3Шпанија го намалува бројот на возови на релацијата Мадрид- Севиља по несреќата во која загинаа 69 луѓе
Нострадамус со предвидувања за 2027 година: Споменува небесен оган, црви, злато, сребро и една трагедија
2Нострадамус со предвидувања за 2027 година: Споменува небесен оган, црви, злато, сребро и една трагедија
ЖивотАтлас на цивилното општество: Само 3,5% од светското население со целосна слобода на изразувањеСамо 3,5 отсто од светското население има целосна слобода на изразување, Македонија во група со Германија, САД и Франција.Само 3,5 проценти од светската популација живее во земји каде што е загарантирана целосна слобода на изразување и собирање, се наведува во извештајот „Атлас на цивилното општество за 2025 година“ на германската лутеранска хуманитарна организација „Леб за сите“. - Спротивно на ова, 85 проценти од светската популација живее во земји каде што граѓанското општество е ограничено, потиснато или затворено, што влијае на речиси седум милијарди луѓе. Нивните влади сериозно ги ограничуваат граѓанските слободи и ги малтретираат, апсат или убиваат критичките гласови, се вели во извештајот изработен врз основа на податоците на Цивикус Монитор, истражувачка алатка за состојбата на граѓанското општество и слободи на меѓународната непрофитна организација „Цивикус“. Со извештајот се опфатени 197 земји и територии, кои се класифицирани во пет категории: „отворени“, „загрозени“, „ограничени“, „потиснати“ и „затворени“. Земјава е класифицирана во групата на „загрозени“ заедно со 42 други држави во кои живеат 11,1 проценти од светското население, меѓу кои и Австралија, Албанија, Бугарија, Германија, Италија, Косово, Полска, Романија, САД, Франција, Хрватска, Црна Гора и Шпанија. За овие земји се вели дека во голема мера им е дозволуваат на поединците и организациите на граѓанското општество да ги остваруваат своите права за слобода на здружување, собирање и изразување. - Сепак, се уште има случаи на кршењата на овие права. На пример, има случаи каде организациите кои се сметаат за критични кон властите се потиснувани. Демонстрациите понекогаш се забрануваат од страна на властите, поради, како што се наведува безбедносни причини. Целосната слобода на печатот е ограничена или со строга регулатива или со политички притисок, се наведува во извештајот за оваа категорија земји. Во групата на „отворени“ спаѓаат 40-тина земји со само 3,5 отсто од глобалното население, меѓу кои се и Австрија, Јапонија, Канада, Нов Зеланд, Португалија, Словенија, Чешка, Швајцарија, како и нордиските и балтичките држави, кои им овозможуваат и гарантираат граѓански слободи на сите луѓе. - Луѓето можат да формираат здруженија без законски или практични бариери, да демонстрираат на јавни места, да добиваат информации и да ги шират. Властите се отворени за критики од организациите на граѓанското општество и обезбедуваат платформи за интензивен и конструктивен дијалог со граѓаните. Демонстрантите генерално се заштитени од полицијата, а законите што го регулираат правото на собирање ги исполнуваат меѓународните стандарди. Постојат слободни медиуми, содржината на интернет не е цензурирана, а владините информации се лесно достапни, се вели во извештајот. Во категоријата на „ограничени“ се вклучени 35 држави во кои живее 12,9 проценти од светското население, меѓу кои се и Босна и Херцеговина, Бразил, Велика Британија, Грција, Србија, Украина и Унгарија, во кои властите го ограничуваат слободното остварување на основните права, преку комбинација од законски и практични мерки. - Ова значи дека иако постојат организации на граѓанското општество, државните власти се обидуваат да ги поткопаат преку надзор и вознемирување. Граѓаните можат мирно да се собираат, но честопати се растерувани од полицијата која користи прекумерна сила, како што се гумени куршуми, солзавец и палки. Постои простор за недржавни медиуми и уредничка независност, но новинарите се соочуваат со физички напади и тужби за клевета, се потенцира во документот. Како „потиснати“ се оквалификувани 51 држава, кои опфаќаат 42,6 проценти од населението на Земјата, меѓу кои се и Индија, Мексико, Казахстан, Пакистан, Тајланд, Турција и повеќето африкански држави, во кои слободата на граѓанското општество е строго ограничена. - Секој што ги критикува оние што се на власт е следен, малтретиран, затворан, па дури и убиван. Работата на неколкуте организации на граѓанското општество редовно е попречена - тие ја губат својата регистрација или се целосно затворени. Врз мирните демонстранти често се пука со боева муниција од страна на државните сили или тие се апсат. Медиумите обично ја одразуваат перспективата на Владата. Критичките веб-страници и социјалните медиуми се блокирани, а користењето на интернет е строго следено, се додава во извештајот. И во последната категорија на „затворени“ се вклучени 29 земји со 29,9 проценти од вкупното светско население, меѓу кои и Белорусија, Виетнам, Кина, Русија, Северна Кореја и речиси сите блискоисточни држави, каде „нема простор за граѓанското општество“. - Поточно, ова значи дека преовладува атмосфера на страв. Државните и моќните недржавни актери остануваат неказнети кога затвораат, злоупотребуваат или убиваат луѓе кои се залагаат за остварување на своите права на слобода на здружување, собирање и изразување. Секоја критика на режимот е строго казнувана. Нема слобода на печатот. Интернетот е строго цензуриран, а повеќето веб-страници се блокирани, се вели во документот Во однос на ланскиот извештај девет земји - Буркина Фасо, Грузија, Есватини, Етиопија, Кенија, Монголија, Перу, Холандија и Палестинските територии - се рангирани пониско, а девет други повисоко - Бангладеш, Боцвана, Јамајка, Јапонија, Либерија, Полска, Словенија, Тринидад и Тобаго и Фиџи. - Институциите на владеењето на правото се под притисок низ целиот свет. Тие се нападнати, на пример, од десничарски екстремистички и десничарско-либертаријански групи, како непријатели на наводната волја на народот. Им се одзема легитимитетот да ја контролираат извршната власт или да ги заштитат правата на малцинствата. Во исто време, законот се повеќе се користи за репресија: владите ги злоупотребуваат постојните закони или создаваат нови за борба против актерите на граѓанското општество или ги попречуваат новинарите во нивната работа, се оценува во извештајот. Сепак, како што се посочува во документот, и граѓанското општество возвраќа со тоа што организациите и активистите ширум светот се повеќе прибегнуваат кон тужби и стратешки судски постапки за да го унапредат социјалниот и еколошкиот напредок. Според претседателката на “Леб за светот”, Дагмар Пруин, извештајот покажува дека актерите на граѓанското општество ширум светот имаат алармантно ограничен простор за дејствување и дека владеењето на правото е под притисок. - Демократијата и човековите права ширум светот се напаѓаат во положба каква што не сме виделе со децении. Владеењето на правото, поделбата на властите и заштитата од државното самоволие се под закана во се поголем број земји или тие воопшто не постојат, истакна Пруин, додавајќи дека за да има вистинска демократија потребно е да постои слободно цивилно општество. /МИАТагови: слобода на изразувања Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотТри исцелителни методи кои нè учат како да живееме поисполнето40-тите се совршен момент за креирање на посреќно секојдневиеСекое седо влакно е болен потсетник дека времето незапирливо тече. За некои изминувањето на уште една година не е повод за благодарност, туку извод на немир, бидејќи не можат да престанат да размислуваат на стареењето. Сепак, според стручните лица, иако се појавиле првите знаци на стареење, имате доволно време да ги промените навиките и да ги прифатите годините што доаѓаат. Ова се најдобрите методи за самоприфаќање. Прифатете ги брчките и мудроста Старееме и тоа не можеме да го спречиме, наместо да се противиме на неизбежното, важно е да го прифатиме и да го промениме начинот на кој говориме за сопственото стареење. Секоја брчка, секое седо влакна треба да бидат знак на честа и доказ за искуствата и мудроста што сме ги стекнале. 2. Напуштање на илузијата за вечна младост Да бидеме искрени – нашето општество е опседнато со младоста. Од реклами за креми против стареење и обожување на млади славни личности, па сè до неуморното тежнеење за задржување на младешкиот изглед, постојано сме бомбардирани со пораката дека младоста, убавината и привлечноста доаѓаат една со друга. Сепак, вистината е дека ваквиот поглед не само што е нереален, туку е и длабоко погрешен. Тој поттикнува страв од природниот тек на животот, а истовремено ја занемарува убавината и мудроста што доаѓаат со годините. 3. Развивање чувство на контрола врз сопственото искуство Во текот на ова патување на откривање и прифаќање, важно е да се сфати дека „проблемот“ со стареењето не е изолиран; не се соочуваме со него само како поединци. Тоа е длабоко испреплетено со начините на размислување, општествените норми и личните очекувања. Преземањето одговорност за сопствените чувства во врска со стареењето, иако тие чувства се во голема мера обликувани од општеството, претставува клучна пресвртница, а стекнувањето чувство на контрола врз сопствениот живот носи огромно олеснување. Извор: sensa.story.hrКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотНострадамус со предвидувања за 2027 година: Споменува небесен оган, црви, злато, сребро и една трагедија Древните списи на Нострадамус повторно привлекуваат внимание поради различните толкувања што ги поврзуваат со годината 2027.Според некои анализи на мистериозните стихови, претстојната година наводно би можела да донесе финансиски превирања, разорни пожари и превирања во различни делови од светот, објавува Дејли Меил. Толкувања на мистериозните стихови Францускиот астролог и лекар напишал книга наречена „Les Prophéties“, првпат објавена во 1555 година, која содржи стихови со неговите „предвидувања“. Позната е и како „Centuries“ (векови), поделена на десет дела, обележани со римски броеви од I до X. Следбениците на Нострадамус веруваат дека некои од овие предвидувања се „невообичаено точни“. Најновите толкувања укажуваат на наводно можни закани за природната средина, но и за системите од кои зависи секојдневниот живот на луѓето. Меѓу криптичните стихови на Нострадамус кои се поврзани со годината 2027 се описи на „оган што се шири низ хоризонтот“, предупредувања за „акумулација на долгови“ и можност за „разорно финансиско пресметување“, како и приказна за „наоѓање богатство“. Сепак, важно е да се напомене дека Нострадамус не ја споменал експлицитно 2027 година во овие списи. Нивната поврзаност со претстојната година е резултат на современи толкувања, а не на прецизните датуми што ги оставил астрологот зад себе. Овие толкувања се презентирани во анализа објавена од Sky History, која разгледуваше дали стиховите (четиристишја) на Нострадамус би можеле да се поврзат со настани во претстојната година. Неговите следбеници му припишуваат „предвидувања“ за бројни историски настани, вклучувајќи го Големиот пожар во Лондон, Француската револуција и атентатот врз американскиот претседател Џон Ф. Кенеди. Сепак, таквите врски се последователни толкувања на неговиот често двосмислен јазик, а не доказ дека тој всушност точно ги предвидел овие настани. „Небесен оган од Запад“ Зошто одредени стихови се поврзани со годината 2027? Една теорија се базира на начинот на кој се нумерирани делата на Нострадамус. Според некои извештаи, 27-те стихови од различни збирки (Вековите) би можеле да содржат навестувања за настани во годината што завршува со истиот број - 2027. Самото нумерирање, сепак, не е доказ дека стиховите се однесуваат на одредена година. Меѓу највознемирувачките толкувања е стихот што опишува „оган што се шири низ огромна површина“. Еден превод на делата на Нострадамус вели: „Небесен оган од запад / И од југ, што се шири кон исток“. Стихот продолжува со слика на „црви полумртви, кои не можат ни да го најдат коренот“. Sky History ја поврзува оваа мрачна слика со можни „разорни шумски пожари“. Од особено значење е описот на животот уништен под површината на земјата, што во современото толкување е поврзано со последиците од пожарите што одат подалеку од она што е видливо на површината. Сепак, самиот текст не споменува ниедна модерна земја, ниту пак прецизира кога би можела да се случи таква катастрофа. Затоа, овој стих е претставен како можен навестување за „уништување на цели пејзажи“ и „природни услови неопходни за опстанок на живите суштества“, но таквото толкување не може да се потврди. „Зголемен број копии од злато и сребро“ Друго толкување се однесува на парите и можноста за „финансиска криза предизвикана од акумулирани долгови“. Еден од стиховите на Нострадамус, преведен како „зголемени копии од злато и сребро“, е протолкуван како предупредување за „финансиски превирања“. Во истиот контекст се споменуваат „растечки долгови“ и „уништување на финансиски документи“. Овие слики поттикнаа шпекулации за можен „економски колапс“, но нивното значење зависи од тоа како се преведува и толкува вековниот текст. Интересно е што овој стих за „злато и сребро“ не припаѓа на 27-миот четворка, како некои други списи поврзани со 2027 година, туку на 28-миот четворка од осмиот „век“. Трето толкување се однесува на „откритие“ кое, наместо голем триумф, може да заврши со „трагедија“. Еден од стиховите опишува „богатство скриено недалеку од даб погоден од гром“, проследено со морничаво предупредување за судбината на лицето кое ќе го пронајде. Еден превод гласи: „Под даб во Гвајана, погоден од гром, недалеку од него е скриено богатство“. Следново опишува „смртоносна повреда“, при која окото на една личност би било прободено од извор. Овој стих е поврзан со потрагата по митско богатство на канадскиот Остров Оук. Според понатамошно толкување, стиховите на Нострадамус би можеле да алудираат на „смрт во времето на големо откритие“. Сепак, ниту Островот Оук ниту годината 2027 не се експлицитно споменати во оригиналниот текст. Нивната поврзаност со овој стих, како и времето на наводниот настан, се базираат исклучиво на современи шпекулации.Тагови: Нострадамус Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНародната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
Шоу бизСоругот на Дуа Липа е избран за нов Џејмс Бонд, тврдат инсајдериЕксперти и унсајдери од филмската индустрија сѐ повеќе се убедени дека Калум Тарнер ја доби улогата на следниот Џејмс Бонд, за која се водеше голема борба.Минатиот месец беше објавено дека долготрајниот процес на кастинг за улогата на агентот 007 е намален на три имиња: Џејкоб Елорди, ѕвезда во филмот „Slow Horses“ на Џек Лоуден и трет, неименуван актер, објави НМЕ. Сега се известува дека Тарнер, кој неодамна глумеше во њујоршката романтична комедија „Само една ноќ“, се појави во студиото Бреј во Беркшир во петокот (30 октомври) на пробно снимање. Се претпоставува дека тест-снимките за улогата 007 се одржале во текот на викендот, со меѓу три и пет актери поканети на аудиција. Весникот „Сан“, исто така, истакна дека Тарнер се повлече од функцијата директор на продуцентската куќа „Твентитво филмс Лтд“, која ја основа минатата година со неговата сопруга Дуа Липа. Ова може да се протолкува како знак дека тој ги расчистува своите обврски пред големиот скок во кариерата со улогата на Бонд. Агентот во заминување 007, Даниел Крег, беше Бонд со најдолг стаж во историјата на франшизата, поминувајќи цели 15 години во улогата. Извор изјави за весникот: „Калум ги прави сите правилни потези за да стане следниот Џејмс Бонд. Улогата одзема време и посветеноста на неа е главен приоритет на продуцентите“. Во декември минатата година, Тарнер се појави како фаворит на обложувалниците за престижната улога; букмејкерот Coral ги стави неговите шанси да го наследи Крег на 7 спрема 4, ставајќи го пред оние како Арон Тејлор-Џонсон и Хенри Кавил. Официјалната потрага по нов агент 007 започна во мај оваа година, а оттогаш многу актери се споменуваат како наследници на Даниел Крег, кој ја напушти улогата во 2021 година со филмот „No Time To Die“. Ејми Паскал, која е продуцент на новиот филм за Џејмс Бонд за Амазон, рече дека новиот 007 ќе биде избран до крајот на 2026 година. "Ние сме навистина неверојатно методични. Мислам, Даниел Крег е тешко да се успее. И тоа мора да биде нешто сосема ново - нешто што го загрева срцето и возбудливо и различно", додаде таа. Том Холанд, наводно, не може да се пријави за улогата поради неговиот договор со Марвел, додека Тарон Еџертон се откажа од играње. Тарнер претходно избегнуваше новинарски прашања на црвениот тепих за неговата вклученост во проектот, а исто така и Елорди. Во меѓувреме, Гери Олдман тврдеше дека новиот Џејмс Бонд веќе добил улога, поддржувајќи ја неговата колешка од Slow Horses, Лоуден. Исто така, беше објавено дека челниците на франшизата размислуваат за актерот од House of the Dragon, Јуан Мичел, за улогата на негативецот во следниот филм. Следниот филм од оваа долгогодишна шпионска франшиза ќе го режира Денис Вилнев, според сценариото на креаторот на Пики Блајндерс, Стивен Најт. Тоа ќе биде првиот филм за Џејмс Бонд откако Amazon ја купи франшизата во февруари 2025 година. Тагови: џејмс бонд Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНародната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00