Ауди ги тужеше Кинезите и ја доби пресудата - Канал 5

Ауди ги тужеше Кинезите и ја доби пресудата

Audi одлучи да го тужи кинескиот бренд уште пред да пристигне на германскиот пазар.

Ауди ги тужеше Кинезите и ја доби пресудата

До неодамна изгледаше невозможно Audi да биде загрозен од кинески производител на домашниот пазар. Меѓутоа, сега работите се поинакви, а Кинезите не само што ловат врска со западните брендови, туку дури и преземаа иницијатива на многу начини.

Audi очигледно се чувствува загрозено од доаѓањето на марката Nio на германскиот пазар. Не им се допаднало што неговите производи се нарекуваат ES6 и ES8. Велат дека има премногу сличност во името со етаблираните модели на Audi, па правдата ја побарале на судот во Минхен.

И тоа функционирало, како што дознава Automobilwoche, повеќе од една година по поднесувањето на тужбата. Поточно, судот ја донесе пресудата по точно 15 месеци и пресуди во корист на Audi. Според судот, Nio ES6 и ES8 и моделите S6 и S8 на Audi звучат премногу слично. Како што велат, дополнителната буква Е не била доволна за да се разликуваат моделите, особено во однос на изговорот.

Во пресудата се посочува и употребата на буквата Е, која многумина би можеле да ја објаснат како додаток на името на моделот во однос на погонот. Во превод, Nio ES6 некои би можеле да го протолкуваат како електрифициран Audi S6.

„Постои ризик потрошувачите да претпостават дека „ES 6“ е всушност „S 6“ во електричната верзија, дека двете возила се од ист производител“, напишал меѓу другото судијата.

Од кинеската компанија велат дека не е готово и дека ќе се жалат на пресудата. Во секој случај, постои можност да платат казна од 250.000 евра, а директорот на подружницата во Германија да заврши во затвор најмногу шест месеци.

Nio нема да ги промовира моделите ES6 и ES8 во Германија до понатамошно известување. Пресудата не се однесува на моделот ES7, кој уште во октомври во Германија беше преименуван во EL7.

Во Ауди не го кријат задоволството од пресудата. „Се грижиме сеопфатно да ја заштитиме нашата интелектуална сопственост“, се вели во соопштението. „Пресудата потврдува дека спорните ознаки на модели ги прекршуваат правата на заштитните знаци на Audi. Многу од нашите модели имаат култен карактер - за нас и за нашите клиенти. Ова особено важи и за нашите спортски модели S“, соопштија од Audi.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Неверојатна тепачка во НХЛ

Натпреварот помеѓу Винипег Џетс и Флорида Пантерс понуди вистински хокеарски спектакл, но главна атракција беше жестокиот судир меѓу „тешкашите“ Тајрел Бауер и Бокондџи Имама.

Видео: Неверојатна тепачка во НХЛ

Двајцата исклучително силни играчи ги фрлија ракавиците уште на самиот почеток од првата третина, приредувајќи им на гледачите неверојатна тепачка која траеше повеќе од една минута.

Во физичката пресметка хокеарите разменија на тешки удари, овој нивни судир секако ќе биде сериозен кандидат за титулата „најдолга и највозбудлива тепачка“ во досегашниот тек од сезоната во НХЛ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хамнеи ја зголеми борбената готовност: Иран се подготвува за можен нов судир

Врховниот лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, им нареди на воените команданти да ги ажурираат своите листи со цели и да ја подобрат одбраната, со порака веднаш и ефикасно да одговорат на секоја закана.

Хамнеи ја зголеми борбената готовност: Иран се подготвува за можен нов судир

За време на состанокот со високи воени команданти, Хамнеи нагласи дека високото ниво на борбена готовност за силен одговор кон противниците е еден од клучните предуслови за постигнување максимално одвраќање.

„Доколку непријателите повторно извршат воени или терористички напади, вооружените сили на Исламската Република и иранскиот народ ќе ги одредат времето и условите за нивниот крај“, изјави Хамнеи, според иранската новинска агенција ИРНА.

Според него, ажурирањето на списокот со цели треба да овозможи различни материјални и нематеријални ресурси на Соединетите Американски Држави и Израел да бидат во дофат на иранските вооружени сили.

Хамнеи, исто така, укажал на потребата од зајакнување на воено-разузнавачката инфраструктура, подобрување на одбранбените и безбедносните капацитети преку примена на нови технологии, како и развој на домашните воени капацитети во однос на доктрината и тактиката.

Зборувајќи за состојбата во регионот, тој ја пофалил, како што се наведува, истрајноста на „фронтот на отпорот“ во различни земји, оценувајќи дека единството на неговите членови има стратешко значење за обликување на нов политички и безбедносен поредок во Западна Азија.

Пораките на Хамнеи доаѓаат во време на зголемени тензии меѓу Вашингтон и Техеран, придружени со постојани закани од страна на САД за можни нови воени напади по изборите за американскиот Конгрес на 3 ноември.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски: Околу 280.000 домаќинства во Украина останаа без струја

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека околу 200.000 домаќинства во Днипро и околните области, како и повеќе од 80.000 домаќинства во регионот на Киев, останале без електрична енергија по руските напади.

Зеленски: Околу 280.000 домаќинства во Украина останаа без струја

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека околу 200.000 домаќинства во Днипро и околните области, како и повеќе од 80.000 домаќинства во регионот на Киев, останале без електрична енергија по руските напади врз енергетската инфраструктура.

Зеленски на платформата „Икс“ (X) наведе дека во текот на ноќта руски беспилотни летала ја погодиле термоелектраната во Киев, четири електрични потстаници во Днипропетровската област и термоелектраната во Шостка. Според него, цел на нападот била и железничката инфраструктура во Днипро и Харков, како и еден дистрибутивен објект во Днипропетровската област.

Екипи за поправка работат на отстранување на последиците од нападот и на воспоставување на снабдувањето со електрична енергија, рече Зеленски. Истовремено, тој ја повика меѓународната заедница да ѝ пружи дополнителна поддршка на Украина, предупредувајќи на опасноста од понатамошно проширување на руската ескалација во Европа. Тој побара нови пакети помош за Украина и воведување дополнителни санкции против Русија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер