Атина два дена без такси превоз - Канал 5

Атина два дена без такси превоз

Таксистите во областа Атика, поширокиот регион на Атина во 6 часот утрово започнаа 48-часовен штрајк, со што грчката метропола денеска и утре ќе биде без такси превоз.

Атина два дена без такси превоз

Штрајкот е организиран од синдикатот на такси превозници (САТА) кои реагираат за министерската одлука со која им се дозволува на приватни комбиња да пренесуваат патници.

Паралелно, бараат повлекување на конкретната одлука, но ги истакнуваат и останатите нивни барања како што се: поддршка на професионалните такси возачи; ставање крај на дигиталните платформи за такси превоз; итно решение за хроничните проблеми на таксистите; дозвола за движење во автобуските ленти итн.

-Оваа борба не е само за таксистите. Тоа е борба за демократија, за достоинство, за правото на работа. Тоа е и борба за патниците, соопштија од САТА.

Штрајкот на таксистите ќе заврши в четврток во 6 часот наутро. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сообраќај по претежно суви коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Сите патни правци во државата се проодни.

Сообраќај по претежно суви коловози

На одредени патни правци кои поминуваат низ усеци и клисури можна е појава на поситни одрони.

ЈП „Македонија пат“ апелира на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

-Дежурните екипи се постојано на терен и ги одржуваат проодни сите патни правци, наведува претрпијатието.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дел од Ѓорче Петров денес без струја

Поради планирани работи на електродистрибутивната мрежа, денес без електрична енергија ќе останат дел од жителите на општина Ѓорче Петров.

Дел од Ѓорче Петров денес без струја

Според известувањето од ЕВН Македонија АД, во периодот од 09:30 до 14:30 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците „Ѓурчин Кокале“, „Мечкин Камен“, „Македонска Преродба“ и „Борис Сарафов“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Биљал Касами во „Само интервју“

Почитувани, вечерва во Само Интервју ќе гостува копретседателот на Вреди и градоначалник на Тетово, Биљал Касами.

Биљал Касами во „Само интервју“

Владата се реконструира, коалицијата се прошири, Вреди добија министерство плус, сработеното или политичките калкулации, што беше пресудно за новитетите? Се подготвува ли терен за предвремени избори?

Какви имиња ќе добијат улиците во Тетово по одлуката на Уставен?

Во која насока се придвижува блокираната евроинтеграција по самитот ЕУ-Западен Балкан во Тиват? Се реализираат ли реформите со очекувано темпо?

Колку Влен ги оправда очекувањата на Албанците и ја донесе промената што ја ветија? Дали наместо соочување со одговорност, ДУИ ќе се врати на бел коњ?

Вечерва во Само Интервју кај Гоце Михајлоски ќе гостува , Биљал Касами, веднаш по централните вести.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер