Атрактивната актерка Луси Фалон позираше на Ибица(фото) - Канал 5

Атрактивната актерка Луси Фалон позираше на Ибица(фото)

Луси Фалон покажа трик што го применуваат многу познати личности на социјалната мрежа Инстаграм! 

Атрактивната актерка Луси Фалон позираше на Ибица(фото)

Социјалните мрежи наметнуваат стандарди кои не можат да бидат проследени од сите. Сведоци сме на „совршени тела“, „совршени бракови“, „совршена љубов“, а зад сето тоа стои сосема поинаква слика. Сепак, наше е да разграничиме што е реално, а што не е и дали некогаш во сето тоа сме жртви на измама.

Актерката Луси Фалон објасни дека консумирањето на социјалните мрежи треба да биде со резерва и доза внимание. Таа преку своето видео „Инстаграм против реалноста“ покажа како ја крие својата бременост од јавноста. Инаку, таа е во 8-миот месец од бременоста и покажа како некои ѕвезди го користат овој трик да го прикажат својот стомак помал одошто навистина е, иако воопшто не се трудни.

На фотографиите згодната русокоса покажува две свои проекции додека во позадина се гледа тиркизното море. Во едната, таа е фотографирана од напред во црн деколтиран костум за капење. На фотографијата не се гледа нејзиниот труднички стомак, па актерката доби низа пофални коментари. Инаку, фотографиите се направени додека таа уживала на одмор на прекрасната Ибица.

На другата фотографија, Луси позира бочно, па јасно се гледа нејзиното стомаче кое таа го придржува со рацете. Во описот на таа фотографија, актерката напишала:

- Инстаграм нè лаже сите.

Нејзината најнова снимка и удар врз Инстаграм предизвика бура коментари и реакции во кои поединци ја нападнаа и обвинија дека е лицемерна затоа што и таа самата ја користи споменатата мрежа.

-Кому не му се допаѓа, не мора да има профил – гласеа некои од реакциите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Нема крај на лагите на ВМРО-ОКГ, жртва е Македонија и нејзината европска иднина

ВМРО-ОКГ повторно зборува за „празен лист“ и „виктимизација“ на опозицијата околу Изборниот законик. 

СДСМ: Нема крај на лагите на ВМРО-ОКГ, жртва е Македонија и нејзината европска иднина

Нема крај на нивните лаги.

Нивниот „празен лист“ воопшто не е празен. На него веќе се заокружени броеви и имиња. Тоа не е понуда за консензус, туку обид да се наметне модел кој ќе овозможи контрола и кражба на гласовите од дијаспората.

Препораките на ОБСЕ и ОДИХР СДСМ ги прифаќа. Она што не се прифаќа се предлозите на организираната криминална група ВМРО на чело со Христијан Мицкоски – предлози создадени за манипулација, а не за фер избори.

ВМРО-ОКГ не сака да ги заврши реформите.

Прво ветија 1.јуни. Потоа јули. Сега намерно создаваат проблем за да имаат изговор зошто агендата повторно не е исполнета.

Тие не сакаат ЕУ.

Во Европската унија нема ослободување на криминалци како што сега се ослободуваат Никола Груевски и Драган Павловиќ Латас. Во ЕУ тие би одговарале.

Во ЕУ, ВМРО-ОКГ не би можела да враќа имот стекнат со криминал.

Жртва не е опозицијата. Жртва е Македонија и нејзината европска иднина,се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Паника на грчки остров: Ајкула „излезе“ на плажа пред шокираните туристи (ВИДЕО)

На плажата Кацадија на грчкиот остров Липси се појави паника кога мала ајкула се приближи на неколку метри од брегот, речиси до песокот.

Паника на грчки остров: Ајкула „излезе“ на плажа пред шокираните туристи (ВИДЕО)

Некои пливачи скокнаа од водата во паника, додека други туристи скокнаа од своите лежалки за да го снимат целиот настан на камера.

Видеото ја прикажува како плива во многу плитка вода, недалеку од луѓето на плажата.

YouTube video

Според проценките засновани на достапните видео снимки, кои ги објавува локалниот портал lerosnews.gr, најверојатно станува збор за вид од родот Mustelus, од семејството Triakidae.

Овие видови, познати во Грција како галео, се сметаат за безопасни за луѓето и не претставуваат опасност за пливачите. Иако никој не е рамнодушен кога ќе види каква било ајкула, овој вид ретко покажува агресивно однесување кон луѓето, а не е регистриран ниту еден потврден фатален напад на овој вид врз човек.

Дури и кога се наоѓаат во плитка вода, тие најчесто се дезориентирани или го следат пленот и не им се приближуваат намерно на луѓето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Новак Ѓоковиќ среде Њујорк завиваше како волк на предпремиерата на неговиот филм (ВИДЕО)

Најдобриот српски тенисер - Новак Ѓоковиќ, моментално е во Њујорк, на „Fanatics Fest“ кој собра бројни светски ѕвезди од сите спортови, но и од други области.

Новак Ѓоковиќ среде Њујорк завиваше како волк на предпремиерата на неговиот филм (ВИДЕО)

Само пред неколку дена, Новак играше на Вимблдон, беше елиминиран во полуфиналето од Јаник Синер (3:0), и многу брзо успеа да се најде во Соединетите Американски Држави.

Прво, повод беше претпремиерата на неговиот одличен филм „Волкот во зима“, кој ќе се појави на платформите кон средината на август. Филмот ја раскажува приказната за неговото воспитување, па сè до освојувањето на 24-тата Гренд слем титула и сè што го класифицираше како најдобар тенисер на сите времиња, објави Телеграф.

Телеграф е во Њујорк, па ја искористи можноста да оди на предавањето на Новак Ѓоковиќ, на кое Србинот зборуваше за бројни теми. Многумина беа воодушевени и од моментот кога водителот го замоли да завива како волк, со асоцијацијата со името на неговиот документарен филм.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер