Ауди признава: Премногу екрани го уништуваат искуството со автомобилот - Канал 5

Ауди признава: Премногу екрани го уништуваат искуството со автомобилот

Шефот за дизајн на Ауди отворено ја критикуваше опсесијата со големи екрани во модерните автомобили, нарекувајќи го трендот „технологија заради технологија“.

Ауди признава: Премногу екрани го уништуваат искуството со автомобилот

За разлика од Мерцедес, кој сè уште промовира дигитални кокпити со огромни дисплеи, Ауди најавува враќање кон квалитетни материјали, тактилни контроли и препознатливо чувство за изработка што некогаш ги красело неговите кабини.

Екраните ги преплавија ентериерите од повеќе причини - од намалување на трошоците до прилагодување на кинескиот пазар, каде што купувачите претпочитаат „паметни кокпити“ слични на паметни телефони.

Сепак, таков глобален пристап доведе до тоа европските возачи да останат без класични копчиња, поради што Фолксваген веќе делумно се враќа на физичките контроли.

Ауди, исто така, отиде предалеку во дигитализацијата во последниве години, со повеќе екрани, па дури и дополнителен дисплеј за патникот.

Сепак, главниот креативен директор Масимо Фрачела вели дека големите екрани не се нужно најдобро решение и дека идните модели треба да понудат рамнотежа помеѓу дигиталните и аналогните.

Концептот „C“ најавува нова насока: помал централен дисплеј од 10,4 инчи што може да се скрие во контролната табла, повеќе висококвалитетни материјали, метали и акцент на познатиот „клик на Ауди“ - чувство на прецизност и цврстина во секое копче.

Целта не е да се исфрли технологијата, туку паметно и премиум да се интегрира во ентериерот.

Додека Ауди планира да ја намали доминацијата на екраните во идните генерации, Мерцедес има спротивно мислење.

Нивниот дизајнерски тим верува дека големите екрани се неопходни за модерно искуство, па дури и го критикува новиот концепт на Ауди како премногу конзервативен.

Првите вистински ефекти од филозофијата на Фрасела се очекуваат со нов електричен спортски модел, кој ќе пристигне во 2027 година, додека претстојните „Q7“ и новиот „Q9“ сепак ќе го следат сегашниот дизајнерски пристап.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма: Авион исчезна над океанот

Според неофицијални информации, авион од типот „ Gulfstream G100# со шест лица во него – кој летал од Бермудски Острови кон Бостон – се урнал во Атлантскиот Океан.

Драма: Авион исчезна над океанот

Авионот изгубил контакт за време на летот, по што започнала потрага по леталото и лицата во него.

Врз основа на моментално достапните информации, авионот исчезнал рано утринава, а потрагата е насочена кон областа во близина на брегот на Нантакет, Масачусетс.

Американската крајбрежна стража потврди дека во потрагата се вклучени воздушни и поморски единици, пренесува британскиот таблоид „The Sun“.

Засега нема официјална потврда дека авионот навистина се урнал, ниту пак се познати околностите на наводната несреќа.

Надлежните служби ја продолжуваат потрагата, а дополнителни информации се очекуваат штом ќе бидат познати резултатите од операцијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маскиран демонстрант запалил лице на жена, протетсите во Франција надвор од контрола

Протестите на средношколците од посиромашните предградија на Париз ја зафатија целата земја. Десетици илјади ученици и нивни поддржувачи излегоа на улиците во Франција и се чини излегоа од контрола.

Маскиран демонстрант запалил лице на жена, протетсите во Франција надвор од контрола

Како што јавија дел од медиумите маскиран тинејџер во Марсеј бил приведен откако се обидел со спреј и запалка да запали лице на жена.

Причината за протестите е поради лошата состојба на училиштата, преполните училници и недостигот на наставен кадар, а особено е лоша состојбата во посиромашните населби, тврдат демоинстрантите

Неделава на протестите учествуваа ученици од над 1000 средни училишта, а за време на немирите беа уапсени повеќе од 5000 лица, но имаше и сериозно повредени демонстранти, еден ученик бил повреден од гумен куршум

Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез повика на враќање на редот.

Протестите започнаа во предградијата на Париз, каде што нивото на сиромаштија е високо, а потоа се проширија во самиот Париз и други француски градови, вклучувајќи ги Марсеј, Стразбур, Тур и Лил.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АКТО завршува во недела со „Бистро на еден ден" во дворот на Железничката зграда

Со настанот „Бистро на еден ден", утре, 4 октомври, се затвора 21. издание на фестивалот АКТО. 

АКТО завршува во недела со „Бистро на еден ден" во дворот на Железничката зграда

Во периодот од 12 до 16 часот, во дворот на Железничката зграда (ул. Борка Талески бр.26, Скопје) ќе се одржи интервенција во јавен простор, едукативна програма за деца, музичка програма и перформативно готвење во живо.

Настанот БИСТРО НА ЕДЕН ДЕН претставува еден од серијата јавни настани/интервенции, развиени во рамките на едукативната платформа ,,Градот како сцена: Изведување на јавниот простор". Еден од главните фокуси во рамките на оваа платформа е активирање на просторот на киното во Железничката зграда, како потенцијален заеднички простор за пошироката заедница на граѓани.

Програмата вклучува перформативен настан „Ручаме солидарно" - готвење со колективот ХНУ перформанс и SCEN[ски] дизајн, музички настап на Хана Корнети (12:00) и винил DJ сетови на Chvare (13:00) и SHEF SHEF (15:00). За најмладите е подготвена детската ликовна работилница „Креативна игра", а дел од настанот се и креативната работилница 5 до 12, The Dude Specialty Coffee, пиварата БАК, како и издавачките куќи ИЛИ-ИЛИ и Шарла.

Влезот е слободен.

Со овој завршен настан, посветен на заедницата и јавниот простор, 21. АКТО [26] ја заокружува петдневната програма, која вклучуваше изведба на перформативен радио есеј, Лабораторија за перформативно-просторни практики, предавање на проф. Радивоје Динуловиќ и доделување на наградата ДЕНЕС 2026.

Проектот 21. АКТО фестивал за современи уметности е поддржан од Гете институт Скопје и Министерство за култура и туризам на Република Северна Македонија, како и преку проектот „Култура за развој" на Владата на Швајцарија, кој го имплементира Хартефакт Фонд.

Тимот на АКТО фестивал за современи уметности

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер