СветАун: Одлучив да преговарам со Израел за да го спасам ЛибанЛибанскиот претседател Жозеф Аун изјави дека одлучил да преговара со Израел за да го спаси Либан.- Либан се соочува со два избора – продолжување на војната со сите хуманитарни, економски и политички последици или преговори кои ви довеле до завршување на судирот и воспоставување на стабилност. Избрав преговори и се надевам дека ќе успееме да го спасиме Либан - посочи Аун. Тој посочи дека целта на разговорите со Либан е завршување на непријателствата, повлекување на израелските сили и распоредување на либанската армија долж меѓународно признаената граница помеѓу двете држави. Аун потенцираше дека разговорите помеѓу Либан и Израел се одвоени од другите дипломатски процеси, вклучително и преговорите помеѓу САД и Иран. На 17 април постигнат е договор за прекин на огнот помеѓу Израел и Хезболах. Но, израелската армија денеска повторно издаде предупредување до Либанците да не се враќаат во десетици села во јужниот дел на земјата бидејќи Хезболах продолжува да го крши договорот за прекин на огнот.Тагови: Аун Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија Николоски ќе оствари работна посета во општина ТетовоДенес заменик претседателот на Владата и министер за транспрот, Александар Николоски ќе оствари работна посета во општина Тетово.Притоа ќе изврши увид во реконструираната улица "Штипска". Предвидено е министерот да даде изјава за медиумите.Тагови: Александар Николоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСо поглед во таван- почна судењето на обвинетиот за убиството на 4 жени во кумановско15:00Серискиот убиец од Старо Нагоричане не призна вина 12:27Видео: Започна судењето за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане10:54Средба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10Средба Кос – Мицкоски во Владата15:14
Средба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10
МакедонијаКривична пријава за полициски службеник: Испукал повеќе истрели од огнено оружје (ВИДЕО)Кривична пријава за полициски службеник за сторено кривично дело ,,предизвикување општа опасност“.Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција-специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворска полиција поднесе кривична пријава против З.Р. полициски службеник од Полициска станица за граничен надзор Чашка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,предизвикување општа опасност“ по член 288 став 3 од Кривичниот законик. Имено на 22.05.2026 пријавениот полициски службеник во дворот на неговата семејна куќа, за време на семејна прослава, во присуство на поголем број гости испукал повеќе истрели од огнено оружје со што предизвикал опасност за животот и телото на присутните. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди против З.Р. ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжителни мерки како и отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка–суспензија. Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоДенес сончево со мала облачностВремето денес ќе биде сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 34 степени. Во Скопје, сончево време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 34 степени. Во сабота времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност со слаб до умерен ветер од променлив правец. Во недела ќе има услови за нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северозападен правец. Од понеделник следува период на претежно стабилно и топло време.Тагови: сончево Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter