СДСМ: Платформа за иднината на Мицкоски на која ѝ помина 12 часот a со него им помина и времето, ЗНАМ 2.0 нема да помине
1СДСМ: Платформа за иднината на Мицкоски на која ѝ помина 12 часот a со него им помина и времето, ЗНАМ 2.0 нема да помине
ЖивотАстрономски календарДенеска е вторник, 17 октомври 2023 година, 290-иот ден во годината. До крајот на годината остануваат 85 дена.Сонцето во Скопје изгреа во 6 часот и 48 минути, а ќе зајде во 17 часот и 50 минута. Денов трае 11 часа и 1 минути. Месечината која е во фаза на млада Месечина ќе изгрее во 9 часот и 35 минути, а ќе зајде во 19 часот и 3 минути. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Платформа за иднината на Мицкоски на која ѝ помина 12 часот a со него им помина и времето, ЗНАМ 2.0 нема да поминеГрупата што некогаш го водеше СДСМ. Денеска нов ЗНАМ 2.0. Андреј Петров. Игор Ивановски–Шема. Никола Ќуркчиев. Гордан Георгиев. Славјанка Петровска.Истите луѓе што ја доведоа партијата до изборен пораз. Истата екипа што помогна да се направи ЗНАМ 1.0. Иста екипа што молчеше додека Мицкоски го делеше СДСМ. Денеска таа екипа ја предава својата партија за тендерите на Мицкоски. Денеска за нив СДСМ вреди 1,6 милиони евра. Помалку од Дејвид Гета. За нив е само личен интерес. Затоа и министрите од ЗНАМ 1.0 јавно им даваат поддршка. ЗНАМ 1.0 со јавна поддршка за на ЗНАМ 2.0. Зошто некој би барал „реформи“ токму сега - кога СДСМ е единствената опозиција што се бори против организираната криминална група ВМРО и арамијата Мицкоски? Зошто токму на денот кога им кажавме на граѓаните дека трговец со оружје - уапсен, со казна платена од човек од кокаински канал, му ја плаќа агендата на Мицкоски? Токму кога објавивме дека ВМРО-ОКГ планира грабеж на националните ресурси. Кога го објавивме планот за рудниците. Токму тогаш се јавува „Платформата“ и зборува за насилно преземање на СДСМ. Луѓе што не се кандидираа за функции во партијата сакаат некого да сменат, себе да се постават. И тоа од ресторан. Од хотел. Не од партија. Истите што на претходниот собир седеа со луѓе што немаат никаква врска со СДСМ - членови на други партии и бараа промени кај нас. Истите што не сакаа да влезат на вратата од својата партија на разговор, туку прават обид за пуч. Недемократски обид да ги преземат органите на партијата. Истите луѓе кои ги водеа штабовите по изборните единици и изборната кампања. Кои изгубија. Истите тие кои доживеаја најголем историски пораз на СДСМ на изборите. Тие истите бараат реформи?! Постои начин како се станува член, функционер и претседател. СДСМ има статут и демократски избор. Така било секогаш. Така е и сега. Никој од кафеана, ниту од хотел нема да смени некого во СДСМ додека тој е со народот на терен се бори против организираната криминална група, бандата на Христијан Мицкоски. Еднаш ја продадовте партијата. Овој пат нема да помине. Џабе ви се орбановите медиуми што ве промовираат. Џабе ви се Латас и Ивона што ви ги туркаат текстовите за поддршка и соопштенијата на ВМРО-ОКГ. Џабе ви се ботовите на СНС-платформите во служба на ВМРО-ОКГ. Џабе ви се 1,6 милиони евра што ви ги дава Мицкоски преку тендери. Нема да помине. Џабе ви е сè. СДСМ постоел и ќе постои и после вас. Одиме со народот до победа над овој криминален режим. Ќе ја вратиме власта во рацете на граѓаните. Бандата ќе одговара, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
КултураЗлатна камера 300 за кинематограферот Лукаш Жал на 47. ИФФК „Браќа Манаки“Битола уште еднаш покажа зошто е вечниот Град на светлината и уметноста, испраќајќи уште едно фестивалско издание во историјата на најспектакуларен можен начин. Центарот за култура синоќа беше сведок на незапаметен аудио-визуелен спектакл кој ги сруши границите помеѓу филмот, историјата и технологијата. На свеченото затворање на 47. ИФФК „Браќа Манаки“, архитектурата на сцената буквално оживеа, трансформирајќи се во гигантско, пулсирачко виртуелно платно преку магичен 3D видео-мапинг кој ја остави публиката без здив! Изминативе денови публиката во Битола имаше можност да гледа рекорден број филмови со висока естетска вредност. Учесниците не штедеа зборови во пофалбите на сцената. Рекоа дека на фестивалот се чувствувале како едно големо семејство на кинематографери и се заблагодарија на целиот тим што им овозможиле да се чувствуваат како дома. -Ви благодарам што сум повторно и годинава со вас на фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола. Ова е магично место. Годинава имав можност да гледам многу филмови, за разлика од минатата година. Доаѓам од Холивуд каде се се врти околу парите и кога дојдов овде во Битола на вашиот фестивал видов уметност на големото платно и тоа ме воодушеви, рече оскаровецот Воли Фистер, кој годинава го предводи жирито во официјалната селекција за Камера 300 заедно со Семи Капланоглу, Давид Шамбиј и Наташа Петровиќ. Златна камера 300 доби кинематограферот Лукаш Жал за филмот „Татковина“ на Павел Павликовски. Сребрена камера 300 доби кинематограферот Жонгчијанг Лианг за „Непозната девојка“, а Бронзена камера 300 му припадна на Пол Спенгеман за филмот „До крајот на денот“. Селекцијата ја направи Слаѓан Пенев, а од лауреатите во салата присуствуваше Жонгчијанг Лианг, додека Спенгеман и Жал се обратија со видео пораки. -Ова е прв пат да учестувавам на „Браќа Манаки“ и прекрасно си поминав. Наградата ми значи многу и ќе им ја посветам на студентите во Белград кои сеуште се борат на улиците низ Србија рече Спенгеман и вети дека следната година повторно ќе дојде. Лианг рече дека иако филмот доаѓа од Кина, сепак приказната е универзална и се заблагодари на целата екипа од филмот особено на сопругата која е режисер на филмот. -Му благодарам на фестивалот „Браќа Манаки“ што изминативе седум дека имав неповторлива можност да се сретнам со мои идоли од светската кинематографија, да разговарам со нив и да се фотографирам, рече Лианг. Наградата на Лукаш Жал му ја додели жирито поради не само спектакуларната кинематографија, туку и поради тоа што ја следи приказната. Тој во видео порака рече дека за жал поради работа на проект не е во можност да биде во Битола. -Изненаден сум, почестен и жалам што не сум таму со вас. Му благодарам на жирито и на фестивалот, рече Жал. На присутните на свеченото затворање им се обрати директорот на фестивалот Димитрија Доксевски кој рече дека во изминативе седум дена се случи љубов, почит, забава...гледавме филмови, ги учевме децата да го сакаат филмот, гледавме мастеркласови, работилници, огромен број кинематографери. -Навистина сум многу горд и среќен сум што ова издание многумина од нас ќе го паметат цел живот. Имам многу идеи и мојот тим се потруди тоа да го реализира. Да живее „Браќа Манаки“ со многу љубов и многу почит, рече Доксевски заблагодарувајќи се на тимот и на публиката За наградата Кристална камера 300 за студентската камера селектирана од Ханис Багашов одлучуваа Ана Сари, Елеонора Венинова и Мајкл Чонг. Наградата ја доби кинематограферката Милда Јуодвалките за филмот „Зад ридот на Наполеоновата капа“ за „емоционалната интелигенција со која „нè воведува во приказната, водејќи нè низ спомените и сегашноста“ Јуодвалките се заблагодари со видео порака во која рече дека не ја очекувала и многу уживала во проекциите додека престојувала на фестивалот. Селекцијата на кратките филмови направена од Марија Апчевска и Атанас Велковски ја оценуваше истото жири и Мала златна камера 300 му додели на Хулијан Амару Естрада за филмот „Никој не го познава светот“ за „креативна разновидност со која камерата ја доловува суровата природа на општествената реалност и автентично го прикажува еден тежок свет“. -Ги гледав сите филмови од оваа селекција и таму имаше мнпгу што ја заслужуваат наградата, затоа ви благодарам, рече Хулијан Амару Естрада. Документарната програма ја селектираше Кумјана Новакова одлучуваше жирито во состав Дани Салал, Ивана Хаџиевска и Лука Коасин. Железна камера 300 ти им доделија на двајца добитници: Бенџамин Ечазарета за филмот „Кракатауа“ и Максим Катари за „Убавината на магарето“. -Кинематограферот Максим Катари ја пронајде соодветната дистанца на својот поглед за да ја раскаже приказната, додека Прецизната кинематографија на Бенџамин Ечазарета ја врамува бесконечноста. Тој нè пренесува од површината до срцето на нашата планета. Патување навнатре, кон самите себе, рекоа од жирито. Лауреатите се заблагодарија од сцената во Битола и изразија среќа и задоволство што се дел од фестивалот годинава. Специјално признание доби и кинематограферот Ала Кеир за филмот „Ништо не се случува по твоето отсуство“, за „вклопувајќи ја пустината во формат на слика 1.33, со ограничена опрема и специфична мизансцена, снимателот Ала Кеир испраќа силна порака: филмот е сведок на реалноста на луѓето“, се наведува во соопштението.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ХороскопДневен хороскоп за 26. септември 2026 годинаДневен хороскоп за сабота, 26. септември 2026 година. Вага 24.9.-23.10. Љубов Вашата љубовна приказна ќе продолжи да се развива , на ваша радост. Затоа дотерајте се и излезете во друштво. Кариера Времето работи за вас , а вие му се препуштате со полна доверба Чувствувате дека вашите пет минути допрва доаѓаат. Здравје и совет Сакајте ги луѓето. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Еден член на вешето пошироко семејство денеска од вас ќе бара повеќе внимание и ангажман. Кариера Ќе бидете занесени и ќе мислите дека секој проблем ќе го решите со леснотија. Во добар дел имате право. Здравје и совет Наспијте се . Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Веројатно денеска ќе блескате и ќе зрачите со чувства. Многумина без резервно ќе си ја отворат душата. Кариера Денеска ќе се позанимавате со можноста за вложување во работата што моментално ја работите. Ќе барате спонзори. Здравје и совет Не морате постојано да војувате. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Саканата личност денеска би можела да се жали и да приговара со тага. Ќе и попуштате и ќе ии дадете утеха и таму каде што не треба. Кариера Ќе одите на опцијата што ви дава најголем простор, но и уживање во работата. Здравје и совет Ќе уживате во убавниот ден. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Пред вас е одличен ден за секој вид дружење и забава. Посебно ќе бидат расположени младите или оние кои така се чувствуваат. Кариера Ви се чини дека е потребно само малку за вашите таленти да излезат на површина и да светнат. Здравје и совет Одете таму каде што ви е убаво. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Имате право да прашате и она што не е вообичаено. Довербата во вашиот однос е толкав , што може да си дозволите секакви прашања. Кариера Можеби ќе ве пофалат , но во најлош случај вашите идеи ќе бидат прифатени и сфатени сериозно. Здравје и совет Одете во природа. Овен 21.3-20.4. Љубов Многумина и денеска убаво ќе се забавуваати ќе откриваат пат до нечие срце . Ќе им оди од рака речиси се што ќе посакаат. Кариера Денеска би можеле да ги забавувате колегите . Со задоволство ќе почнувате смешни разговори со добро расположение и дружба. Здравје и совет Засадете некое растение. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ќе продолжите со интензивното поврзување со луѓето , па има голема шанса за запознавање нова личност. Кариера Постојаното качување по скалилата на успехот речиси ве изморило . Имате потреба од опуштање , па ќе ја подзаборавите работата и обврските. Здравје и совет Подобро оптимист , отколку песимист. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов развојот на еден однос постојано ќе ве интригира . Станува збор за личност од работа , со која се почесто си разменувате пораки и знаци. Кариера Многумина денеска ќе ги анализираат своите резултати , уако не е потребно . Се е во најдобар ред. Здравје и совет Бидете поконкретни. Рак 22.6-22.7. Љубов Веќе сфативте дека не треба да форсирате , па таа формула ќе ја искористите и на својата врска. Така ќе ја подобрите. Кариера Осмислете подобар план за соработка со другите. Знаете да се изразите , но користете повеќе тактичност. Здравје и совет Некои ќе запливаат. Лав 23.7-22.8. Љубов Препуштете им на лицата во кои имате доверба да ве упатат каде што треба. Тие ќе знаат подобро од вас. Кариера Кога ќе помислите на деловните планови , веднаш ве заболува главата , зашто има малку работи што останале да се изконтролираат. Здравје и совет Бидете трпеливи. Девица 23.8.-23.9. Љубов Ќе балансирате меѓу своите желби и реалните можности. Ништо нема да се прави на сила , туку само со трпение. Кариера Со олеснување ќе ги прифатите извештаите за напредок , од кој и вие сте дел. Тоа ќе биде дополнителен поттик. Здравје и совет Издржете.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05Мицкоски од ОН: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила18:16Премиерот Мицкоски денеска ќе се обрати пред Генералното собрание на ОН08:52Регистриран земјотрес во Грција, почувствуван и во Битола, Ресен и околината08:33Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00
Мицкоски: Не бараме полесен пат, бараме пат уреден со правила – мала држава има право на исто достоинство и ист глас како големите сили20:05
Почина 13-годишното дете кое беше избодено со нож во Чаир, ќе има ли преквалификација на кривичното дело? 15:00