Аталанта победи на девет натпревари по ред во Серија А - Канал 5

Аталанта победи на девет натпревари по ред во Серија А

Аталанта вчеравечер го победи Милан (2:1) на домашен терен во натпревар од 15. коло на Серија А.

Аталанта победи на девет натпревари по ред во Серија А

Тимот од Бергамо ја продолжи својата победничка серија на девет натпревари, повторувајќи го својот рекорд поставен од февруари до јули 2020 година.

Аталанта моментално води во италијанското фудбалско првенство со 34 бодови. Наполи кој заостанува два бода утре ќе се соочи со Лацио./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

15 загинати во руски напад врз Киев – Украина алармира дека се соочува со недостиг на противвоздушна одбрана

Најмалку 15 луѓе се убиени, а неколку десетици се ранети во најновиот бран руски ракетни напади врз Киев додека Украина продолжува да се соочува со недостиг на ракети за воздушна одбрана.

15 загинати во руски напад врз Киев – Украина алармира дека се соочува со недостиг на противвоздушна одбрана

Мета на нападите кои почнаа околу полноќ биле станбени блокови и магацини, а според украинските власти, погодени биле и детеска болница и училиште.

Руското министерство за одбрана ги потврди нападите и соопшти дека користело прецизно воздушно, копнено и поморско оружје за таргетирање воени објекти и магацини.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека смртните случаи се резултат на недостаток на ракети за воздушна одбрана.

-Сè додека Украина нема доволно антибалистичко оружје, Русија нема сериозно да размислува за мир, напиша Зеленски на телеграм. Извштаите сугерираат дека Русија истрелала најмалку 20 ракети, од кои ниту една не била пресретната од украинската противвоздушна одбрана..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По Љутков, и екс-министерот Салиу стана национален координатор

Шабан Салиу, поранешниот министер без ресор, задолжен за интеграција и имплементација на стратегијата за инклузија на Ромите, доби нова владина функција - Национален координатор за следење на стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030.

По Љутков, и екс-министерот Салиу стана национален координатор

Салиу ја добива оваа функција истовремено со Зоран Љутков кој беше назначен за Национален координатор за култура. И двајцата за време на реконструкцијата на владата беа разрешени како министри - едниот без ресор, а другиот за култура.

Салиу, инаку, е на обвинителна клупа во големиот предмет за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“. Тој е еден од обвинетите поранешни директори на дирекцијата за заштита и спасување, институција со која раководел во периодот од 2012 до 2017 година и која, според обвинението, не извршила ниту една инспекција во дивата дискотека.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче се одморил на јахтата на Заев, но не одмора од кажување на лаги

Филипче се одморил на јахтата на Заев, но не одмора од кажување на лаги, човекот кому му се запали модуларна болница треба да одговара, а не да држи прес-конференции .

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче се одморил на јахтата на Заев, но не одмора од кажување на лаги

РЕАКЦИЈА НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА ВЕНКО ФИЛИПЧЕ

Филипче се врати од Паљури, откако фатил боичка сончајќи се на луксузната скапа јахта на Заев и се појави на прес-конференција да лаже и да манипулира.

Човекот кој е директно виновен за не поставување на минимум техничка спецификација за модуларната болница која се запали во Тетово и во која загинаа 14 лица, треба да одговара, а не да држи прес-конференции.

Но, бидејќи се уште се најголема опозициска партија на хартија, да им одговориме на прозивките.

За Гостивар, граѓаните веќе знаат кој ја реши ситуацијата, поради неспособноста на Валбон Лимани, кадарот на Филипче, Ахмети и Таравари. Додека Филипче се сончаше на јахтата, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја среди ситуацијата со водата, и истата е достапна и за техничка употреба но и за пиење. Во следниот период, надлежните органи треба да се позанимаваат со тоа кој е виновник за оваа криза, но и за над 400 негативни испитувања кои биле криени од Филипче за Гостивар, додека тој бил министер за здравство.

Во однос за просечната плата, во периодот од јули 2024 до мај 2026 година просечната плата се зголемила за 8.583 денари, или просечно за 373 денари месечно, додека пак од 2017 година до 2024 година кога власта ја предводеше СДС таа се зголемила за 18.444 денари или околу 220 денари месечно. Да резимираме, бројките кои СДС ги постигнала за 7 години владеење, ВМРО-ДПМНЕ ќе ги реализира за еден мандат.

Во однос на просечната старосна пензија, истата во периодот од 2017 година до 2024 година кога СДС владееше со државата, се зголемила за 7.664 денари или за 84 месеци влада, истата месечно се зголемувала за 91 денар. Од друга страна, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, за само година и пол, пензијата ја зголеми за 7.000 денари, или во просек месечно за близу 300 денари. Тоа што СДС го направил за 7 години власт, ВМРО-ДПМНЕ го реализираше за 18 месеци.

Јавниот долг пак, се зголемил од 47,7% во 2017 од БДП, и стигнал до 61,4% од БДП во 2024 година, односно власта на СДС. Последните две години Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ успеа да го намали на 58,8%, односно за приближно 3% помалку.

И секако омилената тема на СДС, а таа е инфлацијата, само кратко. Во времето на СДС, поточно јули 2022 година, Македонија имаше просечна инфлација од 16% и таа беше во првите три највисоки во поширокиот регион и Европа, а денес, јули 2026 година, истата изнесува 2,3% и е една од најниските стапки на инфлација, во поширокиот регион и Европа.

Успешните економски политики на ВМРО-ДПМНЕ, Венко Менгеле не може да ги побие со држење на прес-конференции за кои и блиските околу него не му веруваат.

Сепак ако Филипче смета дека граѓаните му веруваат на него, а не на ВМРО-ДПМНЕ, секако дека може да повика на избори, па да видиме граѓаните што мислат.

Но, стравот од можно изборно соочување се виде во очите на Филипче. И самиот е свесен дека ќе доживее таков дебакл, а по тој дебакл ќе треба да си замине засекогаш од политиката.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер