Атиџе и екипата од ,,Медена земја” ни донесоа огромна радост во 2020 - Канал 5

Атиџе и екипата од ,,Медена земја” ни донесоа огромна радост во 2020

Атиџе Муратова и екипата на документарниот филм „Медена земја“ ни дадоа повод за радост и со номинацијата за два  Оскари. 

Атиџе и екипата од ,,Медена земја” ни донесоа огромна радост во 2020

Ноќта на Оскарите во 2020 ја остави речиси цела Македонија будна, во исчекување на двете категории каде што беше номинирана нашата „Медена земја“.Вонсериски документарец,кој со гордост можеме да го издвоиме како светла точка во изминатата 2020 година...

Екипата состави ремек дело во кое ја документираше приказната на една жена која несебично го чува кршливиот баланс помеѓу човекот и природата.

Земаме само половина, половина за нас, половина за нив..

Најсилен впечаток на екипата е кога ја запознале хероината, велат тоа беше моментална хемија, веднаш ги пленила духот и добрината на жената која мечтаела да се раскже нејзината приказна, како една од последните одгледувачки на диви пчели во Европа, но таа не ни сонувала дека светот ќе слушне за нејзиниот живот.

Пред еден ден ми кажуваше нешто дека ќе чујам добри вести, и таа вечер пуштив случајно радио и две номинации вика медената земја има и многу се радував.

Кај екипата емоциите и сеќавањата се уште се свежи...Се како да се случи вчера, по речиси година, жарот од „Медена земја“ се уште гори во мене и се надевам ќе потрае, вели Фејми Даут еден од кинематографите на „Медена земја“...

Фејми Даут и Самир Љума успеаја да ја освојат една од најпрестижните кинематографски награди, American Society of Cinematography, за која Даут вели дека мечтаел уште како студент.

,,Не ни замислував дека ќе постигнам таков успех. Додека бевме на академија, 2000та, ги читавми тие магазини на Американ синематографи, ги гледаш кој се постигнал успеси и награди и си викаш, дај боже некој ден и јас да се најдам на таа листа и се случи тоа.

Трудот во „Ханиленд“ не само што им ја донесе наградата, туку Даут и Љума станаа дел од историјата на АСЦ.

,,За прв пат се случува на АСЦ да се кандидираат документарни филмови, значи тоа не било претходно случај, и прв пат историски да ние го добиеме тоа како награда, мислам дека тоа повеќе ми значи отколку самата награда, да таа е вредна и секој би ја посакал од нашава фела, убаво е чувството.

Атиџе пак вели дека нема никогаш да го заборави првиот лет со авион во животот, кога со екипата патувала кон Швајцарија.

,,Тоа ми беше најинтересно, прв пат дека се возам со авион, па луѓето ме прашуваа дали ми беше страв. Викам како птица на небото, мислам дека целата тежина ја оставив во Швајцарија таму...

Од кочан зими до неподносливо високи температури, тригодишното снимање на „Медена земја“ не било воопшто медено, но одлучноста на Љубомир Стефанов, Тамара Котевска,Фејми Даут, Атанас Георгиев и Самир Љума била поголема од сите искушенија, па така го добивме „Ханиленд“, најнаградуваниот филм на Санденс фестивалот, односно документарецот кој освои преку 12 награди низ светот, вклучително две оскар номинации.

Позитивната критика за „Медена земја“ ечеше од секое светско ќоше, Њу Јорк Тајмс, го опиша како документарец кој содржи светови во една преубава приказна, а нивниот главен филмски критичар Ентони Оливер Скот го постави како најдобар меѓу најдобрите кои 2020та се бореа за престижниот оскар. Други пак велат, документарец, кој вљубениците во филмот чекаат со години да се произведе...

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лефков: Филипче и СДС останаа заробени во сопствените лаги, ВМРО-ДПМНЕ одговара со факти и резултати

Откако обидите за создавање паника околу водата пропаднаа пред фактите, од СДС нема ниту извинување, ниту преземање одговорност за кажаното. 

Лефков: Филипче и СДС останаа заробени во сопствените лаги, ВМРО-ДПМНЕ одговара со факти и резултати

Напротив, продолжуваат со истата матрица, нов ден, нова конструкција и нов обид за создавање хаос.

Тоа е разликата која граѓаните ја гледаат. Додека СДС произведува политички приказни, ВМРО-ДПМНЕ работи и испорачува резултати.

Филипче може да одмора со Заев во Паљури, на милионската јахта, но не може бесконечно да бега од одговорноста за политиката што ја води неговата партија.

СДС треба да одговори, зошто ниту еден пакет вода не донираа за Гостивар и зошто не го повикаа градоначалникот Лимани на одговорност? До кога секој нивен политички неуспех ќе го покриваат со нова дезинформација и нов обид за паника?

Граѓаните веќе ја препознаваат оваа матрица. Македонија има потреба од одговорност и работа, а не од опозиција која сопствениот недостаток на идеи се обидува да го надомести со хаос и страв.

Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Легендарни имиња во НБА Куќата на славните

Кошаркарската Куќа на славните е побогата за осум имиња.

Легендарни имиња во НБА Куќата на славните

Во 2026 година, Кошаркарската куќа на славните „Нејсмит“ во Спрингфилд е збогатена за осум легенди.

Во историјата на овој спорт со златни букви се запишани нови осум имиња.

Станува збор за кошаркарот Амари Стаудемајер, кошаркарките Кендис Паркер, Елена Деле Дон и Шамик Холдскло, тренерите Док Риверс, Марк Фју и Мајк Д'Антони, како и судијата Џои Крофорд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претседателот на Тајван, Лаи Чинг-те, најави план вреден 7,4 милијарди долари

Претседателот на Тајван, Лаи Чинг-те, најави план вреден 7,4 милијарди долари, по 314 долари од „дивидендата од вештачката интелигенција“ за секој граѓанин.

Претседателот на Тајван, Лаи Чинг-те, најави план вреден 7,4 милијарди долари

Претседателот на Тајван, Лаи Цинг-те, најави финансиски пакет вреден 7,4 милијарди долари (235,7 милијарди тајвански долари), според кој секој граѓанин ќе добие директна парична исплата од 314 долари.

Одлуката уследи откако силниот замав во технолошкиот сектор го зголеми годишниот раст на бруто-домашниот производ (БДП) на Тајван на рекордни 11,05 отсто, што претставува највисока стапка на раст на островот во последните 40 години.

Посебно внимание се посветува на начинот на кој беше финансиран проектот. Владата во Тајпеј успеа да обезбеди директна финансиска помош за домаќинствата преку целосно избалансиран централен буџет, без дополнително државно задолжување, додека истовремено издвојувањата за национална одбрана за првпат во историјата надминаа еден трилион тајвански долари. Овој потег ја истакнува јасната разлика во поглед на регионалното економско лидерство.

Додека властите во Пекинг, на кинеското копно, се соочуваат со криза во секторот на недвижности и пад на довербата на потрошувачите, избраното раководство на Тајван успева технолошката експертиза и економскиот раст директно да ги преточи во придобивки за своите граѓани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер