Атрактивната пејачка Ивана Николиќ сними дует со Ем-Си Стојан - Канал 5

Атрактивната пејачка Ивана Николиќ сними дует со Ем-Си Стојан

Поранешната членка на српската група „Ураган“ привлече посебно внимание на промоцијата на својата нова песна со Ем-Си Стојан! ( фото)

Атрактивната пејачка Ивана Николиќ сними дует со Ем-Си Стојан

Атрактивната пејачка Ивана Николиќ сними дует со Ем-Си Стојан, па на промоцијата се појави во бунда и вртоглаво високи потпетици, привлекувајќи големо внимание.

Ивана на својот профил на Инстаграм постави фотографија на која излегува од автомобилот, многумина нејзини фанови прокоментираа дека никогаш не изгледала поубаво. Пејачката со фотографијата го најави и нејзиниот дует со Ем-Си Стојан за песната „Брутално“, и тоа три недели откако Сања Вучиќ го објави својот дует со Нучи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најдобрите ученици се гордост на Општина Аеродром – признанија и награди за првенците

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска им додели признанија на најдобрите ученици на генерацијата од основните училишта во Општина Аеродром за учебната 2025/2026 година.

Најдобрите ученици се гордост на Општина Аеродром – признанија и награди за првенците

Покрај признанијата, секој од нив добива и еднократна парична награда во износ од 10.000 денари, како симбол на почит и благодарност за нивниот труд, знаење и посветеност.

Со особена гордост им честитаме на:

Павел Ангелов – ООУ „Александар Македонски“

Стефани Накова – ООУ „Димитар Македонски“

Исидора Илијоска – ООУ „Блаже Конески“

Илина Трпеска – ООУ „Гоце Делчев“

Димитар Стојановски – ООУ „Гоце Делчев“

Ива Минова – ООУ „Љубен Лапе“

Ана Станчева – ООУ „Лазо Ангеловски“

Јаков Грујовски – ООУ „Браќа Миладиновци“

Ангела Давитковска – ООУ „Ѓорѓија Пулевски“

Благодарност до наставниците, директорите, стручните служби и семејствата, кои секојдневно ги охрабруваат и поддржуваат младите на патот кон успехот.

Општина Аеродром ќе продолжи да ги поддржува и наградува младите таленти, затоа што тие се нашата најголема вредност и најсигурна инвестиција во иднината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Успешно заокружен првиот циклус од Лидерската академија на Flex Group: Стратешка инвестиција во развој на менаџерскиот кадар

Со фокус на континуираното усовршување и градење на силен внатрешен кадар, официјално заврши првата фаза од Лидерската академија на Flex Group, која започна да се реализира во февруари оваа година.

Успешно заокружен првиот циклус од Лидерската академија на Flex Group: Стратешка инвестиција во развој на менаџерскиот кадар

Оваа интензивна едукативна програма успешно ја поминаа околу 60 директори и менаџери од различните компании во рамките на групацијата. За дел од колегите кои однеодамна се наоѓаат на раководни позиции, академијата се покажа како клучна поддршка во нивната кариерна транзиција, обезбедувајќи им напредни алатки за стратешко размислување, поефикасно водење на тимовите и балансирање помеѓу брзите деловни резултати и корпоративната емпатија.

Целосната имплементација и предавањата на оваа фаза беа реализирани во соработка со едукативниот центар Prudens – организациски развој и лидерство, чии експерти и тренери понудија високи стандарди на предавање и практични модули прилагодени на современите пазарни предизвици.

Низ дискусиите и евалуацијата на програмата, учесниците истакнаа дека обуката дошла во вистински момент за нив, помагајќи им да го надминат почетниот притисок од новите одговорности и со значително поголема самодоверба да пристапат кон менаџирањето на секојдневните процеси во филијалите и секторите.

Завршувањето на овие модули е само вовед во долгорочната стратегија на Flex Group за едукација на вработените. По кусата летна пауза, во септември програмата продолжува со нови специфични модули и дополнителни реномирани тренери, со цел натамошно зајакнување на лидерските капацитети на групацијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Силно невреме ја погоди Франција, загинаа две лица

Силно невреме што ја зафати Франција во текот на ноќта, по долгиот топлотен бран, однесе најмалку два живота и остави 53.000 домаќинства без електрична енергија. 

Видео: Силно невреме ја погоди Франција, загинаа две лица

Француските медиуми и националниот оператор на електроенергетската мрежа објавија детали за последиците од невремето, пренесува Ројтерс.

Една од жртвите е жена која почина во четвртокот вечерта во селото Сен-Виктурниен, во централниот департман От-Вјен, откако врз неа паднало дрво. На истокот од земјата, во Доломје, во работилница уништена од пожар било пронајдено телото на еден маж. Агенцијата АФП објави дека пожарот бил предизвикан од удар на гром.

Операторот на електродистрибутивната мрежа „Енедис“ (Enedis) во петокот потврди дека вкупно 53.000 домаќинства останале без електрична енергија. Најмногу проблеми со снабдувањето биле забележани во регионите Оверњ-Рона-Алпи на југоисток и Нова Аквитанија на југозапад на Франција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер