МакедонијаАукција на уметнички дела од хуманитарната изложба за настраданите во пожарот во Кочани Одличен интерес покажаа учесниците на аукцијата на уметнички дела од хуманитарната изложба за настраданите во „Пулс“, што се одржа синоќа во ЦК „Бели мугри“ во Кочани.По едноминутниот молк како почит за загинатите во пожарот, на аукцијата што ја водеше актерот Благој Веселинов, беа претставени шеесетина уметнички дел од над 140 што се најдоа на изложбата. На настанот на кој присуствуваше претседателката Гордана Сиљановска Давкова, како и стопанственици, политичари, градоначалници, уметници и граѓани, беше нагласено дека целта е да им се помогне на сите кои се засегнати од трагедијата, за полесно да ги надминат последиците. - Добро ќе беше никогаш да не се собереме за да прибираме финансиски средства и да помагаме на ваков начин. Уметноста и сликарството да нѐ споеја на поинаков начин, но секоја подадена рака во овој хуман настан за нас значи многу. Благодарение на сите, на учениците од Школата за цртање и сликање и на волонтерите кои се вклучија во организацијата, настанот дојде до степен на сериозност и ова е само почеток на еден пат за собирање средства што долгорочно ќе им се потребни на сите засегнати од овој пожар, истакна Александра Димитрова, раководителка на Школата за цртање и сликање прио ЦК „Бели мугри“. Аукцијата помина успешно и најголем дел од понудените уметнички дела дoбија нови сопственици и се продадоа по повеќекратно наддавање, при што за дел од нив беа понудени и по неколку десетини илјади денари. Највисок износ од 300 илјади денари беше постигнат за ликовно дело на уметникот Михаил Корубин. Димитрова нагласи дека делата што не се продадоа на аукцијата, во соработка со SupportKocani, ќе бидат објавени во дигитална форма и ќе се понудат на електронска аукција, за да можат да учествуваат и наши граѓани од дијаспората, кои исто така покажале интерес да помогнат на овој начин.Тагови: кочани Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
СветЛибија бара украинскиот претседател Зеленски да биде ставен на листата на терористи?Зеленски на листата на терористи? Членот на Претседателскиот совет на Либија, Муса ал-Кони, оцени дека нападот врз пристаништето во Бенгази претставува „објава на војна против либиската држава“. Тој побара итна седница на Советот за безбедност на ОН, како и ставање на украинскиот претседател Володимир Зеленски на листата на терористи. Ал-Кони во изјава, пренесена од либискиот портал „Ал-Васат“, наведе дека Бенгази бил изложен на „отворена воена агресија“. Според него, цел на нападот биле морското пристаниште и неговите клучни објекти, при што е причинета материјална штета, а има и повредени цивили. Тој смета дека станува збор за директен напад врз суверенитетот, безбедноста и стабилноста на Либија. „Ја сметаме украинската страна за целосно одговорна за овие терористички акти, за кои украинскиот претседател Володимир Зеленски презеде одговорност, ги најави и се фалеше со нив“, изјави Ал-Кони. Зеленски претходно објави дека украински поморски дронови ја потопиле руската корвета „Меркур“ кај брегот на Либија и го погодиле рускиот товарен брод „МВ Ангара“, кој, според него, се користел за транспорт на оружје. Ал-Кони ги предупреди украинските власти да не ја претвораат Либија во арена за меѓусебни пресметки. Тој, исто така, најави покренување правни и дипломатски иницијативи на регионално и меѓународно ниво, вклучително и обраќање до Меѓународниот суд на правдата, Советот за безбедност на ОН и други организации. Тој побара од Советот за безбедност на ОН итно да свика седница, да го стави Зеленски на листата на терористи и да преземе итни мерки за запирање на, како што наведе, нападите. Тој ги повика Обединетите нации и меѓународните организации да спроведат сериозна и транспарентна меѓународна истрага, да ги идентификуваат одговорните и да ги заштитат цивилите и клучните објекти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСообраќај по претежно суви коловози, магла кај Попова ШапкаСообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ).Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата. Известување: Намалена видливост поради појава на магла од 50 до 60 метри има на патниот правец село Лисец-Попова Шапка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
СветНвидија го врати Јенсен Хуанг на челото на компанијата, акциите скокнаа за 31 отстоГлавните берзи во Азија скокнаа откако NVIDIA го врати Јенсен Хуанг на чело на компанијата. Неговото враќање се смета за добредојдена вест за голем дел од технолошката индустрија .Американскиот претседател Доналд Трамп се пофали дека дека „го склучил договорот“. Додавајќи дека разговарал со одборот на NVIDIA и „директно и индиректно“ за Хуанг. Поради ова Трамп се соочува со реакција од пратениците поради неговата улога во Одлуката - токму кога Хуанг треба да сведочи пред конгресот следната недела.видеата од враќањето на Хуанг во NVIDIA се објавени на интернет, на кои се гледа како воодушевена толпа во седиштето на NVIDIA го пречекува додека тој вели: „Ви благодарам на сите за втората шанса“.. Хуанг се повлече претходно овој месец, откако призна афера со жена за која се тврдеше дека е кинески шпион - тој беше обвинет и за уште една афера со извршната директорка на „Нвидија“. Трамп - кој се залагаше за враќање на Хуанг - го нарекува „голем патриот“ и вели дека американската влада „нема причина да верува“ дека неговото враќање претставува ризик за националната безбедност.Неговото враќање позитивно се одрази врз берзите и го прекина еднонеделниот пад на американските акции.Акциите на Нвидија пораснаа за 31 отсто, со што пазарната вредност на компанијата се зголеми за речиси еден билион долари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски во Атина: Герапетритис ја пофали Македонија за значителен напредок во повеќе области15:15Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина11:30Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина09:28Од воена вежба до спасувачка мисија: Припадници на армиските Волци спасија планинар 15:00Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28