Ауди најави современо производство со помош на вештачка интелигенција - Канал 5

Ауди најави современо производство со помош на вештачка интелигенција

Германскиот премиум производител значително ја проширува употребата на вештачка интелигенција во производството, што носи заштеда од 30 проценти од времето и поголема безбедност на работниците.

Ауди најави современо производство со помош на вештачка интелигенција

Ауди објави повеќе од 100 проекти за вештачка интелигенција во развој. Германскиот бренд моментално имплементира над сто различни апликации за вештачка интелигенција во своите производствени погони, фокусирајќи се на контрола на квалитетот и генеративна вештачка интелигенција.

Три главни алатки за вештачка интелигенција

„Tender Toucan“ претставува револуција во набавките. Тоа е нова алатка за вештачка интелигенција која автоматски ги анализира понудите на добавувачите, креира листи на барања и проценува колку од нив се исполнети. Сето ова ќе резултира со заштеда од 30 проценти време за вработените кои повеќе нема да мора рачно да ја прегледуваат целата документација.

Тука е и „IRIS“, вештачка интелигенција која гледа сè. Апликацијата за вештачка интелигенција управувана од камера проверува дали техничките податоци и налепниците се правилно поставени на возилата. Заштедува една минута од времето за производство по возило, што е значајно кога се брои во илјадници произведени автомобили.

Трета корисна алатка за вештачка интелигенција е „WSD“, која ја симболизира иднината на контролата на квалитетот. Соработката со Сименс донесе систем со вештачка интелигенција кој автоматски детектира метални наслаги од заварување на долниот дел од возилото. Од летото 2025 година, роботска рака исто така автоматски ќе ги отстранува, подобрувајќи ја безбедноста на работниците кои повеќе нема да мора рачно да бараат и отстрануваат овие потенцијално опасни дефекти.

Податоците се злато

Производството на Ауди генерира стотици петабајти податоци, со илјадници гигабајти нови информации дневно. Оваа огромна количина на податоци станува основа за фабриката на иднината управувана од вештачка интелигенција. Герд Вокер, член на Дирекцијата за производство и логистика, истакнува: „Вештачката интелигенција е револуција во нашата индустрија. Создаваме производствена средина која не само што е поефикасна и поекономична, туку и ги исполнува највисоките стандарди за квалитет.“

Ауди соработува и со IPAI во Хајлброн, која ќе стане најголемата мрежа на вештачка интелигенција во Европа со кампус што се протега на 23 хектари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува судењето за екс апелацискиот судија Ѓоко Ристов, вештакот тврди дека нема контаминација на доказите

Немало контаминација при утврдувањето на ДНК анализата на биолошките траги пронајдени на алуминиумските фолии во кои биле завиткани 350.000 евра во дупка во ѕид во семејниот дом на судијата Ристов

Продолжува судењето за екс апелацискиот судија Ѓоко Ристов, вештакот тврди дека нема контаминација на доказите

Немало контаминација при утврдувањето на ДНК анализата на биолошките траги пронајдени на алуминиумските фолии во кои биле завиткани 350.000 евра во дупка во ѕид во семејниот дом на поранешен апелациски судија Ѓоко Ристов и покажува совпаѓање со ДНК-профилот на обвинетиот.

Ова денеска пред судот го истакна вештакот од МВР, Ана Лалевска, оценувајќи дека анализата е изработена согласно сите пропишани процедури и дека резултатите се веродостојни. Со ова практично и падна одбраната на обвинетите кои тврдеа дека додека се прибирале материјалните докази на вештаците им била скината ракавицата и со тоа бил контаминиран доказот, односно ДНК на Ѓоко Рисотв.

-Добиваме брисеви подигнати од друго одделение, означени со баркодови и ги ставаме на ДНК анализата и на крајот исклучиво според ДНК профилот донесуваме стручно мислење. Заклучокот кој го добесовме е дека обезбедените траги го имаат профилот на Ѓоко Ристов- изјави Ана Лалевска, вешто лице за биолошки траги вработено во МВР.

Расправата ја одбележаа и тензии меѓу обвинителката Искра Хаџи-Василева и бранителот на Ристов, Звонко Давидовиќ, поради честите приговори, по што судот ги предупреди дека ќе бидат отстранети од судницата доколку продолжат со меѓусебните расправии.

Самото повикување на вештаците по наша оценка беше безпретметно бидејќи не добивме нови факти. Се што е нотирано во однос на овој доказ е нотирано во писмените извештаи кои овие вешти лица ги прават – изјави Хаџи-Василева.

Одбраната пак, уште еднаш го оспори начинот на прибирањето, чувањето и вештачењето на доказите посочувајќи дека дополнително е спорно што се анализирани парчиња од алуминиумска фолија, а не самите пари, што како што истакна одбраната можно е да имало контаминација од трето лице на доказите.

Вештакот може да каже дека не е компромитирано, ама во својот исказ кажа дека не знае каде е чувано. Сведоци сте. Не знае како е транспартирано и не знае начинот како е земен брисот, он работел само на брисот. Тоа покажува дека неговиот одговор и не е многу валиден – изјави адвокатот Давидовиќ.

Ѓоко Ристов е обвинет за перење пари и прикривање имот, откако при претрес во семејната куќа во Неготино биле пронајдени 350.000 евра скриени зад кујнски плочки.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ОЈО: Син осомничен за убиство на татко во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство според член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.

ОЈО: Син осомничен за убиство на татко во Скопје

Осомничениот 30 – годишник, на 12 јули, со умисла го лишил од живот својот татко. Откако во домот дошло до расправија и физички напад меѓу таткото и мајката на осомничениот, синот зел нож и во дворот го нападнал таткото, нанесувајќи му повеќе од 30 убоди во вратот и градниот кош. Таткото починал на лице место.

Во текот на истражната постапка, јавниот обвинител ќе преземе повеќе дејствија со цел прецизно утврдување на мотивите за настанот, а ќе биде извршено и психијатриско вештачење на осомничениот.

Со цел негово обезбедување во текот на кривичната постапката, јавниот обвинител предложи на осомничениот да му биде определена мерка притвор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поведена постапка против три лица за врсничко насилство во Куманово, две од осомничените се малолетнички

ОЈО Куманово поведе постапка против една 18-годишна девојка.

Поведена постапка против три лица за врсничко насилство во Куманово, две од осомничените се малолетнички

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против една 18-годишна девојка, а за две малолетнички на возраст од 15 и 14 години е поднесено барање за поведување подготвителна постапка до судијата за деца при Основниот суд во Куманово, бидејќи заедно учествувале во дејствија на кривично дело – Насилство согласно член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

На 13 март годинава тие повикале девојче кое тогаш имало 13 години да излезе од дома со нив и ја убедиле да влезе во запуштена просторија во близина на спортскиот центар ” Соколана”. Таму жртвата грубо ја навредувале и физички ја нападнале, удирајќи ја по лицето и телото и ја либеле за коса. Насилството го снимале со телефон, а на нападнатото девојче му се заканиле по живот доколку каже некому за настанот.

Јавното обвинителство, веднаш по објавата на видеото на социјалните мрежи презеде дејствија за обезбедување докази, а за полнолетната осомничена достави и предлог за определување мерки на претпазливост до надлежниот суд – задолжително јавување во судот, привремено одземање на патната исправа и забрана за приближување и воспоставување контакти со жртвата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер