Аутизмот - болест на модерното време - Канал 5

Аутизмот - болест на модерното време

На светот и на Македонија им се заканува феноменот на дегенерација, алармираат стручњаците. Аутизмот е една од појавите чија инциденца последниве години е во пораст. Ако пред 50 до 60 години скоро и го немаше, денес соодносот е 1:45.

Аутизмот - болест на модерното време
Експертите прогнозираат дека ќе дојде време кога децата со аутизам ќе бидат секојдневна појава.

- Минатите години аутизмот го имаше, но во помал број. Сега енормно расте. Во стручните кругови тоа го нарекуваме феномен на дегенерација. Имајќи го предвид настанокот на аутизмот се потврдува тезата дека тоа е состојба или заболување на модерното време. Организмот и на родителите и на децата се значително ранливи. Што значи неувролошката поставка и функционалност на децата е во лоша состојба. Од агенсите од секојдневието, кои се конзумираат пред бременост, после бременост, цела една генерација се раѓа со ваква генетска предодредденост, вели Спасе Додевски, дефектолог-олигофренолог.

Според него, новите генерации се се поранливи и покажуваат функционирање што е кличничка слика за аутизам.

- Ќе дојде време кога децата со аутизам ќе бидат секојдневна појава, како дете родено со слаб вид, на пример. Неврологијата се однесува на тоа што импулсите од нервниот систем се извршуваат само на блиските центри. Оние центри кои се подалеку не комуницираат премногу. Тоа значи дека тие центри кои немаат дразба, односно не се функционално оптеретени, или многу малку ја извршуваат функцијата или изумираат. Тоа е аутизам. Нашата цел е да помогнеме во развој на овие центри, објаснува Додевски.

Дефектолозите аутизмот го делат на примарен, стекнат од раѓање и секундарен, што се појавува кон крајот на втората и почетокот на третата година од животот. Тогаш детето кое претходно комуницирало се повлекува во себе, станува емоционално индиферентно и не може да ги преведе шемите на однесување од секојдневниот живот. Најчесто вклучува само одредени механички искуствени форми или репетитивност, како вртење или плескање со раце.

- Детето со аутизам развојните фази од рано детство преку пубертет, емоционалните состојби ги доживува многу поинаку и покомплексно. Затоа е потребно работа со нив во континуитет, зашто и мало невнимание може да го врати назад дотогаш стекнатиот успех во работата со нив. Треба да се соработува и со другите стручнњаци со лекарите, педијатрите. Нивното ниво и соработка се базира на медикаментзона терапија која е неминовна. Со голема соработка може да се постигне повисоко функционално ниво. Последна цел е овие деца да знаат да се снајдат во едно оптимално ниво во една отворена средина. Да може да одат до продавница, да се снајдат во основните функции, да се описменат, да знаат да читат, истакнува Додевски.

Нема лек, нема метод кој ќе придонесе аутизмот да го нема, но со многу работа и соработка најмногу и од родителите, децата со аутизам може да стигнат до едно многу високо функционално ниво. Родителската суета, оценува докторот, е најголема, но родителите мора целата тага и енергија да ја насочат кон помош на децата преку стручна работа.

- Среќа во несреќа е што родителите почнаа од рано да бараат помош и консултации. Најчесто поради проблеми со говор или со неможност да се изговори одредена буква, но понекогаш зад тоа се кријат и симптмоите за аутизам. Ние како институција не даваме дијагнози, туку делуваме методолошки и во образовна сфера. Мој апел е родителите максимално да делуваат на време, бидејќи колку порано се откријат знаците ќе има поголем успех. Во периодот од 3 до 5 годишна возраст се развива до 50% од центрите. Значи од се она што би се развило до крајот на животот, половина се развива во овој ран период, објаснува Додевски.

Дефектолозите не го исклучуваат влијанието на вакцината врз појавата на аутизмот. Тоа го врзуваат со ранливоста на организмот.

- Ова е тема која е многу експлоатирана во Македонија, во Европа и во светот воопшто. На државни ниво не смее да се вклучуваме за некои оценки дали треба или не треба да се вакцинира. Ни ги гледаме структурните влијанија врз децата. Проблемот на дегенерација и ранливиот организам, на мајките, но и на децата, секако дека овозможува вакцината да има влијание. Таа е своевиден фактор кој делува на организмот. Некои организми се справуваат без последици, но некои не, зависи од нивото на ранливост. Се повеќе деца се ранливи, вели Додевски и додава дека во регионот, првпат видовме случај на двајца еднојајчани близнаци родени со аутизам.

Оттука, слабоста не се однесува на едно дете, се однесува и на близнаците.

- Сметаме дека вакцините би можеле да делуваат, но и да се најправилни и најквалитетни, може да допринесат за на одредена промена на аутизам. Голем број деца кои се од иста мајка може да бидат вакцинирани, а кај едното да се појави аутизам, кај другото не, вели Додевски.

Моментно во Струмица во трите посебни паралелки за деца со аутизам настава следат 13 ученици. Стручњаците преку Здружението на дефектолози на Република Македонија, сакат да се променат наставните програми и да се овозможи и стручно школо за оваа категорија граѓани, па дури и високо образование за лицата со аутизам со висока функционалност, следејќи ги евроспките стандарди. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иран објави видео: „Ги нападнавме американските бази во Бахреин со беспилотни летала“

Иран и неговите сојузници го зголемија притисокот врз САД.

Иран објави видео: „Ги нападнавме американските бази во Бахреин со беспилотни летала“

Иран и неговите сојузници го зголемија притисокот врз САД и сојузничките земји од Персискиот Залив на два фронта: анти-хутиските сили се повлекоа од брегот на Црвеното Море, додека Иран изврши напади со беспилотни летала врз американските воени бази во Бахреин.

Саудиската воена кампања против Хутите во Јемен претрпе голем пораз откако јеменските сили поддржани од Ријад, кои се борат на страната на меѓународно признатата влада, се повлекоа од областа околу теснецот Баб ел-Мандеб за да ја зајакнат одбраната на Аден, привременото седиште на владата на југот од земјата.

Ирански напади

Објавата означува очигледен крај на шестнеделната владина контраофанзива насочена кон потиснување на Хутите од устието на Црвеното Море и обезбедување на витална рута за испорака на нафта.

Во меѓувреме, иранските напади врз Бахреин, дом на Петтата флота на американската морнарица во Персискиот Залив, веројатно дополнително ќе го зголемат притисокот врз американскиот претседател Доналд Трамп да ја реши војната што започна пред девет месеци.

Трамп во последните денови изјави дека може да се воздржи од напад врз Иран освен ако САД не се соочат со нови провокации од Техеран или од Хутите во Јемен, иако ќе ја задржи американската поморска блокада на Иран, објави Ројтерс во саботата.

Откако непопуларната војна придонесе за поразот на републиканците на среднорочните избори за Конгресот, Трамп почна да ја намалува важноста на постигнувањето дипломатско решение. Војната меѓу САД и Иран се смири по раната фаза, но со застојот на дипломатијата, изгледите за итно решавање на поширокиот конфликт или војната во Јемен се мали.

Напредок на Хутите

Повлекувањето на јеменските владини сили од областа Баб ел-Мандеб, преземено за зајакнување на одбраната на Аден, би можело да отвори простор за Хутите понатаму да напредуваат кон тој град, кој е седиште на меѓународно признатата влада откако ја протераа од главниот град Сана пред повеќе од десет години, истакнува Ројтерс.

„Јужните вооружени сили објавија спроведување на операција за прераспоредување од аеродромот Дубаб и областа Баб ел-Мандеб, западно од покраината Таиз“, објавија владините сили. „Овој чекор беше преземен за да се заштити главниот град Аден и соседните провинции како приоритет, како и да се зајакнат фронтовските линии и да се потиснат постојните закани.“

Во септември, Хутите го окупираа брегот на Црвеното Море и теснецот Баб ел-Мандеб. Офанзивата на саудиската воена кампања минатиот месец ги освои клучните позиции околу теснецот, но Хутите не беа целосно протерани од областа.

Хутите одговорија со засилување на нападите со беспилотни летала и ракети врз Саудиска Арабија, напаѓајќи ги главните аеродроми и напаѓајќи енергетски постројки, што предизвика скок на цените на глобалните пазари на нафта.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

31-годишен охриѓанец приведен поради претепување девојка

Охридската полиција приведе 31-годишен маж по пријава дека физички ја нападнал својата девојка.. 

31-годишен охриѓанец приведен поради претепување девојка

Неофицијално, девојката синоќа била брутално претепана и оставена буквално без свест на улица во Охрид, по што итно била пренесена во болница. Според информациите во неколку медиуми, двајцата прво биле заедно во ресторан, каде што започнала меѓусебна расправија. По заминувањето од таму, насилството продолжило во автомобил, од каде што наводно насилникот ја исфрлил во близина на маркет. Од СВР Охрид го потврдуваат инцидентот, но без да наведат повеќе детали. Од таму само потврдија дека е приведен 31-годишниот Х.К од Охрид.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фронтекс: Речиси 110.000 мигранти влегле нелегално во ЕУ оваа година

Нелегалните преминувања во Европската Унија се намалија за 29 проценти во првите 10 месеци од 2026 година, во споредба со истиот период минатата година, објави европската гранична агенција Фронтекс.

Фронтекс: Речиси 110.000 мигранти влегле нелегално во ЕУ оваа година

Агенцијата со седиште во Варшава регистрираше речиси 110.000 гранични преминувања во тој период.

Бројките се намалија на речиси сите миграциски рути, намалување што комесарот за миграција на Европската Унија, Магнус Брунер, го припиша на посилната меѓународна соработка.

Паѓање на бројките

„Намалувањето на нелегалната имиграција во Европската Унија е резултат на континуирана работа и поголема стабилност во клучните региони“, изјави Брунер за германските медиуми претходно оваа недела. „Зад ова стојат реформи, меѓународни договори и заеднички мерки со нашите партнерски земји по должината на миграциските рути.“

Најостар пад е забележан на централната медитеранска рута помеѓу Северна Африка и Италија. Најголем број нелегални влегувања во ЕУ, речиси 60 проценти, се случуваат во источниот Медитеран. Сепак, бројките се намалуваат и таму, за околу 12 проценти.

Спротивен тренд е забележан во западниот Медитеран, каде што има зголемување од 21 процент во споредба со 2025 година. Промените беа особено изразени на западноафриканската рута долж атлантскиот брег до шпанските Канарски Острови.

Изгубени животи во Медитеранот

На оваа рута, нелегалните преминувања се намалија за 13 проценти во истиот период, но вкупниот пад го прикриваше наглото зголемување во октомври, кога преминувањата беа четири пати повисоки од оние регистрирани во октомври 2025 година.

Обидите да се стигне до Европа со небезбедни чамци честопати завршуваат трагично. Според Меѓународната организација за миграција (ИОМ), повеќе од 2.000 луѓе ги загубиле животите во Средоземното Море само оваа година.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер