Атрактивна ријалити ѕвезда на маки поради афера со фудбалер: Добивам смртни закани (ФОТО) - Канал 5

Атрактивна ријалити ѕвезда на маки поради афера со фудбалер: Добивам смртни закани (ФОТО)

24-годишната Амбер Гил, поранешната победничка на популарното телевизиско реално шоу „Love Island“, во петокот во својата приказна на Инстаграм жестоко негирала дека некогаш тајно била во врска со фудбалерот Џек Грилиш (26).

Атрактивна ријалити ѕвезда на маки поради афера со фудбалер: Добивам смртни закани (ФОТО)

Поради ваквите лажни тврдења, вели таа, добива дури и смртни закани.

„Никогаш не сум била втора жена, ниту ќе бидам! Освен тоа, никогаш не би го употребил тој понижувачки термин „втора жена“,ние не сме некој вид трофеи за мажите! Сосема непознати луѓе ми ги пишуваат најзлобните и најстрашните работи во приватни пораки, нарекувајќи ме „уништувач на семејство“, а некои отидоа дотаму што дури и ми се закануваат со смрт. Зошто? - објавила таа.

Оваа љубовна врска стана топ тема во Британија откако девојката на спортистот Саша Атвуд му поставила ултиматум на својот неверен партнер - ако не престане да се гледа со други девојки, вклучувајќи ја и актерката Емили Атак (31) - готово е.

Амбер на Инстаграм Стори, објави во четвртокот, кога повторно негираше дека тајно се бакнувала со Џек Грилиш.

- Ваквите гласини ми ги уништија вистинските романси! Сакате да знаете со кого всушност излегувам? Па, сега никогаш нема да дознаете, поради ова ср**е! Престани да лажеш! - објавила тогаш лутата ријалити ѕвезда.

Таблоидот The Sun неодамна објави дека фудбалерот Џек ја шармирал Амбер токму на Инстаграм, што довело до неколку нивни тајни состаноци, но Гил бил разочаран кога дознал дека во исто време се гледа со Емили Атак.

- Беше прилично возбудена за се, на пријателите им кажа се` за новата романса, а потоа дозна дека не е единствената и тоа и го скрши срцето. Таа дури сакаше да стапи во контакт со Емили за да ја разјасни таа бизарна ситуација. Таа беше навистина убедена дека нешто навистина убаво се раѓа меѓу ѕвездата на Манчестер Сити и неа - пишува The Sun.

- Џек е навистина збунет. Од една страна, некои го советуваат да остане верен на својата детска љубов со која е во врска десет години, но од друга страна Емили едноставно го маѓепсала, изгледа не може да се оттргне од неа – открил извор близок до фудбалерот.

Емили, од друга страна, тврди дека го видела Грилиш на апликација за запознавање со познати личности Реј, поради што претпоставува дека тој повеќе не е во врска со Саша.

- Навистина уживаше во неговото друштво, но сигурно нема да се дружи со зафатен тип. Одлуката сега е на него - објави Сан.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кедев се впиша во Гинис како највозрасен човек во светот што ги искачил сите 14 врва над 8 000 метри

Македонскиот кардиолог и планинар Сашко Кедев влегува во гинисовата книна на рекорди како највозрасен човек кој стигнал до највисоката точка на сите 14 планини во светот повисоки од 8 000 метри.

Кедев се впиша во Гинис како највозрасен човек во светот што ги искачил сите 14 врва над 8 000 метри

Кедев имал 63 години и 14 дена кога на 20 јули 2025 година се искачил на „Гашербрум 1“ во Пакистан. Со искачувањето на овој врв, висок 8 080 метри, стана и првиот Македонец што ги искачил сите 14 врва над 8 000 метри. Прв на неговата листа беше највисокиот врв на светот, Монт Еверест, на кој Кедев се искачи во мај 2009-та година.

Во јули 2022 година, во растојание од само една недела, ги искачи Ка-2 и Броуд Пик. Искачувањата на Кедев ги потврдил Еберхард Јургалски, консултант на Гинис за планинарски рекорди. Гинис му припишува на Кедев уште едно постигнување. Тој е и највозрасниот човек кој ги исполнил двата планинарски предизвика – ги искачил сите 14 врва над 8 000 метри и највисокиот врв на секој од седумте континенти. Континенталната седумка ја заокружи уште во 2011 година, со искачувањето на Пунчак Џаја во Океанија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мај среде ноември – следната недела до 20 степени

Десет колапси на јавни места биле пријавени во еден ден во брзата помош, како причина биле наведени и променливите и повисоки температури, велат од брзата помош.  

Мај среде ноември – следната недела до 20 степени

Од брзата помош со порастот на температутрите од старот на работната недела очекуваат дека повторно ќе имаат јавувања за зголемен крвен притисок и вртоглавици, и тешко дишење. Посебно да бидат внимателни возрасните и хроничните болни, бидејќи при падот граѓаните се здобиле и со повреди на главата.

Последните години пролетните температури во ноември станаа нормално, велат и светските метереолози и очекуваат глобалната температура да се зголемува. Во Македонија од понеделник температури и до 20 степени.

Од брзата помош со апел до возачите до колку не им добро да не возат автомобил, бидејќи во лоша здравствена состојба се губи концетнрацијата. Исто така високите температури ги користат и возачите на тротинети и има многу повредени граѓани, меѓу кои и деца.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Светски ден на предвремено родените бебиња - гордост и предизвик на скопска Гинекологија

Оваа година, 530 грама е најмалото родено бебе на Клиниката за гинекологија и акушерство во шестиот месец од бременоста, и скоро три месеци било на интензивното одделение за новороденчиња на Клиниката за гинекологија.

Светски ден на предвремено родените бебиња - гордост и предизвик на скопска Гинекологија

Денеска е светскиот ден на предремно родените бебиња. На овој оддел се најачесто бебињата родени под еден килограм и оние до скоро два килограми, секое вдиушување е надеж за живот и среќа за вработените дека нивните мали пациенти ќе бидат еден ден големи луѓе.

Во клиниката денеска виолетовата боја беше симбол на предвремено родените деца, на гости дојдоа Лазар, Кирил, Мила и уште многу денес деца, а пред неколку години тука биле со денови и месеци. Лазар неуморено прашуваше зошто се толку мали, а пред четири години тука бил едно од најмалите бебиња со 820 грама, а неговиот брат со килограм и осумсотини грама денеска најмалиот гостин кој исто бил на ова одделение. За неговите родители посебен ден, со порака и до други родители “ќе биде добро’.

Цели 18 години и Мила е гостин на овој оддел во номеври. Таа учи медицина, приказната за нејзиното рано раѓање и било поттик да биде добар доктор.

Најпотребно е редовна едукација, добра опрема и секако да не ги заборавиме нашите колеги кои неуморно се борат со секој здив со предверемно роденит бебиња, вели директорката на клиникта Папастиев.

Оваа година се родиле 610 деца предвереме од терминот, во моментов на одделот за интензивнот лекување има 43 бебиња.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер