Андоновски: Обвинителството да ги истражи документите за загадена вода по кои Филипче и Младеновска не реагирале, а последиците се огромни
1Андоновски: Обвинителството да ги истражи документите за загадена вода по кои Филипче и Младеновска не реагирале, а последиците се огромни
Дали изневерувате, а не сте ни свесни за тоа? Овие се 7 навики кои можат да ја уништат врската, иако не изгледаат како изневерување
2Дали изневерувате, а не сте ни свесни за тоа? Овие се 7 навики кои можат да ја уништат врската, иако не изгледаат како изневерување
НБАAтланта го официјализираше договорот со Перо АнтиќКапитенот на црвено жолтите Перо Антиќ ќе биде првиот Македонец во најсилното светско кошаркларско првенство , потврди вечерва тимот на Атланта . НБА екипата Атланта Хокс штотуку и официјално потврди дека потпишале договор со македонскиот репрезентативец Перо Антиќ. - Перо е голем и сестран играч кој ќе ја продлабочи нашата игра напред на теренот. Ќе се вклучи добро во тоа тимот што го градиме и возбудени сме што можеме да го приклучиме на нашиот тим, вели Дени Фери, оперативен претседател на клубот, во соопштението на јастребите од Атланта. Притоа, не се наведуваат детали за договорот кој е потпишан. Поради правилата во НБА за дебитанти ,платата на Антиќ не смее да биде помала од 500 000 долари. НБА клубот наведува дека 30 годишниот Антиќ е капитен на македонската кошаркарска репрезентација на која и помогнал да дојде до полуфиналето на Европското првенство во Литванија. Наведени се и клубовите за кои настапувал Антиќ, од Работнички, преку Србија, Бугарија, Русија и Грција, до досега најголемиот успех – да биде прв Македонец во најдобрата светска лига.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАндоновски: Обвинителството да ги истражи документите за загадена вода по кои Филипче и Младеновска не реагирале, а последиците се огромниСДС и актуелното раководство се последни кои можат да зборуваат и критикуваат за ситуацијата во Гостивар со водата. СДС и актуелното раководство се последни кои можат да зборуваат и критикуваат за ситуацијата во Гостивар со водата. А зошто, бидејќи за периодот додека биле на власт има извештаи кои јасно укажуваат дека водата во Гостивар не била со соодветен квалитет. Во тој период, актуелното раководство на СДС како Венко Филипче и Рената Младеновска молчеле. Филипче како министер за здравство и Рената Младеновска како директор на Државниот инспекторат за санитарен и здравствен инспекторат не мрднале ни со прст по ниту еден извештај за неисправноста на водата во Гостивар. Молчеле што укажува дека се грижеле за функциите, власта и интересите на мала група на луѓе од власта. Филипче и Младеновска замислете уста не отвориле за околу 400 документи кои укажувале дека водата во Гостивар не била со соодветен квалитет. За разлика од нив, од оние седум години владеење на СДС, сега Владата и сите надлежни институции реагираа веднаш, по што за само една недела граѓаните на Гостивар добија технички исправна вода. Во меѓувреме, секојдневно се работи на тоа граѓаните на Гостивар да добијат и флаширана вода за пиење додека се санира ситуацијата и водата не ги добие сите соодветни карактеристики што ќе укажат дека е и за пиење. Сега останува само надлежните институции од правосудството да реагираат, поточно јавното обвинителство, да ги истражи документите од тој период бидејќи последиците се далекусежни. Мартин Андоновски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВодата во Свети Николе не е за пиење: Утврдени се микробиолошки отстапувања на две мерни местаТри дена во Свети Николе не се пие водата од водоводот. Градоначалникот на Свети Николе, Дејан Владев, соопшти дека се пронајдени микробиолошки отстапувања во водата од водоводната мрежа, поради што се обезбедени цистерни со вода за готвење и пиење.„При редовни неделни контроли на две мерни места низ градската водоводна мрежа, и покрај утврденото присуство на резидуал хлор од 0,4 мг/л кој е главен индикатор за безбедна вода за пиење, се утврдени и микробиолошки отстапувања. Се работи за примерок земен од чешма која е на отворен простор во јавен објект, кој е непосредно до местото на дефектот, што во моментот се санира и уште еден примерок земен од внатрешна водоводна мрежа на комерцијален објект“, се наведува во соопштението од јкп комуналец свети николе, кое го сподели градоначалникот Владев.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31Августовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00На 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38Живата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:08
Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00
ФудбалВо автобус на фудбалски клуб пронајдени 86,5 кг марихуанаСкандал на векот во фудбалот на Боливија. Во автобус на клуб пронајдени 86,5 килограми марихуана!Фудбалскиот натпревар меѓу Боливар и Сао Паоло падна во втор план поради неверојатниот скандал што ја потресе експедицијата на бразилскиот гигант! Боливиската полиција заплени дури 86,5 килограми марихуана во автобусот што требало да ги превезува фудбалерите на бразилскиот Сао Паоло, а поради целиот случај се уапсени тројца возачи. Инцидентот се случи во близина на Кочабамба, каде што припадници на боливиската полициска единица УМОПАР (UMOPAR) запреле автобус за рутинска контрола. Но, неочекуѕвано во автобусот биле пронајдени четири торби полни со дрога, по што следувла голема полициска операција. Возилото било ангажирано за потребите на експедицијата на бразилскиот клуб, но било запленето пред да може да ги преземе играчите. Сао Пауло за „UOL“ потврди дека превозот бил организиран од боливиската компанија „Buses Cosmos“, која обезбедила втор автобус по полициската акција. Така, експедицијата на бразилскиот гигант го продолжила патувањето без проблеми, додека полицијата ги привела тројцата возачи одговорни за возилото. Според информациите од Бразил, компанијата „Buses Cosmos“ ја презела одговорноста за ангажираните возачи и изјавила дека клубот немал никаква поврзаност со запленетата дрога. Сао Пауло се наоѓа во Боливија за натпреварот од осминафиналето на Копа Судамерикана против Боливар, а клубот изготви посебен план за патување поради надморската височина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31Августовски испитен рок за матура денеска и во петок, полагањето ќе биде во четири градови08:41Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00На 11 август пред 34 години Македонија ги доби знамето и химната „Денес над Македонија“08:38Живата од термометрите останува „заглавена“ на 40 степен15:08
Последните анализи влеваат надеж – ќе протече ли во четврток питка вода од чешмите во Гостивар?.. 15:00