АвтомобилизамАуди го „пензионира“ својот најголем електричен СУВ модел (ФОТО)Помина само една година откако моделот беше подложен на последниот редизајн.Да, зборуваме за моделот Q8 e-tron, чие производство ќе биде прекинато на крајот на следниот месец. Имено, на последниот ден од февруари Audi трајно ќе престане да работи во фабриката во Брисел. Фабриката се затвора по 75 години континуирано работење, а откако Audi не успеа да најде заинтересиран купувач. Со тоа околу 3.000 вработени во фабриката ќе излезат на улица, но откако ќе се постигне договор со синдикатите. Audi не ги откри деталите од договорот, туку излезе со општа изјава во која, меѓу другото, се вели: „Покрај веќе објавениот доброволен бонус на компанијата, социјалниот план вклучува и многу дополнителни мерки за поддршка кои се отворени за сите вработени. Тие вклучуваат посебни мерки поврзани со возраста за лицата над шеесет години, услуги за коучинг и таканаречени услуги за надворешно место за вработените. " Ауди додаде дека вкупниот број треба да биде повеќе од двојно поголем од она што се бара од вработените да добијат. Да потсетиме дека Фолксваген неодамна ги објави плановите за укинување на повеќе од 35.000 работни места во Германија. Компанијата, исто така, ќе го намали производството за приближно 734.000 единици и ќе пресели дел од склопувањето во странство. Да речеме дека Audi Q8 e-tron е на пазарот од 2019 година под името e-tron. По редизајнот во 2022 година, тој беше преименуван во Q8 и беше понуден во класични и Sportback верзии. Достапни се неколку верзии во однос на моќноста на моторот (183 до 370 kW) и големината на батеријата (95-114 kWh). Цената во Германија е од 105.850 евра па нагоре.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГерасимовски: Редовна есенска дератизација во Центар, опфатени 2.000 шахтиОпштина Центар спроведува редовна есенска дератизација на целата територија на локалната самоуправа, со која се опфатени околу 2 000 шахти.Дератизацијата се спроведува со цел сузбивање на штетните глодари и спречување на ширење заразни болести, како дел од континуираните мерки за заштита на здравјето на граѓаните. „Ова е редовна дератизација што ја спроведуваме на целото подрачје на општината. Пред неколку недели реализиравме и вонредна дератизација за сузбивање на глодарите и спречување на потенцијални извори на зарази“, истакна градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. Препаратот што се користи е сертифициран и одобрен од Министерството за здравство, а наменет е за контрола на штетниците, без да претставува ризик за другите животински видови. Системската дератизацијата е дел од редовнитепревентивни активности за одржување на хигиената и заштита на јавното здравје.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСпасено мече фатено во стапица на планината ЈакупицаНа планината Јакупица во велешко спасено е мече фатено во нелегално поставена стапица. Животното го пронашле ловџии од Ловечкото друштво „Руен“ од Велес. Тие слушнале силно рикање и го забележале мечето заробено во сајла. Во близина била и неговата мајка, која го набљудувала настанот. Во акцијата учествувале инспектори, ловџии, еколози, полицајци и ветеринар. Мечето било пронајдено на локалитетот Чеплес, во близина на рибник Нежилово. Ветеринар од Скопската зоолошка градина го успал животното за да го прегледа.Стапицата била отстранета, а мечето немало видливи повреди.станува збор за мажјак стар околу три години и тежок 70 килограми.По прегледот, мечето било пуштено назад во природата.за случајот бил известен јавен обвинител од велес.Полицијата ја запленила стапицата за вештачење и поведување кривична постапка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеЗаболените од ретки болести, бараат стратегијата за лечење на пациентите Потребен е систем за лечење на заболените од ретки болести,тие бараат средба со министерот за здравство за да разговараат за стратегијата за лечење на пациентите за наредните две години.Потребен е систем за лечење на заболените од ретки болести,тие бараат средба со министерот за здравство за да разговараат за стратегијата за лечење на пациентите за наредните две години ова беше истакнато на прес-конференција и едукативен симпозиум „Мисли на ретки: препознај и упати“ на здружението на граѓани за ретки болести „живот со предизвици“ Битола, националната алијанса за ретки болести на македонија и здружението на лекари по општа,семејна медицина. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook