АвтомобилизамАуди ќе се фокусира на луксуз, а цените значително ќе скокнат Audi денес сè уште припаѓа на доменот на луксузот што е достапен. Во иднина може да стане чиста екстраваганција.Најевтиниот нов Audi денес чини околу 25.000 евра, додека поголемиот дел од гамата може да се има за петцифрени суми. Ова би можело значително да се промени во иднина, сугерираат информациите од интервјуто што шефот на Ауди во Велика Британија, Хозе Мигел Апарисио го даде за британскиот AutoExpress. Концептот Grandsphere откриен во 2021 година го најави потенцијалниот влез на идниот A8 на луксузна територија, додека Urbansphere ја отвори можноста за уште полуксузен SUV. Audi сега го прави токму тоа, барајќи да биде сфатен како полуксузен и поскап. „Го подигнуваме барот во однос на врвниот квалитет, го зголемуваме престижот, посакуваноста и перцепцијата на брендот и повеќе сме заинтересирани за квалитетот на бизнисот отколку за квантитетот“, изјави за Auto Express новиот шеф на Audi во Велика Британија, Хозе Мигел Апарисио. Апарисио е многу јасен кога најавува нови производи во доменот на поголемите модели како што се новите A6, Q6 e-tron и Q5, кои секако ќе донесат поскапувања. „Ние значително го зголемуваме нашиот фокус во однос на цената бидејќи сме поприсутни во овие сектори: расте бројот на клиенти во сегментите C и D на кои сакаме да им пристапиме“, рече тој. „Тоа значи значително зголемување на цената, а за да го направиме тоа успешно, ние навистина мораме да создадеме привлечност за брендот. Клучот за тоа е иновативноста на производот, но мораме да им понудиме и супериорно корисничко искуство. Зборуваме за еволуција, движење нагоре“, продолжи тој. Ауди е свесен дека не смее да им се заканува на Бентли и Порше, кои се на врвот на пирамидата на Фолксваген. Сепак, сè уште има простор помеѓу актуелните Audi и Bentley. Веќе бевме сведоци на ваков рецепт во случајот на некои други брендови. Во таквите примери отворени прашања се дали повисоката цена може да биде пречка за успех на пазарот, како и која марка ќе го пополни празното место на Ауди. Можеби Купра? Да потсетиме дека Audi минатата година ја заврши неславно со пад од 11,8 отсто. Со 1.671.218 продадени примероци, но со многу поскромна понуда на сегашните модели, Tesla беше пред Audi.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВидео: Нов напад врз меѓународниот аеродром „Крал Халид“ во РијадЕдно лице загина, а 11 се повредени во нов напад врз меѓународниот аеродром „Крал Халид“ во Ријад, Саудиска Арабија., пренесува Би-Би-Си.Загинатиот е државјанин на Пакистан, соопштија саудиските власти. 🔴 Exclusive footage obtained by Al Arabiya English shows Umrah pilgrims preparing to board their flights as the Houthi attack struck Riyadh’s King Khalid International Airport. https://t.co/Ws92NujHKd — Al Arabiya English (@AlArabiya_Eng) October 11, 2026 Проектил погодил една од патничките сали, по што избувнал пожар.одговорноста за нападите ја презедоа јеменските Хути.Тие соопштија дека користеле ракети и беспилотни летала. 🇺🇸🇸🇦 The FAA is now warning American airlines that flying over Saudi Arabia could be dangerous at any altitude. The warning follows Houthi strikes on Riyadh's international airport that killed 13 people and wounded more than 300. The FAA is also concerned about interference with aircraft navigation systems, and Riyadh's airport remains closed. What's particularly worrying is that Saudi Arabia's main international gateway is now facing the kind of aviation risks the kingdom has spent years trying to contain. Delta is supposed to launch direct Atlanta-Riyadh flights on October 23. That decision just became considerably more complicated. Source: Reuters / Writer: Oliver — Mario Nawfal (@MarioNawfal) October 12, 2026 Хутите тврдат дека нападнале и нафтени постројки и аеродромот во Дамам.Во претходниот напад врз аеродромот во Ријад загинаа 13 лица, а 308 беа повредени. Саудиската коалиција најави одговор на нападите. Трамп најави брза одлука за можни воени дејствија против Хутите. И Велика Британија најави можност за дополнителна поддршка на Саудиска Арабија. Македонската амбасада упати апел до македонските државјани во Саудиска Арабија да ги следат безбедносните препораки и да постапуваат според упатствата на локалните власти, дежурен телефон. +971 56 441 7532.Поради влошената безбедносна состојба, се препорачува избегнување патувања во ризичните области.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски и Николоски ќе присуствуваат на почетокот на изградба на автопатот Букојчани – Кичево09:08Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00Македонија го одбележува 11 Октомври15:16Собрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
Македонија го одбележува 11 Октомври - ден на народното востание -Мицкоски: Ни требаат победи и големи цели18:00
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
МакедонијаПочнува примената на системот „Сејф сити“ Во Охрид, Струга, Кичево и ДебарОд денеска, системот за сообраќаен надзор „Безбеден град“ започнува со работа и на подрачјето на СВР Охрид односно во Охрид, Струга, Кичево и Дебар.МВР информира дека по извршените технички проверки и финалните тестирања, камерите на системот ќе бидат ставени во функција на сообраќајниците на подрачјето на СВР Охрид. Со активирањето на системот, како што нагласуваат од министерството, ќе се овозможи засилена и континуирана сообраќајна контрола, навремено откривање на сообраќајните прекршоци, зголемување на сообраќајната дисциплина и унапредување на безбедноста на патиштата.Системот „Безбеден град“ во државата е во функција од 1 февруари годинава. Периодот на адаптација траеше два и пол месеци кога граѓаните беа известувани и контролирани за сообраќајните прекршоци, а системот беше тестиран и унапредуван. Според информациите што ги сподели министерот за внатрешни работи при неодамнешната посета на Охрид, во споредба со истиот период минатата година бројот на повредени во сообраќајни несреќи годинава е намален за 20 отсто, односно со 34 жртви помалку.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСтоле Наумов на „Кавга со Иван“Вечерва, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Столе НаумовКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook