Атланта победи, Антиќ не играше - Канал 5

Атланта победи, Антиќ не играше

Македонскиот кошаркар Перо Антиќ не истрча на теренот кај Атланта која ноќеска славеше победа на гостувањето против Шарлот со 103:94 (26:29; 20:25; 34:16; 23:24).

Атланта победи, Антиќ не играше
Решавачка за триумфот беше третата четвртина, во која соиграчите на Антиќ доминираа на теренот.

За Атланта во седмиот натпревар ова беше победа број 4 или за првпат сезонава имаат повеќе победи од порази.

Предводник на триумфот беше Ал Хорфорд со 24 поени, додека Џеф Тиг постигна 14 поени со 12 асиситенции.

Утревечер Атланта го пречекува Њујорк.

На другите натпревари одиграни ноќеска беа постигнати следниве резултати: Индијана - Мемфис 95:79, Филаделфија - Сан Антонио 85:109, Бостон - Орландо 120:105, Чикаго - Кливленд 96:81, Хјустон - Торонто 110:104 (две продолженија), Јута - Денвер 81:100, Портланд - Детроит 109:103 и ЛА Клиперс - Минесота 109:107.

Вечерва се играат четири натпревари: Мајами - Милвоки, Далас - Вашингтон, Голден Стејт - Детроит и ЛА Лејкерс - Њу Орлеанс. /Извор: МИА/

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Разорен земјотрес во Колумбија: Најмалку 20 загинати, 20 згради урнати во еден град

Силен земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтеровата скала го погоди западниот дел на Колумбија, а потресите се почувствуваа во градови низ целата земја. 

Видео: Разорен земјотрес во Колумбија: Најмалку 20 загинати, 20 згради урнати во еден град

Американскиот геолошки институт (USGS) го регистрираше земјотресот во 7:34 часот по локално време. Епицентарот бил во близина на Сан Хозе дел Палмар во департманот Чоко, на длабочина од 107 километри.

Според првичните информации, загинале најмалку 20 лица и причинета е голема штета.

Се шират снимки од урнати згради. Во градот Кали се урнаа 20 згради. Гувернерката на департманот Чоко, Нубија Каролина Кордоба Кури, потврди дека од главниот град Кибдо пристигнуваат информации за повредени лица и „сериозни оштетувања на згради“.

Таа исто така предупреди на можноста од последователни потреси.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Полицијата речиси 24 часа го истражувала„телото“ пронајдено во куфер: Но, потоа е откриена бизарната вистина

Австралиската полиција била повикана на патот Волгон во Оален, на околу 60 километри јужно од Гулбурн, нешто пред 13 часот во неделата, откако граѓани пријавија дека пронашле предмети што личеле на човечки останки во куфер. 

Полицијата речиси 24 часа го истражувала„телото“ пронајдено во куфер: Но, потоа е откриена бизарната вистина

Полицијата во австралиската држава Нов Јужен Велс денеска соопшти дека „телото“ пронајдено во напуштен куфер покрај патот всушност не било тело, туку реалистична кукла за возрасни – факт што бил утврден дури по неколкучасовна форензичка анализа.

Австралиската полиција била повикана на патот Волгон во Оален, на околу 60 километри јужно од Гулбурн, нешто пред 13 часот во неделата, откако граѓани пријавија дека пронашле предмети што личеле на човечки останки во куфер.

На оддалечена локација, каде што во текот на ноќта кон понеделникот врнело силен дожд, полицијата воспостави место за истрага. Сигналот за мобилна телефонија во тој дел бил слаб, а немало ниту камери за видеонадзор.

Сепак, во понеделникот наутро, полицијата потврди дека во куферот се наоѓала многу реалистична кукла, облечена во облека, со коса и пирсинг на носот.

Полицијата на Нов Јужен Велс соопшти – како што пренесе австралискиот јавен сервис ABC – дека по форензичката анализа е утврдено оти пронајдениот предмет не претставува човечки останки.

„По извршените форензички анализи, полицијата потврди дека предметот пронајден во торбата е реалистична кукла, облечена во облека, со коса и пирсинг на носот“, се наведува во соопштението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мелони и Фредериксен бараат центри за враќање на мигрантите надвор од ЕУ

Италијанската премиерка Џорџа Мелони и нејзината данска колешка Мете Фредериксен во заедничка изјава предупредија на „неконтролираната миграција“ во Европа, повторно повикувајќи на формирање центри за мигранти надвор од Европската унија.

Мелони и Фредериксен бараат центри за враќање на мигрантите надвор од ЕУ

Италијанската премиерка Џорџа Мелони и нејзината данска колешка Мете Фредериксен во заедничка изјава предупредија на „неконтролираната миграција“ во Европа, повторно повикувајќи на формирање центри за мигранти надвор од Европската унија, со цел барателите на азил чии барања се одбиени да можат да бидат вратени во нивните матични земји.

„Не ја прифаќаме неконтролираната имиграција во Европа и се залагаме за строги имиграциски политики, како во нашите земји, така и на европско ниво“, напиша денеска Фредериксен во објава на Инстаграм. „Никој не може да негира дека илегалната имиграција има негативно влијание врз нашите општества: зголемени стапки на криминал, поголем притисок врз јавните служби и нарушување на јавната доверба.“

„Особено е сериозно кога илегалните мигранти, кои немаат право на престој во нашите земји, вршат насилство и кривични дела, се вклучуваат во трговија со дрога или се одговорни за сексуално насилство“, додаде Фредериксен.

Двете лидерки – единствените две жени што предводат влади во Европската Унија – инсистираа дека „мора да се воспостават центри за мигранти надвор од ЕУ за враќање во трети земји надвор од ЕУ, како и други иновативни решенија надвор од Европа“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер