Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада
2Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада
3 Јованка Тренчевска, Тони Јаревски, Халил Снопче и Мирослав Лабудовиќ во „Само вистини со Видиновски“
3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
АвтомобилизамАуди се прости од својот најатрактивен модел (ВИДЕО)Воведен е уште во 2006 година.Во планот за електрификација нема место за секого, а кога станува збор за Audi, еден од првите што стана „технолошки вишок“ е R8, кој досега има видено две верзии. Ова е и покрај фактот што овој модел беше првиот што беше понуден во електрична верзија. R8 беше замислен во 2003 година, кога беше претставен суперспортскиот концепт на Audi. Првите примероци пристигнаа на патиштата три години подоцна, а како што е познато, Френк Либерти му даде на автомобилот доволно оригинален дизајн што малкумина ја видоа врската со технолошки поврзаното Lamborghini Gallardo. Првично се нудеше со 4.2 V8 мотор од 420 КС, а по неколку години доби верзија 5.2 V10 која остана активна до денес. Во меѓувреме автомобилот доби Spyder верзија, неколку специјални верзии. Создадени се неколку оригинални верзии, како што е концептот R8 со V12 TDI мотор, но и верзијата e-tron со електричен погон. Сериската верзија на електричниот R8 ја користеше основата на Huracan, исто како моделот од втората генерација претставен во 2015 година. И овде Audi си поигра со неколку специјални верзии, а доби и верзија со погон на задните тркала. Еволуцијата на моделот ја зголеми моќноста на 610 КС и 560 Nm, односно 620 КС и 580 Nm по редизајнот. Audi сега реши да се збогува со актуелната генерација и да нѐ остави да фантазираме за нов R кој нема да има исклучиво електричен погон. „Последниот круг“ носи низа прекрасни примероци со лични приказни на нивните сопственици. Додека го гледате видеото, знајте дека со овој модел Audi ќе го повлече V10 моторот, но најверојатно не и името. R8 би требало да добие и трета генерација, најверојатно достапна исклучиво со електричен мотор. И ова и покрај фактот што замената за Huracan најверојатно ќе има хибриден погон со V8 твин турбо бензински мотор. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоДенес променливо облачно со повремени локални врнежиВремето денес ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (над 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени. Во Скопје, променливо облачно, претпладне ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 16 степени. Од вторник ќе преовладува променливо облачно и претежно стабилно време. Ќе дува слаб до умерен, а во понеделник и во вторник наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Во петок и за време на викендот ќе има услови за врнежи од дожд.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканВучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска владаПоразот синоќа го призна и самиот Вучиќ, кој за тоа ги обвини европските земји и како што рече, длабоката американска држава.Студентската изборна листа „Студентите победуваат“ синоќа прогласи победа на предвремените парламентарни избори во Србија, откако првите процени на ЦЕСИД и ИПСОС покажаа дека освоила околу 52 проценти од гласовите и дека би можела да обезбеди самостојно мнозинство во народното собрание. Според проекциите, студентската листа би освоила приближно 138 пратенички мандати, додека листата на александар Вучиќ околу 104. За парламентарно мнозинство во Србија се потребни најмалку 126 од вкупно 250 пратеници. Поразот синоќа го призна и самиот Вучиќ, кој за тоа ги обвини европските земји и како што рече, длабоката американска држава.Тагови: Србија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ХороскопДневен хороскоп за 26. октомври 2026 годинаДневен хороскоп за понеделник, 26. октомври 2026 година. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Ќе покажете слабост кон пријателите , поради кои ќе потрошите некој денар повеќе. Нека не ви биде жал , па дури и ако ви приговори партнерот. Кариера Изгледа како сега се да ви е целосно јасно. Веќе нема никакви двоумења околу нешто што долго време сте го истражувале. Здравје и совет Почитувајте ги другите. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Денеска ќе бидете расположени за ги минувате заедничките моменти со партнерот во топлината на домот. Само малкумина ќер излезат , но набргу ќе се вратат дома. Кариера На дневен ред ќе ви дојдат мал број заостанати работи. Се чини како лесна задача, но сепак ќе мора да одвоите дел од денот за да ја одработите. Здравје и совет Бидете поодговорни. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Ќе чувствувате како овој ден е добар за забави , а се знае што оди со тоа. Многу лица од спротивнуиот пол. Кариера Ќе се трудите да воведете новини или млади лица во работата . Во целиот тој процес ќе се покаже дека сте духовити. Здравје и совет Бидете она што сте. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ќе се досетите како да ја надминете дистанцата во односот со саканата личност . Најверојатно ќе се нафрлите заедно на некоја работа. Кариера Денеска ќе бидете ангажирани со деловна кореспонденција , во која ќе бидете духовити и многу љубезни. Здравје и совет Искажете го она што другите ги интересира. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Денот е идеален за опуштена дружба со кафе. Одете и подружете се со пријатни луѓе или со саканата личност. Кариера Деловно патување или мала посета би можекла да резултира со оригинален план. Не се сомневајте во сопствените идеи , одлични се. Здравје и совет Изразете се. Овен 21.3-20.4. Љубов Ќе имате убави идеи и позитивен став , со што ќе придонесете кон подобрување на односите меѓу вас и партнерот. Кариера Искористете ги погодностите што ви се нудат и покажњете што знаете. Немојте да бидете пасивни. Здравје и совет Нема другите ништо да одработат наместо вас. Бик 21.4- 20.5. Љубов Тешко денеска ќе се ставите во положба на другата страна. Ќе се чувствувате фрустрирано , зашто ќе недостига разбирање. Кариера Секој ваш потег се мери исто како и на другите на работното место. Затоа немојте да мислите дека можете нешто да скриете. Здравје и совет Поработете на својот карактер. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Најдобро ќе биде доколку денеска се смирите и се повлечете на осамено место , подалеку од љубовните акции. Кариера Вашите деловни предлози можеби нема да наидат на одобрување, но тоа не значи дека не можете да ги зачувате и да ги понудите во вистинско време. Здравје и совет Бидете нежни. Рак 22.6-22.7. Љубов Заедно со саканата личност денеска ќе ги поместувате сите граници. Толеранцијата и почитувањето ќе бидат на задоволително ниво. Кариера Веројатни се деловни контакти со партнери од странство. Добро ќе се снајдете во деловните предлози. Здравје и совет Покажете се. Лав 23.7-22.8. Љубов Иако вербално нема да знаете да ги искажете сопствените чувства , партнерот ќе ве разбере. Ќе чита меѓу редови. Уште еден убав ден. Кариера Нервозата што ви се јавува когга ќе помислите на работата и соработниците , потекнува од вашето минато. Сега нема причина за нервоза. Здравје и совет Верувајте во себе. Девица 23.8.-23.9. Љубов Дека љубовта е во малите работи и секаде околу вас , ќе се уверите денеска. Не е потребна никаква сензација. Кариера На работа ќе се чувствувате како да скитате низ магливо утро. Држете се за сигурна потпора , а тоа се колегите околу вас. Здравје и совет Кашлица или вироза. Вага 24.9.-23.10 Љубов Некои ќе се впуштат во флерт на работното место. Ќе им биде забавно , но не и сосема јасно што всушност работат и очекуваат. Кариера Вашите надредени денеска ќе ве збунуваат , зашто ќе се покаже дека не знаат што сакаат. Држете се до проверените методи. Здравје и совет Постојано нешто очекувате. Опуштете се.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter