Вечерва стартува новата сезона во англиската Премиер лига, натпреварите ќе се играат според нови правила
2Вечерва стартува новата сезона во англиската Премиер лига, натпреварите ќе се играат според нови правила
3Одлука што ќе предизвика негодување: Само Реал Мадрид им забрани на судиите да даваат телевизиски интервјуа за натпреварот
ТехнологијаАстрономите за прв пат виделе астероид што менува боја (ВИДЕО)Астероидот наречен 6478 Голт најпрвин ги збуни астрономите со тоа што остава зад себе двоен траг од прашина , а сега уште еднаш ги изненади кога ја смени сопствената боја.Со оглед на тоа што научниците досега не успеале да снимат таква појава, тие биле пријатно изненадени кога виделе дека астероидот што го следиле ја губи својата црвеникава боја и преминува во синкава доколку се гледа во блиска инфрацрвена светлина. Таа промена во нијансата ја сними Инфрацрвениот телескоп (IRTF) на НАСА, кој се наоѓа на Хаваите, пренесува Science Alert. Asteroid 6478 Gault has been looking decidedly non-asteroidal for several weeks now. Either it just randomly perked up and blew off a chunk, or something else in space (i.e. another rock) hit it. Kinda cool either way! This anim/images by Jose Carrillo (https://t.co/jZqD3smVfX) pic.twitter.com/88Q3gBaYlP — Karl Battams (@SungrazerComets) March 12, 2019 Експертите веруваат дека астероидот ја променил својата боја затоа што интензивно го губи својот правлив изглед за време на патувањето во вселената со тоа што ја сменил бојата многу брзо, за време на само две вечери на набудување. „Навистина нè изненади“, рече астрономот Мајкл Марсет, од Институтот за технологија на Универзитетот во Масачусетс (МИТ). Asteroid 6478 Gault has been looking decidedly non-asteroidal for several weeks now. Either it just randomly perked up and blew off a chunk, or something else in space (i.e. another rock) hit it. Kinda cool either way! This anim/images by Jose Carrillo (https://t.co/jZqD3smVfX) pic.twitter.com/88Q3gBaYlP — Karl Battams (@SungrazerComets) March 12, 2019 „Се чини дека бевме сведоци на губење на црвеникава прашина, со свеж синкав слој на материјалот откриен на површината на астероидот“, додаде тој. While astronomers are still puzzling over the cause of asteroid 6478 Gault's comet-like activity, a team of researchers reports that it has caught the asteroid (first time ever) in the act of changing color, in the near-infrared spectrum, from red to blue https://t.co/00f4ujqw9d pic.twitter.com/Yau3qhYMJB — Massimo (@Rainmaker1973) August 30, 2019 Астероидот Голт 6478 е широк околу 3,7 километри и орбитира околу Сонцето на растојание од околу 346 милиони километри.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаРеакција на ОО СДСМ-Прилеп на посетата на премиерот Христијан Мицкоски на ПрилепДенешната посета на Христијан Мицкоски на Прилеп имаше само една цел: продолжување на континуираното ширење лаги за „невидените“ успеси на „третата економска сила во Европа“.Ширење на приказната за илјадниците градежни проекти ширум Македонија, изградените стотици километри автопатишта, модерните брзи пруги по кои возовите “летаат“ 200 км на час, незаборавајќи притоа да го спомене и “талогот“ како главен кочничар на економскиот развој и европскиот пат на Македонија. Вршејќи увид во работите на кружниот тек Табана, кој патем речено требаше да биде готов пред 2 месеца, Мицкоски зборуваше и за невидените успеси на градоначалникот Дејан Проданоски, кои постојат само во неговата фантазија и никаде на друго место. Добро е што премиерот дојде во Прилеп, во градот на театарот без театарска куќа, во градот на спортот без спортски сали и со најголемиот спортски бренд во изумирање. Бидејќи само така можеше да се увери во мизеријата од 5-годишното раководење на ДПМНЕ со општина Прилеп. Мицкоски ја пропушти шансата да го посети опожареното Мариово и да види како преморените пожарникари, со несоодветна опрема и механизација, петти ден со натчовечки напори се справуваат со огнената стихија. Да им каже на пожарникарите дека нема да има набавка на нови воздухоплови за гаснење на пожарите, оти приоритет е купување нов авион за Владата. Мицкоски не ги посети ниту реализираните изборни ветувања на градоначалникот Проданоски: обиколниците „Исток“ и „Запад“, новата детска градинка во УЗ „Рид“, реновираната Универзална сала, излетничкиот центар од 30.000 квадратни метри кај село Волково, мултифункционалната сала со 2.000 седишта на местото од „Соколана“, трговскиот центар со забавен парк кај поранешен „Металец“, пешачките и велосипедските патеки на спортско-рекреативниот центар „Вештачко езеро“, адреналинскиот парк кај Старо Лагово... „Грижата“ на премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот Дејан Проданоски за економски развој на градот, за подобар стандард на прилепчани, навистина е видлива на секој чекор и во секој сегмент од општественото живеење на граѓаните на општина Прилеп! Центар за комуникации со јавност ОО СДСМ Прилеп Тагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Здравје43 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица Нилска треска потврдена кај угинат гавран во центарот на Скопје, потврди министерот за здравство Сашо Клековски. Птицата ја пријавиле граѓани во агенцијата за храна и ветеринарство и било веднаш реагирано. Теренското прскање продолжува и се бара од граѓаните да не стопираат во прскањето, бидејќи се работи за квалитени и ефикасни средства што не се штетни по здравјето на луѓето. Исто така општествени одговорни компаии учестуваат со 12 возила за прскање. Она што треба во иднина да се превземе е да се направи регионално прскање на комарците кои поради топлите зими преживуваат, но и праскањето да биде порано и навремено одржување на одводните канали и септичките јами. Не може една општина да прска,а друга не. Комарците не познаваат општини. На Инфективна болница хоспитлизирани се 43 пациенти, пет од нив се на интензивно лекување. Освен што има пациенти од Драчево, Илинден има потврда на пациенти од општина Центар. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести43 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00Странските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05Втор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16Прскање од авион против комарци, од 23 до 26 август теренско прскање11:05
Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05
БалканВучиќ: Парламентарни избори на 18 или 25 октомвриПо повеќенеделни калкулации, српскиот претседател Вучиќ потврди дека парламентарните избори во Србија ќе се одржат во октомври, односно дека во игра се два датума – 18-ти или 25-ти октомври.Тој во интервју за српскиот јавен сервис, рече дека за неколку дена ќе го објави точниот датум, по што ќе ги распише изборите. Вучиќ не сакаше да ја коментира одлуката на неговиот коалциски партнер, Српската социјалстичка партија на Ивица Дачиќ самостојно да настапи на изборите, особено по шпекулаците во јавноста дека Дачиќ наводно планирал да се кандидатира за претседател на Србија. Вучиќ пак, претходно пројави амбиции за премиерското место, со оглед дека нема право на трет мандат како шеф на државата..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter