот претседател Џон Ф. Кенеди. Сепак, таквите врски се последователни толкувања на неговиот често двосмислен јазик, а не доказ дека тој всушност точно ги предвидел овие настани. „Небесен оган од Запад“ Зошто одредени стихови се поврзани со годината 2027? Една теорија се базира на начинот на кој се нумерирани делата на Нострадамус. Според некои извештаи, 27-те стихови од различни збирки (Вековите) би можеле да содржат навестувања за настани во годината што завршува со истиот број - 2027. Самото нумерирање, сепак, не е доказ дека стиховите се однесуваат на одредена година. Меѓу највознемирувачките толкувања е стихот што опишува „оган што се шири низ огромна површина“. Еден превод на делата на Нострадамус вели: „Небесен оган од запад / И од југ, што се шири кон исток“. Стихот продолжува со слика на „црви полумртви, кои не можат ни да го најдат коренот“. Sky History ја поврзува оваа мрачна слика со можни „разорни шумски пожари“. Од особено значење е описот на животот уништен под површината на земјата, што во современото толкување е поврзано со последиците од пожарите што одат подалеку од она што е видливо на површината. Сепак, самиот текст не споменува ниедна модерна земја, ниту пак прецизира кога би можела да се случи таква катастрофа. Затоа, овој стих е претставен како можен навестување за „уништување на цели пејзажи“ и „природни услови неопходни за опстанок на живите суштества“, но таквото толкување не може да се потврди. „Зголемен број копии од злато и сребро“ Друго толкување се однесува на парите и можноста за „финансиска криза предизвикана од акумулирани долгови“. Еден од стиховите на Нострадамус, преведен како „зголемени копии од злато и сребро“, е протолкуван како предупредување за „финансиски превирања“. Во истиот контекст се споменуваат „растечки долгови“ и „уништување на финансиски документи“. Овие слики поттикнаа шпекулации за можен „економски колапс“, но нивното значење зависи од тоа како се преведува и толкува вековниот текст. Интересно е што овој стих за „злато и сребро“ не припаѓа на 27-миот четворка, како некои други списи поврзани со 2027 година, туку на 28-миот четворка од осмиот „век“. Трето толкување се однесува на „откритие“ кое, наместо голем триумф, може да заврши со „трагедија“. Еден од стиховите опишува „богатство скриено недалеку од даб погоден од гром“, проследено со морничаво предупредување за судбината на лицето кое ќе го пронајде. Еден превод гласи: „Под даб во Гвајана, погоден од гром, недалеку од него е скриено богатство“. Следново опишува „смртоносна повреда“, при која окото на една личност би било прободено од извор. Овој стих е поврзан со потрагата по митско богатство на канадскиот Остров Оук. Според понатамошно толкување, стиховите на Нострадамус би можеле да алудираат на „смрт во времето на големо откритие“. Сепак, ниту Островот Оук ниту годината 2027 не се експлицитно споменати во оригиналниот текст. Нивната поврзаност со овој стих, како и времето на наводниот настан, се базираат исклучиво на современи шпекулации.Тагови: Нострадамус Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook