Шоу бизАватар веќе урива рекорди со заработувачка од над 2 милијарди долари (ВИДЕО)Avatar 2: The Path of Water успешно ги полни благајните во Северна Америка и веќе влезе во тесниот круг на филмови кои надминаа две милијарди долари ширум светот, покажуваат прелиминарните податоци на специјализираната компанија Exhibitor Relatios.Со приход од 19,7 милиони долари овој викенд (петок до недела) во Соединетите Американски Држави и Канада, наспроти 31 милион долари минатиот викенд, филмот на Џејмс Камерон доминира на табелата со најголема заработка шеста недела по ред. Филмот заработил речиси 598 милиони долари во Северна Америка, а 1,43 милијарди во остатокот од светот, надминувајќи ја симболичната граница од 2 милијарди долари. Во историјата на филмот, досега толкав профит оствариле само шест филма, меѓу кои се три филма на овој успешен канадски режисер (Аватар, Аватар 2 и Титаник). Долгоочекуваното продолжение на научно-фантастичниот блокбастер од 2009 година е сместено повеќе од една деценија по настаните од првиот филм и се одвива под вода. Во својот петти викенд во кината, Мачорот во чизми 2: Последната желба го зазеде второто место со 11,5 милиони долари. Во овој филм, мачорот, кој прво се појави во второто издание на Шрек, а потоа и во подоцнежните две продолженија, тргнува во епска авантура за да си ги врати поранешните животи бидејќи потрошил осум од нив, а му останал само еден. На третото место, со заработени 9,8 милиони долари е трилерот M3GAN, приказна за застрашувачка кукла, робот програмиран да биде најдобар пријател на детето и најголем сојузник на родителите. Исчезната на Ник Џонсон и Вил Мерик е на четвртото место со 9,3 милиони долари, пред филмот „Најлошиот сосед на светот“, со Том Хенкс во главната улога, кој заработи 9 милиони долари. На шесто место е Мејдеј (5,3 милиони долари), седмо е Хаус забавите (1,7 милиони долари), осмо е Ме кога се реинкарнирам како лигите (1,5 милиони долари), деветто е Black Panther: Wakanda Forever (1,4 милиони долари) и десетти Китот (1,3 милиони).Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТерористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39
БалканТерористички напад пред израелската амбасада во БелградТерористички напад се случи пред израелската амбасада во Белград.Малолетник, за кој се сомнева дека е од Шабац, ја нападнал полицијата со два ножа пренесува Радио Телевизија Србија .Според српските власти, напаѓачот извикувал „Алаху акбар“.Припадникот на полицијата го усмртил напаѓачот во самоодбрана. Полицаецот бил полесно повреден во инцидентот.министерот за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ соопшти дека безбедносните служби го следеле осомничениот. Според првичните информации, тој бил поврзуван со Исламската држава.По нападот, Србија го подигна нивото на терористичка закана на црвено ниво.Засилено е полициското присуство на клучни локации и инфраструктурни објекти.Дополнителни безбедносни контроли се спроведуваат и на места со поголема концентрација на граѓани.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТерористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39
МетеоПроменливо облачно со сончеви периодиВремето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, кој наместа долж поширокото Повардарие повремено ќе биде силен (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 10, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 14 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Следува период на променливо облачно време. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Во петок и во деновите од викендот ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ХороскопДневен хороскоп за 28. октомври 2026 година Дневен хороскоп за среда, 28. октомври 2026 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Одеднаш ќе се појават низа шанси за контакти или комуникации . Ќе бидете малку изненадени , но одговарајте на повиците. Кариера Дел од луѓето од вашата околина се подготвени да ви дадат поддршка , но другите се уште очекуваат вие да се изборите за тоа. Здравје и совет Надевајте се на подобро. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе се обидувате да го наговорите вашиот партнер дека е најдобро вашата врска да ја озаконите или во друга ситуација , да се поврзете со заеднички живот во нов дом. Кариера На дневен ред доаѓаат нови планови кои допрва треба да се осмислат. Еден од критериумите секако се парите. Здравје и совет Движете се повеќе , јадете помалку. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Иако ќе исчезне напнатоста меѓу вас и другата страна, денеска ќе се однесувате доста нестабилно. Кариера Се наоѓате во минлива фаза на зголемена чувствителност , па и оние редовни напори на кои сте навикнати ќе предизвикаат понекоја воздишка. Здравје и совет Потребен ви е одмор. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Мало недоразбирање во комуникациите нема значајно да ги анрушат вашите лични односи. Она што можеби е нејасно , набргу ќе се разјасни. Кариера Многу ќе ви значи диоколку ве забележуваат и тоа отворено ви го кажуваат. Денеска ќе биде токму така. Здравје и совет Можна е главоболка. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Со мали чекори може да се помине исто долг пат како со мали. Затоа својот однос градете го полека и трпеливо. Кариера Нема да бидете сигурни како да извршите една работа , но немате кого да прашате. Покрај тоа, ќе има и многу задачи. Ќе морате самни да се снајдете. Здравје и совет Внимавате на вашата исхрана и затоа веќе сте подобро. Овен 21.3-20.4. Љубов Некои ќе насоберат доволно тага во душата и ќе посакаат да избегаат од се , но од својата кожа нема бегање. Кариера Вработените во услужните дејности денеска една фаза од својата работа ќе ја доведат до крај. кај другите сето друго ќе биде вообичаено. Здравје и совет Прошетајте се на свеж воздух. Бик 21.4- 20.5. Љубов Веројатно вашата навика да бидете привлечнио и шанси за излегувања ќе се намалат , а саканата личност денеска ќе биде чувствителна. Кариера Никој нема да везаштити од критиките на другите .Единствено може да извлечете со чесна работа. Здравје и совет Размислете за својата дисциплина. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Вашата најдрага личност денеска би можела да ве изненади со еден предлог , кој е на граница на добриот вкус. Кариера Ќе мора малку да се позанимавате со вашите тајни непријатели , кои се активираат на незгоден начин. Здравје и совет Победувате со издржливост. Рак 22.6-22.7. Љубов Во текот на денот може да очекувате се побогат љубовен живот со задоволства и со низа убави шанси. Кариера Љубезност и внимателност денеска ќе покажете како никој друг на работното место. Колегите ќе знаат тоа да го ценат. Здравје и совет Мали дигестивни проблеми. Лав 23.7-22.8. Љубов Можеби саканата личност ќе ве изненади со еден предлог , кој на вас ќе делува како мал пок. Кариера Ќе дојде до деловна кореспонденција што ќе ве измори. Се бара многу специфичен начин на изразување. Здравје и совет Прво размислете , па потоа зборувајте. Девица 23.8.-23.9. Љубов Влегувате во подобар љубовен период. Тоа ќе го забележите според подобрениот однос со партнерот или општо со лицата од спротивниот пол. Кариера Во работата во која соработувате со други ќе се појави ненадејна вест или шанса поврзана со смислата за убаво. Здравје и совет Чувајте си го грлото. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе заклучите дека е подобро да бидете отворени кон другата страна и да ги поднесувате кризните состојби кои понекогаш ги покажува. Кариера Се развиваат декловни можности со луѓе , со партнери. Можеби не ви е според желбите , но треба да покажете кооперативност. Здравје и совет Толерирајте ги недостатоците на другите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter