КошаркаАтаман и се закани на Евролигата: Внимавајте што правите, Панатинаикос може да оди во НБА Кошаркарскиот тренер на Панатинаикос, Ергин Атаман, ги предупреди евролигашите да внимаваат што прават, бидејќи неговиот тим може да го напушти ова натпреварување и да се пресели во НБА лигата.Турскиот стручњак ова го кажа при промоцијата на новата клупска апликација, и по триумфот над Макаби 93:87 во натпревар во кој имаше многу поплаки за судењето. -Панатинаикос е голем клуб, можеби и најголемиот во Европа. Ја имаме најдобрата сала во Европа, ги имаме најдобрите навивачи во Европа, имаме најдобри резултати во Европа, а сега ја имаме и најдобрата апликација. Челниците на Евролигата треба да размисли како се однесуваат со нас, бидејќи можеби ќе добиеме покана да играме во НБА лигата, но тамошните клубови се плашат да играат во нашата сала, изјави Атаман. Сепак, ова веројатно беше само шега како дел од маркетиншката кампања за промоција на новото партнерство, но ова не е прв пат Атаман да ги поврзува Панатинаикос и НБА лигата. -Бостон ја освои титулата во НБА лигата и на социјалните мрежи оставија порака „шампиони на светот“, а потоа од Евролигата одговорија дека овој тим треба прво да го победи овој тим и ја објавија нашата фотографија. Американците имаат високо мислење за себе, а јас им велам ако мислат дека се најдобри на светот, нека дојдат да не победат нас, шампионите на Европа, изјави Атаман пред неколку месеци./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија„Вработените“ во пералната и без пари и без работаПред министерството за здравство денеска повторно протестираа вработените од пералната на Клиничкиот центар кој не ги добија 17 те плати, а сега останаа без работа. Тие бараат од министерот да не ги заборави и да им ги исполни основните права во правото на работни односи. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАлиу: Европски средства за подобро здравствоМинистерството за здравство ќе добие средства од Европската унија. Оваа програма ќе е значајна за здравството во делот на развојот, изјави министерот за здравство Алиу. Во оваа прогама може да конкурираат сите здравствени установи и болници, потенцира Алиу. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Пилешко во зеленчукВо петок (19.06.2026) во емисијата гостин ни бeше Александар Спасенцовски.Состојки за денешниот рецепт: 250 гр. пилешки стек половина тиквичка 1 рендан морков 1 зелена пиперка 1 црвена пиперка половина главица кромид кисела павлака масло сол и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook