ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите
2ВМРО-ДПМНЕ: ЈО да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите
СветАвганистанец грабнал и силувал девојче во Англија- доби 15 години затвор Авганистански барател на азил денеска е осудена на 15 години затвор за киднапирање и силување на 12-годишно девојче во англискиот град Нунитон.Минатиот месец, поротата го прогласи 23-годишникот за виновен за силување, киднапирање, сексуален напад и снимање несоодветно видео. Дополнително, 23-годишникот претходно се изјасни за виновен за силување на дете под 13 години. Жртвата: Му реков да престане Мулахил пристигнал во Велика Британија четири месеци пред делата. Тој побарал азил, наведувајќи ги проблемите што ги доживеал во Авганистан. Тој му рече на судот дека верувал оти неговата жртва имала 19 години и дека таа го иницирала сексуалниот однос. Обвинителот Даниел Оскрофт рече дека обидите на Мулахил да ја обвини жртвата биле „болни“ и „прилично одвратни“. Жртвата, чие име не е објавено, рече дека Авганистанецот ѝ се приближил во парк во Нунитон додека таа се лулала. Таа нагласи дека му рекла на напаѓачот да престане. Судијка: Знаевте дека е под 16 години При изрекувањето на пресудата, судијката Кристина Монтгомери рече дека девојчето продолжува да страда од траума и здравствени последици поврзани со нападот. „Вашата жртва беше особено ранлива поради нејзините лични околности. Таа претрпе значителна и трајна психолошка штета“, рече судијката, додавајќи дека Мулахил „целно го избрал“ девојчето. Таа, исто така, изјави дека тврдењето дека девојчето имало 19 години е „очигледна“ лага. „Пресудата на поротата не остава сомнеж дека знаевте дека е под 16 години“, забележа таа. „По нападот заедно ја напуштивте областа, но кога се разделивте, таа остана сама во паркот во темница некое време. Беше вознемирена, во состојба на висока готовност. Погледна преку рамо и погледна кон шумата за да види дали сè уште сте во близина“, додаде таа. „Таа веднаш раскажа што ѝ се случило. После тоа беше подложена на медицински преглед и полициско испрашување, а подоцна, бидејќи ги оспоривте нејзините обвинувања, и на вкрстено испрашување на суд“, објасни судијката. Случајот предизвика масовни протести Таа го осуди Мулахил на 15 години затвор со дополнителни 12 месеци надзор по ослободувањето. Мулахил беше суден заедно со Мухамед Кабир, исто така авганистански барател на азил, кој беше ослободен од обвиненијата за намерно задушување, обид за киднапирање на дете и криминална намера за извршување на сексуално кривично дело. Жртвата изјави на судењето дека двајцата обвинети ѝ се приближиле во паркот. Овој случај предизвика масовни протести во градот минатото лето.Тагови: Авганистанец девојче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПосебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16Фон дер Лајен за следната недела најави чекор за деблокада на евроинтеграциите13:20Премиерот Мицкоски ја пречека Урсула фон дер Лајен во Владата13:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
Македонија31-година од атентатот врз претседателот Глигоров, се уште нема разврскаПоминаа 31-година од атентатот со автомобил-бомба врз претседателот Киро Глигоров.На 3 октомври беше извршен атентат врз првиот претседател на Македонија, Киро Глигоров, кој со тешки повреди на главата ,го преживеа напaдот. На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на глигоров, Илчо Теовски. Како последица од повредите почина и случајниот минувач Христо Христоманов. Истрагата утврди дека атентатот врз македонскиот претседател, бил добро подготвен и организиран. Остана непознато кој стоел зад атентатот, а истражната постапка која се води против непознат сторител се уште е отворена. Нападот беше извршен со автомобил-бомба во 1995 година во 9:50 часот на улицата „Македонија“ пред хотелот „Бристол“ во Скопје кога Глигоров со службено возило се движеше од неговата резиденција на работното место во Собранието. Киро Глигоров почина од природна смрт на 94 годишна возраст на 1 јануари 2012 година.Тагови: Киро Глигоров Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПосебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16Фон дер Лајен за следната недела најави чекор за деблокада на евроинтеграциите13:20Премиерот Мицкоски ја пречека Урсула фон дер Лајен во Владата13:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: ЈО да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптеритеВенко Филипче излезе со сериозни јавни наводи во врска со набавката на хеликоптери и договорот што, според неговата изјава, бил потпишан од Славјанка Петровска.Филипче јавно изјави дека Петровска „потпишала за 37 милиони евра поскап договор за набавка на хеликоптери, откако комисијата донела друга одлука“. Ова се сериозни наводи кои не смеат да останат само на ниво на партиски пресметки. Доколку постојат сознанија за неправилности или евентуално противзаконско постапување при набавката, надлежните институции мора да ги проверат. Затоа го повикуваме Јавното обвинителство да ги разгледа јавно изнесените наводи и обвинувања на пратеникот и претседател на СДС, Венко Филипче за евентуален сторен криминал од пратеничката на СДС и поранешна министерка за одбрана, Славјанка Петровска. Ваков скандал, обелоденет од Филипче, токму за пратеничката од неговата пратеничка група на СДС, не смее да биде игнориран од надлежните институции и истражните органи. Истовремено, го повикуваме Филипче целосно да ги обелодени информациите со кои располага, за овој и за други случаи, и истите да ги достави до надлежните институции, а ние сме тука да му помогнеме и да бараме од ЈО, по допрен глас, да реагира и да преземе мерки за расчистување на случајот. Јавните обвинувања за криминални договори вредни, како што самиот Филипче рече, 37 милиони евра не смеат да бидат средство за меѓупартиски пресметки, туку тие мора да добијат институционална проверка и одговор пред јавноста. Добро е што Филипче се охрабри и почна да зборува за огрешените пред законот од таборот на СДС и го поддржуваме и поттикнуваме да каже се што знае за криминалот на Петровска тежок 37 милиони евра. ЈО итно да постапи и да отвори предмет, зошто правда и одговорност за овој криминал мора да има. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПосебен режим на сообраќај во Скопје поради фудбалски натпревар на арената „Тодор Проески“09:30Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16Фон дер Лајен за следната недела најави чекор за деблокада на евроинтеграциите13:20Премиерот Мицкоски ја пречека Урсула фон дер Лајен во Владата13:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
МакедонијаСДСМ: Граѓаните веќе гледаат: Платформата ЗНАМ 2.0 со писмо за дефокус токму пред Фон дер Лајен Кога стигна документот од Платформата-ЗНАМ 2.0? Вчера, токму пред прес конференцијата на Фон дер Лајен на која кажа дека македонските јазик и идентитет се добредојдени во ЕУ, на која кажа дека нема патокази за Македонија и го упати Мицкоски во Бугарија. Иако најавија дека два дена порано ќе го донесат писмото го донесоа токму еден час после нашиот прес за Лаура Ковеши и пред прес конференцијата на Фон дер Лајен. Уште еден дефокус. Да го тргат вниманието од главниот проблем: застанувањето на Македонија кон ЕУ . Далечинско кога болат фактите. Кога се случува? Кога СДСМ објавува дека услов за кандидатите е прво да се пушти во работа европското обвинителство. Еден час по прес-конференцијата каде се потврдува целата вистина којашто ја говори СДСМ, кога се потврдува целата вистина зошто Мицкоски не сака во Унијата. Кога имаме целосна потврда од Фон дер Лајен. Со месеци го говориме. Сега се потврдува. Лаура Ковеши пред членство. Не после. Кога се јави Платформата минатиот пат? Закажаа собир во хотел. Тргна медиумската поддршка од Орбан–Вучиќ медиумско небото. Кога беше тоа? Токму кога објавивме кој му плаќа на Мицкоски лобирање за состаноци. Кога објавивме за антимонот. Кога објавивме план за пет нови рудници за распродажба на Македонија. Кога откирвме дека Дејвид Гета не е „нула денари“ туку 5.53 милиони евра. Кога го откривме тендерот за фирмата поврзана со Ќуркчиев вреден 1,6 милиони евра. Кога ја откривме големата пљачка на Македонија. Кога го откривме тендерот Адамовиќ–Мицкоски, преку Божиновска, Лазаревиќ и Руднап. Од вчера има најава за нови таканаречени „паметни“ броила. Паметни се. За арамијата и екипата. Не за сметката на граѓанинот. Сега граѓаните гледаат дека повеќе не е чудно како работи Платформата знам 2.0. На далечинско. По потреба. Секогаш во важен момент, кога откриваме работи за иднината на земјата и на граѓаните - баш тогаш се јавуваат шемаџиите. ЗНАМ 2.0. Истите што седат со руската Левица. Анти-НАТО. Анти-ЕУ. Против стратешкиот партнер Америка. Баш со нив прават сојуз. Ете вчера Левица објави, средба во Москва, со Комунистичката партија на Русија. Немаат програма. Имаа тајминг. Нема антикорупција. Има корупција и дефокус. Писмото не е за СДСМ. Писмото е да не се зборува за признатиот македонски идентитет, заглавениот европски пат, Лаура Ковеши, за скандалите на власта, за рудници и за броила. СДСМ не влегува во шемата. Останува со граѓаните и ќе продолжи да се бори за нив и интересите на државата. Бандата бега од европски обвинител. Сателитите бегаат од темата. Народот веќе гледа кој кога се јавува! Наското доаѓа времето на вистина и правда. А бандата ќе одговара пред европско обвинителство! СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook