Аваја донира амбулантно возило на Поликлиника Чаир - Канал 5

Аваја донира амбулантно возило на Поликлиника Чаир

Втората иницијатива, е оваа донација на амбулантно возило која се донира на Поликлиника Чаир за потребите на граѓаните Роми од Шуто Оризари, Чаир и Бутел, како и на сите граѓани кои живеат во овие населби.

Аваја донира амбулантно возило на Поликлиника Чаир

Оваа донација е дел од низа на иницијативи во здравството, првата иницијатива беше поддршка за отворање на гинеколошката амбуланта во Шуто Оризари со поддршка дадена за ангажирање на медицинска сестра во амбулантата за период од 6 месеци, која се реализираше во текот на месец октомври.

Втората иницијатива, е оваа донација на амбулантно возило која се донира на Поликлиника Чаир за потребите на граѓаните Роми од Шуто Оризари, Чаир и Бутел, како и на сите граѓани кои живеат во овие населби. Во рамки на оваа донација е и донацијата - поддршка за ангажирање на две медицински сестри Ромки кои ќе бидат ангажирани во некои од одделенијата на ЈЗУ Здравствен дом Скопје - Скопје. Оваа донација е иницирана во 2021 година со потпишувањето на трипартитниот меморандум помеѓу Владата, Поликлиника Чаир и Аваја.

Според Елвис Шаќири, вработувањето на двете медицински сестри се очекува да биде реализирано во јануари 2023 година, а со тоа ќе биде заокружена целата поддршка што Аваја ја дава за подобрување на здравството и пристапот кон здравствени услуги на Ромите од Шуто Оризари. Со потпишувањето на меморандумот и договорот за донација Владата и Поликлиниката Чаир се обврзуваат после 2 години да ги превземат медицинските сестри во редовниот систем на вработувања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Десетгодишно девојче се јавила во болница поради болки во стомакот, докторите откриле дека е бремена- уапсен е очувот

Ужасен случај на сексуална злоупотреба на деца ја потресе Аргентина откако лекарите утврдија дека 10-годишно девојче е бремено шест месеци. 

Десетгодишно девојче се јавила во болница поради болки во стомакот, докторите откриле дека е бремена- уапсен е очувот

Полицијата го уапси нејзиниот очув (33), кој е осомничен дека сексуално ја злоупотребил.

Девојчето и нејзината мајка дошле во болницата во Колонија Дора, во аргентинската покраина Сантијаго дел Естеро, жалејќи се на болки во стомакот. За време на прегледот, лекарите откриле дека детето е во напредна фаза од бременоста.

Според австрискиот Krone, девојчето рекло дека нејзиниот очув ја злоупотребувал додека нејзината мајка била отсутна.

Медицинскиот персонал ги известил властите, по што е започната истрага.

Според аргентинските медиуми, полицијата уапсила 33-годишен маж во вторник во рурална област на департманот Авеланеда.

За време на операцијата, му бил запленет мобилен телефон, кој ќе биде предмет на вештачење.

Истрагата ја води обвинителот Гилермо Фаријас, а властите се обидуваат да ги утврдат сите околности на злоупотребата и евентуалната кривична одговорност на осомничениот.

Според медиумските извештаи, мајката на девојчето има 25 години и е исто така бремена со уапсениот маж. Двајцата се запознале преку интернет и почнале да живеат заедно пред околу една година.

Семејството има и уште три малолетни деца.

Аргентинските медиуми известуваат дека истражителите продолжуваат да собираат докази, додека конечната одговорност на осомничениот ќе биде утврдена на суд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тежок инцидент пред избирачко место во Панчево- настана општа тепачка (ВИДЕО)

Денеска се случи сериозен инцидент пред Земјоделското училиште во Панчево, каде што се наоѓа гласачкото место, кога група маскирани мажи се судрија со неколку млади мажи. 

Тежок инцидент пред избирачко место во Панчево- настана општа тепачка (ВИДЕО)

За време на тепачката, беа употребени и пиротехнички средства, а најмалку едно лице е повредено, објави Телеграф.

Како што објави на социјалните мрежи локалниот портал „Панчево си ти“, група маскирани мажи нападнаа неколку луѓе на улицата пред училиштето, додека снимки од насилството набрзо се појавија на социјалните мрежи.

Снимките покажуваат физичка конфронтација, при што некои учесници користеа пиротехнички средства. Еден млад човек беше удрен во лицето, по што беше снимен со видливи повреди и крв на лицето.

Според извештаите на локалните медиуми, за време на инцидентот беа употребени и стапови, а некои од учесниците носеа маски и качулки.

Набрзо на местото на настанот пристигнаа полицајци, кои интервенираа по конфронтацијата.

И покрај инцидентот пред Земјоделското училиште, гласањето на гласачкото место продолжи непречено, објавува „Блиц“.

Во моментов нема официјални информации за бројот на евентуално приведени лица, ниту пак се познати сите околности што доведоа до конфликтот. Снимките од инцидентот се споделуваат на социјалните мрежи.

Погледнете ги снимките од инцидентот:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсен е осомничениот за напад врз мајката на Александар Вучиќ

Со наредба на Првото основно јавно обвинителство во Белград, на М.Н. (28) му е одреден притвор до 48 часа поради наводен напад врз мајката на Александар Вучиќ утрово.

Уапсен е осомничениот за напад врз мајката на Александар Вучиќ

Уапсеното лице е осомничено за сторено кривично дело разбојништво, изјавија за Танјуг од Првото основно јавно обвинителство во Белград, објави Телеграф.

Осомничениот ќе биде приведен во обвинителството на сослушување во наведениот рок.

Српската напредна партија претходно денес објави дека мајката на Александар Вучиќ била вербално и физички нападната, во непосредна близина на пазарот Калениќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер