Атвуд: СВП е одлична можност да се слушнат поети од целиот свет - Канал 5

Атвуд: СВП е одлична можност да се слушнат поети од целиот свет

Чест и задоволство ми е што сум меѓу повеќе од 50 поети добитници на највисокото признание на Струшките вечери на поезијата, „Златен венец“, истакна годинашниот лауреат канадската романсиерка, поетеса, книжевна критичарка и активистка Маргарет Атвуд.

Атвуд: СВП е одлична можност да се слушнат поети од целиот свет


На прес-конференцијата што денеска се одржа во нејзина чест Атвуд посочи дека фестивалот е одлична можност да се слушнат поети од целиот свет кои читаат поезија на своите јазици.

- Тоа е еден преглед на поетите од светот и е многу охрабрувачки дека посветувате многу време и внимание на поезијата која често е запоставена и е зад романите. Чуството е прекрасно и бев многу воодушевена со фотографите од претходните церемонии, кои се многу разновидни и живописни и затоа ја поздравувам оваа церемонија на наградување, заклучи Атвуд.

Според неа, многу значајно е што во нашата земја се посветува многу внимание за поезијата. Забележа дека поезијата во помалите земји, меѓу кои ја вброи и Канада иако географски голема е позначајна. Помалите земји, нагласи, често се споредуваат со големите кои имаат издавачки империи.

- Со мојата книга „Опстанок“ од 1972 година сакав да покажам дека канадската литература не е второстепена ниту пак е отсјај на онаа во Велика Бритснија и САД. Канада има голема територија, нашата литература опфаќа луѓе од различни профили имаме и франкофони, никогаш не сме биле империја, но сме голема земја со малку население, рече Атвуд.

Прашана за совет како малите земји, литератури и јазици да опстојат и да бидат слушнати во светски рамки посочи дека писателите мора да пишуваат и мора да има многу добри преведувачи кои ќе направат добар превод за меѓународна афирмација.

- Како мали земји ние не сме супериорни бидејќи во издаваштвото постои хиерархија. САД и Велика Британија се супериорни, Индија на пример е доста силна на меѓународно ниво. Друго што помага е да имате многу луѓе за да може да се афирмирате во светот, а тоа е поврзано со економијата и транзицијата, немам конечен одговор на ова прашање да го знаев ќе го ставев во шише ќе го зтворев и ќе се збогатев, нагласи Атвуд.

Струшките вечери на поезијата редовно го претставуваат лауреатот во едно билингвално издание, кое, според директорот Мите Стефоски, ќе биде мостот меѓу двата јазици и нации кои на овој начин воспоставуваат друг мост на соработка.

- Делото на Атвуд овој пат поетски ќе живее на македонски преку нашиот превод и нашето издание. Нашата цел е Фестивалот да гради мостови меѓу цивилизациите, културите, јазиците и секогаш сме биле насочени во прослава на различноста токму на она што го чини човештвото. Верувам дека со презентирањето на уште еден автор во листата на сите 50 кои досега сме ги наградиле со ова престижно признание ќе имаме можност во светски рамки да ја одиграме улогата на промотор на најзначајните естетски и уметнички вредности, рече Стефоски.

Добитничката на „Златниот венец“ Автуд претпладне засади дрво во Паркот на Поезијата и се заблагодари за можноста за укажаната можност со надеж дека ќе биде известувана како расте дрвото и дека одвреме навреме ќе му се додава ѓубриво за да се забрза неговото растење. Првата прочитана песна „Време“ ја посвети во чест на поплавите што се случија во Скопско.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Производството на делови за авиони станува сè потешко без кинеските минерали

Недостигот на ретки минерали ги поттикна добавувачите во воздухопловната индустрија повторно да ги разгледаат материјалите што се користеле пред неколку децении, во обид да ја намалат зависноста од Кина.

Производството на делови за авиони станува сè потешко без кинеските минерали

Кина има речиси целосен монопол врз продажбата на ретки минерали и други материјали, како што се итриум, индиум фосфид и волфрам. Тие се користат во бројни воздухопловни и воени системи, вклучувајќи премази за млазни мотори, компоненти за турбини и полупроводнички чипови.

Аналитичарите предупредуваат дека ќе бидат потребни уште неколку години за производителите на премази за воздухопловната индустрија да најдат замени за современите материјали базирани на ретки минерали или да обезбедат доволни количества од овие суровини од други извори, вклучително и од САД.

Стравувањата поврзани со прекини во снабдувањето и високите цени доведуваат до преиспитување на материјалите што се користеле пред неколку децении. Всушност, овој проблем би можел да го загрози производството на компоненти за млазни мотори.

„Можеме да се обидеме да ги подобриме овие материјали“

Националниот совет за истражување на Канада (NRC) – главната канадска институција за научно и индустриско истражување и развој – објави дека недостигот на ретки минерали ја поттикнува потрагата по алтернативи за премазите што служат како топлинска бариера во најжешките делови на млазните мотори.

„NRC“ и неколку индустриски партнери истражуваат дали циркониум диоксидот и другите керамички оксиди – материјали што се користеле уште во 1970-тите и 1980-тите години – можат да ги достигнат перформансите на современите премази базирани на ретки минерали. „Сега, 50 години подоцна, располагаме со подобри инструменти и понапредни методи, па можеме да се обидеме да ги подобриме тие материјали“, изјави Роџерио Лима, истражувач во „NRC“.

Решението нема да се најде брзо

Европскиот производител на топлински премази „Oerlikon Metco“ објави дека веќе продава одредени производи што не содржат ретки минерали и дека развива нови. Тие вклучуваат премази што служат како топлинска бариера, базирани на циркониум диоксид со додаток на магнезиум оксид и калциум оксид.

Некои американски добавувачи на топлински премази, исто така, истражуваат алтернативи за делови каде што употребата на такви материјали носи помал ризик, изјави извор од индустријата. Достапноста на суровини би можела да се зголеми и преку рециклирање на вишокот материјали за премази, истакна друг извор од индустријата. Сепак, таквите решенија можат само да ја намалат, но не и целосно да ја елиминираат зависноста на воздухопловната индустрија од Кина. „Дури и според најоптимистичките проценки, ќе бидат потребни години, а не месеци, за да се надмине нашата зависност од Кина во однос на снабдувањето со минерали од групата на ретки земји“, изјави Џефри Герц, поранешен функционер во Советот за национална безбедност на Белата куќа и виш соработник во Центарот за нова американска безбедност. Тоа значи дека Кина ќе продолжи да има значително влијание во трговските преговори со САД, заклучи Герц.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре променливо облачно со сончеви периоди

Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви преиоди, свежо и ветровито. 

Утре променливо облачно со сончеви периоди

Во западните планинските региони ќе има услови за појава на слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен, а наместа долж Повардарието повремено силен северен ветер со брзина од 60 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 16 до 25 степени.

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди, свежо и ветровито. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 22 степена.

До крајот на седмицата ќе преовладува променливо облачно и свежо време со ниски утрински температури. Во петок попладне, во текот на ноќта и во сабота повторно се очекуваат врнежи од дожд, локално пообилни.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бобан Илиоски објави дека потпишал договор со GLORY: Пишувам историја за македонскиот кикбокс

Македонскиот кикбоксер Бобан Илиоски објави дека потпишал договор со GLORY Kickboxing, една од најпознатите светски организации во овој спорт.

Бобан Илиоски објави дека потпишал договор со GLORY: Пишувам историја за македонскиот кикбокс

„Денес со огромна гордост можам да кажам дека го направив еден од најголемите чекори во мојата кариера потпишав договор со „GLORY Kickboxing“.

Со ова не го остварувам само мојот сон, туку пишувам историја за македонскиот кикбокс.

Ова е голем чекор за мене, но и врата што се отвора за сите млади македонски кикбоксери кои сонуваат еден ден да стигнат до најголемата сцена. Сакам да покажам дека со многу работа, жртва, дисциплина и верба во себе соништата можат да станат реалност.

За мене ова е остварување на долгогодишен сон. Зад овој момент стојат безброј тренинзи, откажувања, падови, станувања и моменти во кои морав да продолжам и кога беше најтешко.

Ова е огромна работа за мене, но и за моето семејство, кое беше со мене од самиот почеток и веруваше во мене кога можеби никој друг не веруваше.

Од срце сакам да им се заблагодарам на сите кои на било каков начин ми помогнале да стигнам до овој момент на моите тренери,пријатели, луѓе кои ме поддржувале, како и на сите што верувале во мене и во мојот сон.

Ова е само почеток.

Македонијо, време е да се слушне нашето име на најголемата кик бокс сцена во светот🇲🇰

Сонот е остварен ,историјата е започната

Јас сум првиот кикбоксер од Македонија што потпиша за GLORY.

Посебна благодарност до Мајк Пасениер за дадената прилика, довербата и можноста да бидам дел од оваа голема организација.“- објави Илиоски на Инстаграм.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер