ВМРО-ДПМНЕ: Со средствата кои Владата ги доделуваше, општина Кисела Вода гради дополнителни училници со цел да се овозможи едносменска настава
1ВМРО-ДПМНЕ: Со средствата кои Владата ги доделуваше, општина Кисела Вода гради дополнителни училници со цел да се овозможи едносменска настава
Три работи за себе кои не треба да ги откривате пред сите: Укажуваат на вашите слабости, а манипулаторите се хранат со нив
2Три работи за себе кои не треба да ги откривате пред сите: Укажуваат на вашите слабости, а манипулаторите се хранат со нив
3Јапонски метод на среќа: Седум навики на среќните луѓе што го тераат светот да им дава неверојатни можности
АвтомобилизамАуди го претстави новиот Q8По премиерата во јуни , Ауди објави и промотивен материјал за новиот крос овер Q8.Со новиот модел Q8 , Ауди почна натпревар со луксузни кросовери, каде долги години осамен беше BMW X6. Q8 има слична должина и широчина како и конзервативниот Q7 , со тоа што е малку понизок. Растојанието меѓу осовините од речиси 3 метри гарантира комотно возење на патниците на задното седиште. Тежината на празно возило во верзија со 3.0 V6 TDI мотор изнесува 2.145 kg. Агрегатот испорачува 290 ks (213 kW) и 600 Nm максимален момент на обрт. Моторот користи таканаречен ,,лесен хибриден погон “ . Системот овозможува , по потреба возилото да се движи со целосно исклучен мотор до брзина од 160 km/h и да рекуперира 12 kW сила при забавување. Од Ауди тврдат дека со овој хибриден систем може да се заштедат и 0,7 литри гориво на 100 километри. Автомобилот има погон на сите четири тркала и е опремен со менувач со осум степени. од 0 до 100 километри на час стигнува за 6,3 секунди. На почетокот на 2019 понудата ќе биде збогатена со дизел верзија на Q8, како и3.0 TFSI бензинец со 344 ks (253 kW). Производството на Q8 почнува на есен , а ќе се изработува во Словачка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Со средствата кои Владата ги доделуваше, општина Кисела Вода гради дополнителни училници со цел да се овозможи едносменска наставаИзминатава година, Општина Кисела Вода посветено работи на унапредување на условите за живот на граѓаните и реализација на проекти во повеќе области од спортот и образованието, до социјалната и детската заштита.Општина Кисела Вода работи на создавање нови можности за спорт и рекреација. Во Расадник се градат спортски сали, детски игралишта, спортски терени и рекреативни катчиња, за што се инвестирани 120.000.000 денари. Во населбата 11 Октомври -Бараки е изграденa нова спортска зона со калистеник парк и терен за одбојка на песок. Посебен фокус е ставен на модернизацијата на основните училишта. Во ООУ „Невена Георгиева -Дуња“ се градат нови дополнителни училници, а училиштето е опремено и со нова ИТ опрема. ООУ „Партенија Зографски“ доби нов современ училишен инвентар и нова ИТ опрема, со што се создаваат подобри услови за настава и работа на учениците и наставниот кадар. Во ООУ „Круме Кепески“ е реновирана спортската сала, како проект реализиран во соработка меѓу локалната и централната власт, со средства обезбедени преку повиците од унгарскиот кредит што ги обезбеди Владата. Во тек е и изградбата на шест нови училници. Во ПОУ „Круме Кепески“ во Припор е пуштена во употреба нова спортска сала наменета за учениците. Во ООУ „Кузман Јосифовски -Питу“, изградбата на новата спортска сала е во завршна фаза. Во ООУ „Рајко Жинзифов“ и ООУ „Кирил Пејчиновиќ“ се набавени нови компјутери и телевизори за учениците, а обезбедени се и нови училници со цел создавање услови за едносменска настава. За 530 првачиња од општината се обезбедени бесплатни ранци и училишен прибор, додека за основците се обезбедени бесплатни училишни униформи. Општина Кисела Вода овозможи простории за бесплатни логопедски, дефектолошки и психолошки услуги за деца од Драчево, Пинтија, Усје и Стаклара. Во соработка со Црвен крст продолжува проектот ,,Итно копче“ со што им се нуди помош на возрасните лица во општината. Сите овие активности се дел од континуираните заложби на Општина Кисела Вода за создавање подобри услови за живот, современа инфраструктура и поквалитетни услуги за сите граѓани. ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАктивни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08Македонија го слави 8-ми Септември, Денот на независноста18:19
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
МакедонијаЦените на угостителските услуги се за 3,7% повисоки во споредба со август минатата годинаПодатоците од Заводот за статистика покажуваат дека сметката во рестораните, кафеаните и објектите за сместување продолжила да расте и во август. Цените на угостителските услуги биле за 0,6% повисоки отколку во јули, а за 3,7% повисоки во споредба со август минатата година, покажуваат најновите податоци на државниот завод за статистика. Најголемото месечно поскапување е забележано кај пијалаците. Цените на алкохолните и безалкохолните пијалаци пораснале по 1,5%, односно трипати повеќе од храната, која поскапела за 0,5%. Ноќевањата во август биле поскапи за 0,4% во споредба со претходниот месец. Годишниот раст на угостителските цени од 3,7% е за 1,1 процентен поен повисок од општата годишна инфлација, која во август изнесувала 2,6%. Тоа покажува дека поскапувањето во угостителството во овој период било поизразено од просечниот раст на потрошувачките цени.Тагови: угостителски услуги Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп: До ноември нема да заврши војната со Иран Американскиот претседател Трамп изјави дека не мисли оти војната со Иран ќе заврши до изборите во ноември, додавајќи дека цените на нафтата нема да се намалат дотогаш.„Мислам дека војната ќе заврши веднаш по изборите бидејќи тие повеќе не можат да издржат“, рече Трамп за властите во Техеран, тој изјавата ја даде додека се упатуваше кон Тексас за првата конвенција на партијата.анкетите покажуваат дека Трамп се соочува со опаѓање на рејтингот и притисок од неговата Републиканска партија да ја прекине војната со Иран. Вчера , цените на нафтата се искачија на 100 долари за прв пат од јули поради зголемените борби на Блискиот Исток. Изборите ќе се одржат на 3 ноември, а републиканците се во опасност да ја изгубат контролата врз конгресот. Борбите на Блискиот Исток се интензивираа во последните денови. Американската војска соопшти дека нападнала пет танкери за нафта поврзани со Иран. Техеран, како одговор, започна напади врз два разорувачи на американската морнарица и осум танкери за нафта во Ормутскиот Теснец, еден ден претходно, Хутите во Јемен започнаа бран напади во Саудиска Арабија, предизвикувајќи пожари во нафтени постројки.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook