РакометАтман потпиша за МеталургПавел Атман, средниот бек на Чеховски Медведи кој до крајот на сезоната настапуваше во екипата на Динамо Минск, е првото официјално засилување на Металург. 26-годишниот руски ракометар кој игра на позиција среден бек, потпиша двегодишен договор со македонскиот вицепрвак, јави МИА. - Иако имав понуди од неколку европски екипи, а некои беа и финансиски подобри, се решив за екипата на Металург, чиј развој го следам неколку години. Многу сум среќен што потпишавме договор и што ќе настапувам за екипа која постигна одлични резултати во Лигата на шампионите, изјави новото засилување на Металург за клупската веб страна.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаКомисијата за финансирање и буџет одржа средба со експерти од ТАИЕКС-проектот за независноста на НБНа средбата беше реализирана конструктивна и плодна дискусија за прашања поврзани со независноста на Народната банка, монетарната политика и специфичните надлежности и обврски на централната банка. Во Собранието, денеска, се одржа средба на претседателката на Комисијата за финансирање и буџет, Сања Лукаревска, и заменик-членот на Комисијата, Мартин Стојановски, со тимот експерти на ТАИЕКС-проектот, поддржан од Европската комисија, на тема „Заштитата на независноста на Народната банка во Република Македонија“. На средбата беше реализирана конструктивна и плодна дискусија за прашања поврзани со независноста на Народната банка, монетарната политика и специфичните надлежности и обврски на централната банка. Воедно, беа разгледани и прашања што се однесуваат на постапките за именување на гувернерот, вицегувернерите и членовите на Советот на Народната банка, како и извештаите на Народната банка и усогласеноста на националното законодавство со меѓународните стандарди и практики во областа на централното банкарство. Претседателката на Комисијата, Сања Лукаревска, им се заблагодари на експертите за размената на искуства и добрите практики, истакнувајќи дека ваквите средби придонесуваат за унапредување на законодавната рамка и за зајакнување на институционалната независност на Народната банка.Тагови: ТАИЕКС Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПропадна и последниот обид за партиски консензус за Изборниот законик15:00Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
МакедонијаМинчев во Струмица: ЗНАМ продолжува со работни средби со локалните организации и членствотоЗНАМ продолжува со работни средби со локалните организации и членството.Генералниот секретар на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Горан Минчев заедно со членот на ИО, Ивана Ѓорѓиевска, денес оствари работна посета на Општинската организација во Струмица, во рамки на караванот „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“. Средбата со Извршниот одбор во проширен состав на ОО ЗНАМ Струмица беше можност за отворен разговор за актуелните состојби во организацијата, реализираните активности и плановите за периодот што следува. Беа разменети мислења за предизвиците на локално ниво, за потребата од уште посилна поврзаност меѓу членовите и за понатамошно унапредување на работата на организацијата. Во фокусот на разговорите беа и активностите што произлегуваат од одлуките на Централниот одбор, особено изборните постапки за делегати, како и номинирањето кандидати за координативните тела на Клубот на млади и Клубот на жени. Овие процеси претставуваат важен чекор кон поголема вклученост на членството и создавање нови кадри кои ќе придонесат кон понатамошниот развој на ЗНАМ. Караванот „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“ продолжува низ цела Македонија, со јасна цел, силни локални организации, активни членови и политики што произлегуваат од потребите на граѓаните. Центар за комуникации и аналитика ЗНАМТагови: ЗНАМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПропадна и последниот обид за партиски консензус за Изборниот законик15:00Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
СветТрамп: „Ми се допаѓа Мелони, но...“ (ВИДЕО)Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека му се допаѓа италијанската премиерка Џорџија Мелони, но дека за време на војната со Иран „таа не беше со Соединетите Американски Држави“.„Ми се допаѓа, таа е добра личност, но не беше со нас кога стануваше збор за Иран“, рече Трамп за време на билатералната средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, одржана на маргините на самитот на НАТО во Анкара, пренесува Анса. Трамп и Мелони претходно имаа пријателски односи, но тие се оладија по војната со Иран. Мелони не одговори на коментарот на Трамп, пренесува агенцијата. Trump on Italy's Meloni: I think she is a nice person, actually. Our relationship became a little bad because she refused to help us with Iran. It soured my relationship with her a little bit, but I like her. pic.twitter.com/peNqD9maJO — Clash Report (@clashreport) July 7, 2026 Извор: https://www.b92.net/info/svet/248325/tramp-o-meloni-dopada-mi-se-dobra-je-osoba-ali-nije-bila-uz-nas-kada-je-rec-o-iranu/vestБ92Тагови: Доналд Трамп Џорџија Мелони Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter