3Мелони предупредува на „сеење хаос“: Повеќе од 6.300 училишта во Италија добиле закани за поставени бомби
АвтомобилизамАуди ги менува имињата на своите модели- се укинуваат најевтините модели Помалку од две години откако Audi ја објави новата номенклатура во март 2023 година, германската фабрика сега повторно воведува различни ознаки.Германците сакаат појасно да ги разликуваат автомобилите со бензински мотори од електричните возила, каде што електричните модели ќе користат парни броеви, додека моделите со мотори со внатрешно согорување ќе имаат непарни броеви. Оваа номенклатура беше актуелна уште во ноември минатата година, кога беше најавена новата генерација на A7 како замена за A6. Меѓутоа, сега германската премиум марка се враќа на старата стратегија за именување возила. Audi во иднина ќе ги презентира големината и позицијата на секој модел на глобално ниво на единствен и транспарентен начин. Претходната разлика помеѓу електричните возила и моделите со мотори со внатрешно согорување одеше во сосема поинаква насока. „Оваа одлука е резултат на интензивни дискусии и желбите на нашите клиенти, како и повратни информации од нашите меѓународни дилери“, вели Марко Шуберт, член на Управниот одбор за продажба и маркетинг во AUDI AG. „Нашата номенклатура сега им обезбедува на сите клиенти ширум светот интуитивна ориентација во нашето портфолио. Имињата на нашите модели ги избираме така што тие на прв поглед ја откриваат нивната големина и позиција“. За да се разликуваат автомобилите со мотор со внатрешно согорување од целосно електричните модели, ќе биде вклучена една од следните добро познати суфикси: TFSI за бензин, TFSIe за plug-in хибриди, TDI за дизел мотори и e-Tron за електрични модели. За подобра диференцијација, Audi ќе се држи до суфиксите што означуваат тип на каросерија: Седан, Авант или Спортбек. TFSI - бензински мотори TFSIe – plug-in хибриди TDI – дизел мотори e-Tron – електрични модели Многумина сметаа дека Audi не требало да ја промени својата стара, испробана стратегија за именување. Исто така, системот за именување базиран на моќноста на погонската единица (на пример, 55 TFSI или 40 TDI) беше збунувачки. За среќа, таа нелогична двоцифрена ознака сега е минато. Кадилак имаше слична идеја, користејќи вртежен момент (Nm) наместо коњски сили, но и тоа не е добро прифатено. Првиот модел што ќе ја користи новата/стара номенклатура ќе биде следната генерација на A6. Првично требаше да се преименува во А7, но тоа нема да се случи сега. Премиерата на редизајнираниот A6 со мотори со внатрешно согорување е закажана за 4 март, додека електричната верзија ќе се вика A6 e-Tron. Се работи и на нов RS6 Avant, но има загрижувачки извештаи дека ќе го изгуби V8 моторот во корист на plug-in хибриден V6. Audi ќе продолжи да ја користи ознаката „А“ за седаните и караваните, а „Q“ за кросовери. Сепак, најмалите модели во гамата ќе бидат укинати - A1 и Q2 исчезнуваат од пазарот по завршувањето на нивниот животен циклус. Оваа нова стратегија се однесува само на идните модели, што значи дека постоечките автомобили нема да се преименуваат - новиот А5 нема повторно да стане А4. Audi првично планираше да биде целосно електрифициран до 2033 година, но сега ги преиспитува своите планови, бидејќи клиентите сè уште ги сакаат возилата со мотори со внатрешно согорување. Компанијата сега останува флексибилна и се прилагодува на трендовите на пазарот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВРЕДИ: Бараме оставка на Ахмети!Црно на бело, документите покажуваат дека министрите на ДУИ предлагале и гласале точки на седници на Владата со кои на белградската Алта Банка ѝ се овозможува деловна соработка со државата. Наместо да ги штитат интересите на граѓаните, функционерите на ДУИ отворале врати за финансиски аранжмани и партнерства со банка од Србија. Ова е само уште еден доказ за долгогодишната политичка и деловна соработка на ДУИ со структури поврзани со српските центри на моќ. По сите обиди ваквите информации да се сокријат од јавноста, фактите денес зборуваат сами за себе. Да ги потсетиме граѓаните на низата случаи кои бараат одговорност: 1. АЛТА БАНКА – ДОКУМЕНТИТЕ ГОВОРАТ! Министрите на ДУИ во Владата предлагале и поддржувале одлуки со кои се овозможувала соработка меѓу државата и Алта Банка од Белград. Јавноста има право да знае кои биле мотивите за ваквите одлуки и какви интереси стоеле зад нив. 2. ДАКА ДАВИДОВИЌ ВО ТЕТОВО! ДУИ беше дел од власта која го отвори патот за проектот на Дака Давидовиќ во Тетово. Лице кое подоцна се најде на американската листа на санкции поради сомнежи за корупција и незаконски активности. 3. МТЕЛ – СРПСКИОТ ОПЕРАТОР ВО МАКЕДОНИЈА! Во времето кога ДУИ управуваше со државата, на македонскиот пазар влезе МТЕЛ, дел од Телеком Србија. Уште еден пример за отворање на простор за српски државен капитал во државата. 4. ОТВОРЕН БАЛКАН – ПРОЕКТОТ НА ВУЧИЌ! Али Ахмети беше меѓу најгласните поддржувачи на Отворен Балкан, проект предводен од Александар Вучиќ, кој Косово континуирано го оспоруваше и го сметаше за штетен за своите интереси. 5. НЕУСПЕШНИОТ ТЕНДЕР НА ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА! Во времето кога Државната лотарија беше раководена од близок соработник на Артан Груби, тендерот за онлајн игри на среќа беше насочен кон српски и црногорски компании. Наместо транспарентност и заштита на јавниот интерес, јавноста доби уште една контроверза поврзана со бизнис интереси од соседството. 6. СРЕДБИТЕ СО СРПСКИТЕ ФУНКЦИОНЕРИ! За време на мандатот на Бујар Османи како министер за надворешни работи беа реализирани бројни средби со претставници на српските институции. Граѓаните имаат право да знаат какви договори и какви резултати произлегле од тие контакти. ПРАШАЊЕТО Е ЕДНО И ЈАСНО: КОЛКУ ДОКАЗИ СЕ ПОТРЕБНИ ЗА АЛИ АХМЕТИ ДА ПРЕЗЕМЕ ОДГОВОРНОСТ? Од Алта Банка, преку Дака Давидовиќ, МТЕЛ, Отворен Балкан и спорните тендери, се создава слика за континуирана политичка и деловна поврзаност која заслужува темелна институционална проверка и политичка одговорност. Али Ахмети треба да поднесе оставка од претседателската функција во ДУИ и да се повлече од политиката. Време е да престане да ја држи партијата и нејзината иднина како заложник на сопствените политички интереси. Ги повикуваме сите чесни членови на ДУИ, но и политичките фактори кои сè уште имаат соработка со ова раководство, да се дистанцираат од овие политики и практики. Никој не смее да биде соучесник во срамот што ѝ се нанесува на албанската политичка кауза и на иднината на државата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
КултураПремиерата на „Татко“ на Народен театар Битола со долготрајни аплаузи и силни импресииПремиерната изведба на „Татко“ од Август Стриндберг, во режија на Благој Мицевски, заврши со долготрајни аплаузи и топли реакции од публиката. Силната драмска приказна, интензивната сценска игра и емоциите што ги донесе претставата оставија впечаток кај присутните, кои по завршувањето на изведбата ја напуштија салата понесени од своите импресии. Премиерата на 10.ноември беше дел од официјалната програма на Општина Битола по повод одбележувањето на 4 Ноември – Денот на ослободувањето на градот Битола. Со оваа премиерна изведба, театарот даде свој придонес кон одбележувањето на еден од најзначајните датуми во историјата на градот. Освен режијата, Мицевски стои и зад сценографијата и костимите. Во претставата играат: Петар Горко, Катерина Аневска-Дранговска, Сандра Грибовска Илиевска, Никола Пројчевски, Живко Борисовски, Соња Михајлова.Асистент на режија е Дамјан Димовски, композитор Марјан Нечак, тон Александар Димовски, светло Горан Петровски, суфлер Гордана Михајловска, реквизит Цветан Јовановски, испициент Оливер Петровски, гардеробер Лилјана Китановска. Се работи за длабоко потресна психолошка драма за распадот на интимноста, осаменоста, недовербата и кревките граници на моќта во семејството. Каде исчезнува љубовта кога меѓусебното разбирање ќе го заменат сомнежот и борбата за надмоќ? И колку далеку може да оди човекот кога ќе се соочи со сопствената ранливост? Преку ова безвременско драмско дело, режисерот Благој Мицевски ги отвора прашањата за односот меѓу мажот и жената, за семејните односи и за трагедијата на човекот кој постепено го губи тлото под нозете. Што се случува со човекот кога ќе остари? Кога љубовта ќе се претвори во борба за моќ, а бракот во бојно поле на кое детето станува најневината жртва? „Задоволството беше и наше. Нема поголема радост од непосредната реакција на публиката и чувството дека она што го споделуваме од сцената допира до оние за кои го создаваме. Ви благодариме за аплаузот, довербата и заедничката театарска вечер“, истакнуваат од НТБ. Активностите на НУ Народен театар Битола продолжуваат на 14 ноември, кога се одбележуваат 82 години од постоењето на оваа институција. Овој значаен јубилеј ќе биде одбележан со свеченото отворање на 12. издание на Битола Шекспир фестивалот, кој годинава ќе започне со претставата „Кориолан“ од Вилијам Шекспир, која токму на отворањето на фестивалот ќе ја има својата прва премиерна изведба во матичната куќа.Тагови: битола НУ Народен театар – Битола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаМелони предупредува на „сеење хаос“: Повеќе од 6.300 училишта во Италија добиле закани за поставени бомби Италијанската премиерка Џорџа Мелони ја отфрли можноста за реална опасност по анонимните закани за напади врз околу 6.000 училишта низ земјата и предупреди на „стратегија насочена кон сеење хаос“.На средба со лидерите на опозицијата во палатата Киџи, таа ги повика сите политички сили на обединување, додека наставата, по полициските проверки и евакуациите, денеска треба да продолжи вообичаено, пренесе „Анса“. Мелони ги повика лидерите на опозицијата да ги споделат достапните информации и да разгледаат низа предупредувања и извештаи од последните денови, вклучително и оние што се однесуваат на хакерски напади и сомнителни експлозивни направи во училиштата. Средбата траела речиси два часа, а на неа присуствувале замениците премиери Антонио Тајани и Матео Салвини, како и министрите Гвидо Крозето, Матео Пјантедози и Лука Чиријани и други високи функционери. Според извори од левиот центар, Мелони нагласила дека средбата не претставува замена за обраќање пред парламентот, откако некои опозициски политичари побараа пратениците да бидат информирани за заканите. Инцидентите исто така го отворија прашањето за можна хибридна војна, односно употреба на сајбер-напади и лажни дојави со цел да се предизвика несигурност и дезориентација. Според локалните власти, вчера околу 6.300 училишта низ Италија, како и повеќе од 700 во Шкотска и Северна Ирска, добиле закани за поставени бомби.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter