АвтомобилизамАуди вложува 14 милијарди евра за развој на автономни и електрични автомобили (ВИДЕО)Ауди најави дополнително вложување од 14 милијарди евра во електрични и автомобили со самостојно управување , со тоа што полека ќе ги напушти традиционалните бензински и дизел погони.Сумата од 14 милијарди евра се планира да се инвестира од 2019 до 2023 година . Со планот се предвидува купување земјиште , изградба на нови погони , како и трошоци за истражувања и развојна технологија. Во наредните пет години , покрај овие 14 милијарди , трошоците на компанијата ќе изнесуваат вкупно 40 милијарди евра. Во тек е спртоведувањето на планот на реструктуирање на компанијата со кој само годинава биле заштедени милијарда евра. ,, До 2025 Ауди ќе понуди околу 20 електрични модели , од кои половината ќе имаат исклучиво електричен погон.” , наведуваат од компанијата , од каде најавуваат и дека новите модели на брендовите VW и Porsche исто така планираат воведување возила на електричен погон.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16Македонија одбележува 35 години независност 08:0926-годишник убиен во скопски Чаир – двајца напаѓачи пукале од моторцикл и побегнале15:00Убиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале11:00Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18
Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18
МакедонијаЗа некои професии нема одмор – како го поминуваат празничниот ден пожарникарите и лекарите?За некои професии нема празници. Додека Македонија празнува, има професии кои секогаш се на терен, меѓу нив се докторите, полицијата но и пожарникарите кои секогаш се на готовс без разлика на тоа што станува збор за празник. Нема празник ниту за вработените во дирекцијата за заштита и спасување – иако денеска информациите оттаму се дека алармантни пожари нема, сепак мобилни екипи на дирекцијата и пожарникари се на терен во месноста Рамно на скопска Црна Гора, каде се уште има активен пожар кој не претставува закана за околните села и објекти. Првиот човек на ДЗС, Стојанче Ангелов вели дека работата за големи државни празници не е ништо ново за него и вработените – вели дека тие се секогаш подгототвени, но алармира и дека граѓаните треба да бидат одговорни, посебно доколку се одлучат да го поминат празникот на отворено. – Во суштина сите коишто се наоѓаме во вакви безбедносни области повеќе сме ангажирани во неработни денови – без разлика дали е викенд, празник или неработен ден бидејќи тогаш постои поголема раздвиженост на луѓето. Исто како денес на овој голем ден кога многумина со своите автомобили, се обидуваат да ги посетат своите блиски. Некои можеби ќе заминат во природа кршејќи притоа неколку основни закони, особено значајни за нас како на пример правење на скара. Затоа и ние сме посебно внимателни во текот на неработните денови и ја немаме таа привилегија како другите граѓани за време на неработен ден викенд или празник да бидеме слободни. Во првите редови кога народот празнува или слави секогаш се и докторите – па така итната медицинска помош во Скопје и денеска ќе има свои дежурни екипи активни во текот на целото деноноќие. – Секако дека е предизвик, иако е ден за одмор, меѓутоа, сепак, за тимовите и за службата за итна медицинска помош ова не важи, така да, ние сме секогаш спремни за одговор на сите овие вакви предизвици. Денеска располагаме со шест екипи во редовните тимови меѓутоа секако она што остава одбележје на денот е вечерашниот настан, а претходно секако дека имаме и медицински обезбедувања и пред платото на Владата.. За вечерашниот концерт на националната арена Тодор Проески по повод прославата на независноста предвиден е и посебен сообраќаен режим, што значи дека екипи на МВР ќе бидат активни во централното подрачје на главниот град во текот на целата вечер. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста15:16Македонија одбележува 35 години независност 08:0926-годишник убиен во скопски Чаир – двајца напаѓачи пукале од моторцикл и побегнале15:00Убиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале11:00Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18
Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18
МакедонијаРетроспектива на 35 години независна македонска државаНазависноста не беше случајна. Таа е производ на многу жртви, страдања и премрежија. Сепак, и во овие 35 години имаше победи, порази, но и драматично случувања .Од референдумското „за“ под слоганот „Гласам за Македонија“, преку мирното осамостојување и тешката битка за меѓународно признавање, до приемот во Обединетите нации, конфликтот од 2001 година, Охридскиот рамковен договор, спорот за името, Договорот со Бугарија и Преспанскиот договор – патот на македонската самостојност беше исполнет со историски пресврти, политички кризи, тешки компромиси и постојана борба за стабилност и меѓународна афирмација. По 35 години независност, македонската државност не започнува со референдумот во 1991 година, туку е продолжение на повеќедецениската борба за национална и политичка самостојност на Македонците и другите граѓани на оваа земја објаснува долгогодишниот новинар Александар Чомовски. -Македонската независност не падна од небо. Има јасен сигнал дека АСНОМ-ска Македонија го разви чуството кај нејзините граѓани дека можат да управуваат со една своја суверена држава. Она што мислам дека во подготовките и во создавањето на амбиентот, имаше прилична разноличност меѓу потенцијата на населението за своја самостојност, без оглед на стравовите и храброста и одважноста на тогашната политичка елита побрзо и поенергчно да се разделими и да формираме своја држава – вели тој. Тој вели дека во годините што следуваа и сите политички и безбедносни премрежја, Охридскиот рамковен договор, претставува своевиден „четврти АСНОМ“ кој политички ја стабилизираше државата, и ги зацврсти нејзините темели за долгорочна стабилност и опстојување. -Македонија со сите премрежја успеа да се стабилизира како независна држава. Имавме огромни потенцијали во нејзиниот мултиетнички карактер, мултикултурен и професионален амбиент што не сум сигурен дека успеавме да го валволизираме во еворпската агенда на државата – оценува Чомовски. Но, независноста не беше мирен и стабилен процес. Спорот со Грција околу името „Македонија“ стана сериозна пречка во процесот на меѓународна интеграција. И покрај тоа, на 8 април 1993 година Македонија со акламација во Генералното собрание на ОН беше примена за 181. полноправна членка на Светската организација. Сепак, поради противењето на Атина, која не го прифаќаше нашето уставно име, зачленувањето во ООН беше направено со привремената референца – Поранешна Југословенска Република Македонија се потсетува долгогодишниот надворешно политички коментатор Љубомир Гајдов. -Тој 8 ми април е мојот најзначен ден во новинарската кариера. Затоа што на тој ден Македонија стана членка на ОН. Тоа што тогашната опозиција ВМРО-ДПМНЕ се бунеше како може Глигоров да прифати такво сакато име. Јас им реков дека ние како членка на ОН сме веќе дел на големата светска заедница, не сме анономна непризната држава под влијане на грчкото лоби во Америка. Меѓутоа кога 140 земји од светот не признаа под уставно име на чело со големата тројка Америка, Русија и Кина јас ги прашав моите пријатели од ВМРО –ДПМНЕ кој ќе не признаеше како независна држава под уставно име ако не бевме членки на ОН - се потсетува Гајдов. Евроатлантската интеграција уште од независноста беше една од стратешките цели на државата. По долгогодишниот наметнат спор со Грција, во 2018 година беше потпишан Преспанскиот договор, по што Македонија го промени уставното и направи досега невидена отстапка за нашето членството во НАТО. За аналитичарот Петар Арсовски, периодот по 2006 година во земјава главно ги одбележуваа нашите напори за евроатлантските интеграции, домашните политички проблеми, но и меѓународната поддршка за наше членство во ЕУ. -Најголемата по мене победа е членстовото во НАТО и отворањето на преговорите па дури тоа ако е условено. А најголемиот пораз е што во меѓувреме многу луѓе се иселија. Не гледајќи прерспектива во оваа држава. Не успеавме да направиме функционални институции во кои ќе кажеме не ни се потребни евроатланските ингеграции бидејќи можеме и сами. И на крајот оваа блокада на евроатланскиот пат, односно постојанта ерозија на довербата во ЕУ во домашнот систем итн – заклучува Арсовски. По 35 години независност, пред Македонија остануваат старите, но и нови предизвици – европската интеграција, владеењето на правото, борбата со корупцијата и сè поголемото иселување на младите. Пораката од државниот врв е дека независноста не е завршена работа, туку обврска на секоја генерација да ја надградува државата. А следниот голем тест е дали Македонија ќе успее да изгради европска иднина во која младите ќе остануваат, наместо да ја бараат надвор од нејзините граници. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМакедонија го слави 8-ми Септември, Денот на независностаНа денешен пред 35 години конечно се оствари вековниот сон на македонскиот народ да има своја сопствена, суверена и назавис на држава – Македонија. Уште рано утринава со низа свечености се одбележува големиот празник. Афродита Рамос ги следи настаните... Афродита, ти уште од 8 изутрина си на терен, сега си пред платото на Владата, како тече одбележувањето? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook