Атрактивна старлета го исполни ветувањето: Прошета гола низ Неапол по победата на Наполи(ВИДЕО) - Канал 5

Атрактивна старлета го исполни ветувањето: Прошета гола низ Неапол по победата на Наполи(ВИДЕО)

Фудбалерите на Наполи ја освоија првата шампионска титула на Италија по времето на Диего Марадона.

Атрактивна старлета го исполни ветувањето: Прошета гола низ Неапол по победата на Наполи(ВИДЕО)

Третата титула во историјата на наполитанците беше зачинета со величествено славје, а цел Неапол ја чекаше познатата италијанска старлета Паола Саулино да го исполни ветувањето.

Паола, позната и по улогите во еротски филмови, вети дека ќе прошета по улиците на градот целосно гола доколку нејзиниот тим ја освои титулата.

Бујната старлета се соблече гола и прошета до стадионот „Диего Марадона“. Таа го обои своето тело во боите на нејзиниот омилен клуб и со тоа ги полуде Наполитанците.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсени се 16 возачи, 14 од нив немале возачка дозвола

Лишени од слобода 16 возачи за „безобѕирно управување возило“, 14 возеле без положен возачки испит.

Уапсени се 16 возачи, 14 од нив немале возачка дозвола

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници ги лишија од слобода А.Х. од Штип, Ј.Ф. од Прилеп, С.М.(38) и С.В.(23) двајцата од Кочани, Ј.К.(20) од Штип, 17 годишен малолетник с.Долно Количани, скопско, Ф. В.(27) од с.Студеничани, скопско, Е.Б.(36), И.С. (34), В.В. (18) сите од Скопје, Д.П.(20) и Б.Ј.(68) двајцата од Велес, Б.С.(33) од Куманово како и 16-годишен малолетник од с.Новаке, тетовско поради „безобѕирно управување возило“, односно затоа што управувале возило без возачка дозвола.

Исто така лишени се од слобода и В.Ј.(29) од с.Новаци, затоа што управувал возило под активна забрана за управување со моторно возило и С.Р.(39) од селото Скудриње, општина Маврово и Ростуше бидејќи возел под дејство на алкохол.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев се сретна со заменик -амбасадорот на САД, Закари Харисон и со офицерот за политички работи, Кејли Мекејлеб

Градоначалникот Митко Јанчев, оствари работна средба со вршителот на должност заменик-амбасадор на САД во Македонија, Закари Харисон и офицерот за политички работи Кејли Мекејлеб.

Јанчев се сретна со заменик -амбасадорот на САД, Закари Харисон и со офицерот за политички работи, Кејли Мекејлеб

На средбата беше разговарано за работата и приоритетите на Општина Кавадарци, актуелните предизвици и можностите за понатамошен развој, со посебен акцент на регионалниот развој и создавањето услови за нови можности за граѓаните.

Градоначалникот ги запозна гостите со реализираните проекти, развојните потенцијали на Кавадарци и визијата за понатамошен економски и инфраструктурен развој на општината.

Средбата беше можност за размена на искуства и идеи, како и за воспоставување и унапредување на соработката од заеднички интерес, објави градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев на ФБ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хакери објавиле 1,4 милиони датотеки, откако Берлин одби да им плати уцена од 2 милиони евра

Хакерската група Рисида објави на темната мрежа речиси шест терабајти податоци од администрацијата во Берлин, а меѓу нив наводно има и исклучително чувствителни информации. 

Хакери објавиле 1,4 милиони датотеки, откако Берлин одби да им плати уцена од 2 милиони евра

Објавени се речиси 1,44 милиони датотеки, но администрацијата во Берлин и политичката елита сè уште не дале никакви значајни изјави за настанот, пишува Euronews.

Објавени се класифицирани планови за одбрана

Меѓу документите е и мапа со име „AG CBRN-Rahmenplanung“. Акронимот CBRN е кратенка за хемиски, биолошки, радиолошки и нуклеарни закани. Ова значи дека строго доверливите сценарија за вакви закани сега се јавно достапни, давајќи им пристап до нив на терористичките групи и странските разузнавачки служби.

„Напад што директно ја загрозува државата“

Истражувачкиот новинар Ларс Винкелсдорф на платформата X оцени дека станува збор за сајбер напад „од размер што директно ја загрозува државата“.

„Покрај документите на Покраинската криминална полиција (LKA) поврзани со истрагите, датотеките содржат и планови за национална одбрана. Тие вклучуваат тајни канали за комуникација во случај на катастрофи на федералната влада, податоци за одбранбените компании и планови за кризни ситуации на владините агенции“, напиша Винкелсдорф.

Личните податоци на службеникот исто така беа протечени

Објавена е и голема количина лични податоци, првенствено на државни службеници. Тие вклучуваат изводи од матична книга на родени, евиденција за отсуства, приватни телефонски броеви и домашни адреси.

Отфрлена уцена од два милиони евра

Хакерите претходно се заканија дека ќе ги објават податоците и побараа откуп од 30 биткоини, што одговара на износ од околу два милиони евра. Тие поставија рок кој истече во петок околу 15:35 часот. Дури и пред рокот, Берлинскиот сенат изјави дека во принцип не се согласува со таква уцена.

Кратко по рокот, целиот пакет податоци беше објавен на темната мрежа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер