Атланта ја искористи предноста на домашен терен за победа над Сакраменто - Канал 5

Атланта ја искористи предноста на домашен терен за победа над Сакраменто

Екипата на Атланта ја искористи предноста на домашен терен за триумф над Сакраменто 124:107 (28:26; 25:28; 32:33 и 39:20).

Атланта ја искористи предноста на домашен терен за победа над Сакраменто
Ова по подолг период значи две врзани победи за „јастребите“, а воедно и рекордни 124 поени на еден натпревар за тимот на нашиот Перо Антиќ оваа сезона. Македонскиот кошаркар одигра 5 минути и 38 секунди, а имаше еден скок. Кајл Корвер постигна 28 поени и за три поени од 10 обиди успеа да ги погоди осум пати.

Во дуелот на двете најдобри екипи од Источната конференција Мајами ја победи Индијана и и го нанесе петтиот пораз.

Резултати на ноќешните натпревари: Мајами - Индијана 97:94, Орландо - Јута 82:86, Торонто - Шарлот 102:104 (продолжение), Атланта - Сакраменто 124:107, Бостон - Детроит 106:107, Бруклин - Вашингтон 107:113, Милвоки - Њујорк 101:107 (две продолженија), Минесота - Портланд 120:109, Далас - Мемфис 105:91, Феникс - Сан Антонио 101:108, Хјустон - Чикаго 109:94 и Лос Анџелес Клиперс - Њу Орлеанс 108:95.

Пласман Источна конференција: Индијана 20-5 (победи-порази), Мајами 19-6, Атланта 14-12, Детроит 13-14, Шарлот 12-14, Вашингтон 11-13, Бостон 12-15,...

Пласман западна конференција: Оклахома Сити 20-4, Портланд 22-5, Сан Антонио 20-5, ЛА Клиперс 18-9, Хјустон 17-9, Далас 15-10,Феникс 14-10, Денвер 14-10,...



Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Двајца уапсени во кафуле во Тетово- кај газдата пронашле 15 пакувања дрога

Акциска контрола во угостителски објект во Тетово, пронајдена дрога, лишени од слобода две лица.

Двајца уапсени во кафуле во Тетово- кај газдата пронашле 15 пакувања дрога

На 23.10.2026, полициски службеници од Отсекот за криминалистичка полиција при СВР Тетово и од мобилниот тим „Task Force“ во координација со претставници од Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи спроведоа акциска контрола во угостителски објект во Градскиот трговски центар во Тетово.

Притоа, пред објект бил затекнат М.Р.(48) од Тетово и при преглед кај него била пронајдена бела прашкаста материја, по што е лишен од слобода. Додека, внатре во објектот, кај сопственикот Ј.Т.(54) од село Требош биле пронајдени 15 пакувања со бела прашкаста материја, по што и тој е лишен од слобода.

Двајцата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерот Муцунски ја предводеше владината делегација на одбележувањето на 23 Октомври

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Скопје ја предводеше владината делегација која положи цвеќе пред Споменикот на основачите на ВМРО, по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

Министерот Муцунски ја предводеше владината делегација на одбележувањето на 23 Октомври

По повод празникот, министерот Муцунски истакна дека 23 Октомври е потсетник на идеалите за слобода, самостојност и државотворност и ден на почит кон генерациите што го трасирале патот кон современата македонска држава.

„Наша обврска е тие идеали да ги чуваме со достоинство и да градиме силна, стабилна и меѓународно почитувана држава, одговорно водејќи ја кон напредок и нови достигнувања“, порача Муцунски.

Свои на своето – нека е честит Денот на македонската револуционерна борба!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Двајца кумановци нападнаа повозрасен маж за да го принудат да земе брз кредит, уапсени се

Лишени од слобода две лица од Куманово, физички нападнале и ограбиле повозрасен маж и се обиделе да го принудат да земе брз кредит од финансиско друштво.

Двајца кумановци нападнаа повозрасен маж за да го принудат да земе брз кредит, уапсени се

На 22.10.2026 во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода 45 - годишната С.Б. и Р.Т.(52) од Куманово. Според пријавеното, С.Б. измамила и повикала во својот дом 64-годишен маж наводно за да ѝ помогне да купи мобилен телефон, а кога пристигнале во дворот Р.Т. физички го нападнал, а таа му одзела пари и телефон . Како што е пријавено, после тоа го принудиле да отиде во финансиско друштво за да подигне брз кредит, но тој успеал да ѝ сигнализира на вработената дека е принуден да го прави тоа, по што повикала полиција.

Двајцата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер