3Хали Бери го прославува 60-тиот роденден со жешки фотографии: „Не ми е гајле што мислат другите луѓе“
СветАтентаторот врз заменик началникот на руската ГРУ , генерал Алексеев, уапсен во Дубаи Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) денеска објави дека во Дубаи е уапсен маж осомничен за вооружениот напад врз врвниот руски воен разузнавач Владимир Алексеев во Москва.Осомничениот веќе е екстрадиран во Русија, објавија британските медиуми. Генерал-потполковник Владимир Алексеев, заменик-началник на ГРУ, руската воена разузнавачка служба, во петокот беше застрелан повеќе пати во станбена зграда во Москва, потврдија истражителите. Според извештаите на руските медиуми, Алексеев бил опериран по нападот. ФСБ објави дека рускиот државјанин Љубомир Корба е уапсен во Дубаи под сомнение дека го извршил нападот. Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, ја обвини Украина дека стои зад обидот за атентат, велејќи дека целта била саботирање на мировните преговори. Украина негираше каква било поврзаност со нападот. Во меѓувреме, претпоставениот на генералот Алексеев, адмиралот Игор Костјуков, кој ја предводи ГРУ, ја предводеше руската делегација на преговорите со Украина во Абу Даби. Темата на преговорите беа безбедносните аспекти на потенцијалниот мировен договор.Тагови: русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06 Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
МакедонијаМицкоски: Во Белгија немав политички средби, но имав состаноци со инвеститориЕднонеделната посета на Белгија на премиерот и неговото семејство била без политички средби но тој одржал состаноци со странски инвеститори, одговори премиерот Христијан Мицкоски на опозициските обвинувања.Еднонеделната посета на Белгија на премиерот и неговото семејство била без политички средби но тој одржал состаноци со странски инвеститори, одговори премиерот Христијан Мицкоски на опозициските обвинувања за наводно водење тајни преговори за европската иднина на Македонија за време на семејното патување. Целта на семејното патување во Белгија, како што појасни Мицкоски, била посета на историско-културни места во земјата. -Дел од воспитувањето кое што го имам јас со моите два сина е да, еднаш годишно, отприлика викенд, четврток – недела, одиме во некој европски град и таму посетуваме значајни, би рекол, места и разговараме и ја изучуваме историјата на таа држава. // Рековме екскурзијата да ја прошириме и тоа да биде научно-образовна екскурзија во Белгија. // Да, бев три дена во Брисел и немав политички средби, исто така правевме обиколка во Брисел, имав три средби со инвеститори, кои што во Македонија се во завршна фаза на постигнување договор,- - Христијан Мицкоски, претседател на Влада. Како што велат од опозициската СДСМ, премиерот во Брисел одел на „неофицијални“ разговори и средби за европскиот пат на државава, без знаење и учество на дипломатијата, туку со семејството. Од СДСМ посочуваат дека доказ оти имало разговори зад затворени врати, биле неодамнешните изјави на шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски и на евроамбасадорот Михалис Рокас. -Што договараше Мицкоски „под радар“ на екскурзијата во Брисел? Како е можно шефот на државата да носи со себе сопруга и деца на средби од кои зависи судбината на два милиони граѓани? Одговорот е еден и јасен: Мицкоски ја третира Македонија како своја приватна сопственост. // Граѓаните имаат право да знаат: Што е договорено? Што е прифатено? Што е скриено? Македонија не е приватна фирма на Мицкоски, иако тој ја гледа така и нејзината иднина не се договара на семејни екскурзии,- -СДСМ. Премиерот Мицкоски денеска беше прашан и за коментар на изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ кој рече дека српската црква е „иста и во Скопје и во други градови низ светот“. Мицкоски не сакаше да ја коментира оваа изјава која предизвика и реакција од МПЦ – ОА , бидејќи како што рече, не сака да навлегува во комуникација која што прилега на минатиот век. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода15:00Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06 Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
Видео: Разорен земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, десетици загинати09:06
Повикани 13 лица поради ширење на лажни информации за водата во Скопје, но не се знае кој прв почнал15:00
После повеќе од 33 часа пожарникарите од ТППЕ Битола ги изгаснаа пожарите во повеќе села во Општина Могила, Новаци и Битола12:20
Стабилна е состојбата со пожарите изјави утринава директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов08:21
МакедонијаГостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без водаМеѓу гостиварци полека се враќа довербата дека водата од градскиот водовод е исправна и безбедна за пиење. Велат дека ги почитуваат инструкциите на надлежните и повторно ја користат водата од чешмите, но сепак, по речиси еден месец неизвесност, од од нив и натаму пристапуваат со претпазливост. Дел од Гостиварци велат довербата не се враќа преку ноќ, но добро е што сите инстутуции се обединија и брзо реагираа. Особено претпазливи се оние кои во изминатиот период поминале и низ здравствена голгота и побарале лекарска помош, па велат и стравот оправдано е тука. Надлежните најавија дека редовниот мониторинг на водоводот ќе продолжи и во иднина и дека наместо сегашните два пати, анализите ќе се вршат три пати неделно. Проблемот со загадувањето на водоснабдителниот систем во Гостивар предизвика здравствени проблеми кај околу 5.000 жители. Откако анализите покажаа неисправност, на 17 јули беше воведена забрана за нејзино користење за пиење. Во меѓувреме следуваа повеќе лабораториски испитувања и земање мостри од водоводниот систем и хиперхлорирање, а граѓаните беа принудени да користат флаширана вода или вода од цистерни. За случајот со загадувањето на водата со фекалии, Артана Асани, Леон Уредини и Вадедин Дервиши, кои беа на раководните позиции во ЈП „Комуналец“, добија 30-дневен притвор. Тие се осомничени дека со дејствија поврзани со водоснабдителниот систем овозможиле мешање на загадена вода со водата наменета за пиење.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаШест активни пожари во Македонија, еден под контрола На територија на државата активни се шест пожари, а еден е под контрола. Центарот за управување на кризи информира дека регистрирани се вкупно 27 пожари од кои 20 се изгаснати.Активни се пожарите на потегот меѓу селата Моране – Вртекица – Рамни Габер, кај месноста Видуш, кај село Драгов Дол и кај село Локвица во општина Македонски Брод и кај селото С’лп во општина Велес. Активни пожари има и кај селото Копанце во општина Јегуновце, кај селата Борино – село Житоше во општина Крушево и кај селото бојане во општина Сарај.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter