3Mладите ракометарки од Ѓорче Петров најдобри во Македонија ќе настапат на меѓународното „Плазма“ финале во Сплит
1Пациентите со трансплантирани органи без дополнителен трошок – Myfortic ќе биде достапен без доплата
КултураАтина домаќин на Европските филмски награди во 2027 годинаАтина ќе биде домаќин на 39 Европски филмски награди, кои, според општината, првпат ќе се одржат во град во југоисточна Европа.За две години, на средината на јануари 2027 година, Атина ќе биде домаќин на 39 Европски филмски награди, кои, според општината, првпат ќе се одржат во град во југоисточна Европа, „факт што претставува значајно признание за Атина и за позицијата на градот како единствена дестинација за меѓународни филмски продукции“, јави дописничката на МИА од Атина. Предлогот Атина да биде град-домаќин го подготвил Грчкиот центар за филм, аудиовизуелни средства и креативност „Creative Greece“, го доставил до Европската филмска академија и бил прифатен, церемонијата ќе се одржи на 16 јануари 2027 година во Културниот центар на Фондацијата Ставрос Ниархос, а активностите во пресрет на доделувањето на наградите ќе започнат 12 месеци претходно, со бројни настани посветени на грчката и европската кинематографија. - Со голем ентузијазам ќе бидеме домаќини на Европските филмски награди. Атина е жив и гостопримлив град, кој со посетителите го споделува своето богато културно наследство во комбинација со модерниот, надграден имиџ. Со право беше прогласена за водечка светска културна дестинација за 2024 година на „World Travel Awards“. И сега, со честа што ни ја прави Европската филмска академија, позицијата на нашиот град како популарна дестинација за филмската индустрија е официјално признаена, рече градоначалникот на Атина Харис Дукас, објаснувајќи дека преку Athens Film Office им помагаат на меѓународните и домашните продукции. Од општина Атина информираа дека токму Athens Film Office во 2024 година придонела за 28 меѓународни продукции, кои се проценува дека на локалната економија и обезбедиле 2.000 работни места и приходи од 40 милиони евра./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканГрција во пламен: Пожарникарите се обидуваат да го спречат ширењето на пожаротДенес во регионите Варда и Илија во западен Пелопонез, Грција, избувна пожар, кој зафати ниска вегетација.Според првичните информации, 20 пожарникари, седум возила и три авиони се вклучени во гаснењето на пожарот, објавува „Катимерини“. Локалните самоуправи исто така даваат помош во гаснењето на пожарот, а на лице место се наоѓаат цистерни за вода и градежна механизација. Западен Пелопонез моментално е под висока пожарна тревога. Извор: Б92Тагови: грција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21Крај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
МетеоУтре сончево со мала до умерена облачностВремето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне претежно во југоисточните делови ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 18, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 35 степени. Следува период на стабилно и потопло време освен во вторник кога ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи.Тагови: сончево Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаГруби останува во куќен притвор до 13 септемвриПоранешниот вицепремиер Артан Груби останува во куќен притвор, кој му е продолжен откако вчера беше поднесено обвинение за случајот ,,Лотарија”, информираа од Кривичниот суд.Судењето против Груби и останатите седум обвинети во овој случај ќе стартува на 24 август. Груби ќе седне на обвинителна клупа, но не за „проневера во службата“, туку за „злоупотреба на службената положба“. Од обвинителството појаснуваат дека при одредување на правната квалификација во поднесеното обвинение, надлежниот јавен обвинител се водел од доказите прибрани во текот на истражната постапка.Тагови: Груби Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter