Можен ли е компромис за нов колективен договор во културата до 1 април, откако Уставен го укина актуелниот?
1Можен ли е компромис за нов колективен договор во културата до 1 април, откако Уставен го укина актуелниот?
3Министерство за култура: Министерот Сулејмани уште од утре ќе ги повика синдикатите на разговори за Колективниот договор
3Последиците од користење канабис стануваат сериозни по 30. година- научниците предупредуваат на ризиците
ТехнологијаАстрономите уште во 80- тите години од минатиот век ја снимиле мистериозната Планета 9 ?!Многу научници, поради моќниот извор на гравитација лоциран на работ на нашиот Сончев систем, претпоставуваат дека таму се крие масивна планета, која го добила популарното име Планета 9.Но, досега немало конкретни докази дека во областа има небесно тело што одговара на тој опис. Или така се мислеше? Планетата Девет е хипотетичка планета која орбитира надвор од орбитата на Нептун, во надворешните делови на нашиот Сончев систем. Астрономите со векови предвидуваат постоење на нови небесни тела користејќи варијации во орбитата на планетата. Имено, кога орбитата на планетата не се совпаѓа со претходните предвидувања, треба да се ажурира нашата физика или да се претпостави дополнителна планета, објаснува астрофизичарот Пол М. Сатер од Универзитетот Стони Брук и Институтот Флатирон. На пример, кога научниците не можеа точно да ја објаснат орбитата на Меркур, на крајот се појави теоријата на релативноста на Ајнштајн. Од друга страна, чудната орбита на Уран доведе до откривањето на Нептун. Во 2016 година, астрономите проучувале голем број на многу далечни објекти во Сончевиот систем, наречени транс-нептунски објекти (транс-нептунско тело, TNO). Станува збор за небесни тела во Сончевиот систем сместени подалеку од Нептун, во Кајперовиот појас, кои се остатоци од формирањето на Сончевиот систем. Тие забележале дека неколку TNO имаат невообичаено блиски орбити, кои се усогласуваат една со друга. Веројатноста за случајно формирање на ваква конструкција на орбитата е помала од 1%, поради што астрономите се сомневаа дека постои масивна планета, поголема од Нептун. Тие ја нарекле Планета 9 или Планета X. Веруваат дека нејзината гравитација може да ги предизвика компактните орбити на TNO и дека оваа планета е најмалку пет пати поголема од Земјата. Астрономот Мајкл Рован-Робинсон од Империал колеџ во Лондон неодамна спровел анализа на податоците собрани преку инфрацрвената астрономска сателитска опсерваторија (IRAS) во 1983 година и открил три извори на светлина кои би можеле да бидат мистериозната Планета Девет. Роуан-Робинсон во своето истражување наведува дека ова не е вистинско откритие бидејќи овие хипотези допрва треба да се докажат со понатамошни истражувања, но дека самата веројатност дека тоа е Планетата X отвора можности за понатамошни студии. „Со оглед на лошиот квалитет на IRAS и имајќи предвид дека ова е многу проблематичен дел од небото за инфрацрвена анализа, веројатноста дека ова е Планетата 9 навистина не е голема“, рече Роуан-Робинсон, цитиран од Science Alert. „Сепак, со оглед на големиот интерес за таа планета, би било вредно да се провери дали објектот со предложените параметри и во предложената област на небото е конзистентен со можната положба на хипотетичкото тело во тој период“, додава тој. . За астрономите е многу тешко да ја пронајдат хипотетичката Планета 9, доколку навистина постои, бидејќи нејзината орбита треба да биде исклучително оддалечена бидејќи е прилично мала и студена и веројатно воопшто не рефлектира многу сончева светлина и затоа не се знае точно каде таа би се наоѓала. Во текот на десетте месеци од 1983 година, ИРАС забележал 96 отсто од небото. Преку инфрацрвено зрачење, тој можел да открие мали, ладни објекти како Планетата Девет, па Роуан-Робинсон решил повторно да ги анализира своите стари податоци користејќи параметри кои се во согласност со моделите на движење и изгледот на тоа мистериозно тело. Опсерваторијата забележала 250.000 точки на извори, но само три биле можни кандидати за планетата X. Но, тоа сè уште не докажува ништо дефинитивно. Имено, областа на небото во која се појавуваат споменатите извори е на ниска галактичка географска ширина (блиску до рамнината на галаксијата) и е под силно влијание на галактичките филаментарни облаци кои светат под инфрацрвено зрачење. Значи, можно е овие извори да се некаква сенка што доаѓа од овие облаци. Доколку навистина се работи за новооткриена планета, тогаш преку овие податоци можеме да извлечеме некои нови информации за Планетата Девет. Според сликите на IRAS, таа би била меѓу три и пет пати поголема од Земјата и би орбитирала на растојание од околу 225 астрономски единици. Некои астрономи предложиле алтернативна хипотеза по долгогодишно неуспешно пребарување на Планетата X. Можеби воопшто не е планета, туку мала црна дупка. Малите црни дупки („мали“ овде значи маса на планетите) се објекти кои се многу интересни за научниците. Сите црни дупки за кои знаеме во вселената потекнуваат од смртта на масивни ѕвезди. И бидејќи само најмасивните ѕвезди се доволно големи за да создадат црна дупка на крајот од нивниот живот, тие можат да ги остават зад себе само оние црни дупки со маса најмалку 5 пати поголема од Сонцето. Но, постои можност околу нас да има помали црни дупки, кои се формирале во екстремните услови на раниот универзум. Космолошките набљудувања ги отфрлиле повеќето модели на создавање на исконска црна дупка, со неколку исклучоци - како црни дупки со големина на планета. Значи, ако научниците можат да потврдат дека мала црна дупка орбитира околу Сонцето, тоа би можело да даде интригантен поглед на една од најголемите мистерии на модерната космологија. Некои експерти веруваат дека има друго објаснување за компактните орбити на ТНО. Според анализата заснована на проектот Outer Solar System Origins Survey, кој открил повеќе од 800 нови „транс-нептунски тела“, сепак можеби станува збор за случајна распределба на овие објекти, според НАСА. Студијата наречена A Search for Planet 9 in the IRAS Data dostupno je na arhivu arXiv и наскоро ќе биде објавена во стручното списание Monthly Notices of the Royal Astronomical Society.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМожен ли е компромис за нов колективен договор во културата до 1 април, откако Уставен го укина актуелниот?Ќе успеат ли Синдикатот во културата и Министерството за култура да постигнат согласност за нов колективен договор, откако Уставниот суд во петокот одлучи да го укине сегашниот? Ниту ќе работиме без права од први април, ниту ќе дозволиме да се намалат веќе стекнатите права – порачаа од синдикатот на културата на Македонија, кои одлуката на Уставниот суд да го укине колективниот договор ја нарекоа исфорсиран и изнуден процес без преседан. Според нив, ваквата постапка претставува тежок удар врз вработените во културата, а Македонија велат, испраќа порака дека е рушител на работничките и синдикалните права во државата. Протестите, најавуваат ќе продолжат, а не го исклучуваат ниту штрајкот како опција. „Ние како синдикат си остануваме доследни на нашите права што ги имаме стекнато и ќе си ги браниме нашите права. Дали тоа ќе биде преку социјален дијалог, кој што нели ќе се одвива во овој нареден период, или преку форма на синдикално делување, протести, а можни се најави и за штрајк во културата. Ние продолжуваме со протестите, следната недела ќе биде соопштен денот кога ќе одржиме протест пред министерството за култура, и натаму ќе продолжат протестите, бидејќи правата на вработените не можат да бидат избришани со една одлука на Уставниот суд.“ Одлуката на Уставен суд, кој колективниот договор го преиспитува од април е очекувана, вели за Канал 5 националниот координатор за култура – Зоран Љутков. Според него, вината што состојбите се во слепа улица е кај СКРМ, бидејќи, вели не покажале капацитет за преговарање. Љутков тврди, им биле понудени бројни решенија, но без никаква реакција од другата страна. „Очигледно дека ова раководство на СКРМ нема никаков капацитет за преговарање, а тоа се гледа од состаноците кои што се направени и неколкуте работни групи. Ние како министерство и како тим досега имаме дадено неколку предлози како може да се надмине проблемот, а од другата страна, од страната на СКРМ досега немаме добиено ниту еден конкретен предлог, и од тие причини целата вина ја префрлам јас таму во неможноста за преговарање од страна на ова раководство на СКРМ, мислам дека ова раководство дека нема никаков капацитет.“ Колективниот договор, кој беше укинат од Уставниот суд важи до први април 2027 година, вакуум простор во кој двете страни треба да најдат заеднички јазик и да ги уредат правата на вработените во културата, оти во спротивно, по престанувањето на важењето на договорот, ќе нема начин за ислата на плати. Според Уставниот суд, спорното во колективниот договор е тоа што не постои законска методологија за пресметување на платите, можноста за нееднаквост меѓу вработените, како и уредување на прашања надвор од законските рамки. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветИранскиот ријал падна на историски минимум Иранската валута денеска падна на рекордно ниско ниво, приближувајќи се до психолошкиот праг од три милиони ријали за еден американски долар, поради зголемената инфлација, заострувањето на санкциите на САД и проширувањето на ембаргата. Американскиот долар се продаваше за околу 2,99 милиони ријали, во споредба со вчерашните 2,938 милиони, според податоците од страницата за следење на девизниот курс bon-bast.com. Страницата alanchand.com објави дека курсот на доларот изнесувал 2,997 милиони ријали, што е зголемување од 1,77 проценти. Иран се соочува со една од најлошите инфлации во последните децении, поттикнати од деветмесечната војна, а особено со зголемувањето на цените на храната. Во јули, САД повторно воведоа поморска блокада на иранските пристаништа, а претходно овој месец беше објавена операцијата „Железна порта“, која треба да го ограничи транспортот на оружје и материјали под санкции по должината на границите на Иран и Каспиското Море. „Иранската економија тоне, а нивните лидери се во паника“, изјави американскиот министер за финансии Скот Бесент претходно оваа недела, по воведувањето на нови санкции насочени кон изолирање на Иран од глобалната економија и нарушување на тајните банкарски мрежи на Иран. „Психолошките фактори влијаат и на пазарот“ Гувернерот на иранската централна банка, Абдолнасер Хемати, денес изјави дека Иран има доволно девизни резерви за основни стоки и лекови во наредните месеци, но додаде дека девизниот пазар е под влијание не само на економските фактори, туку и на психолошките фактори. „Девизниот пазар е под влијание на бројни фактори, како што се економијата, очекувањата и политиката. Се обидуваме да го стабилизираме пазарот колку што можеме“, изјави Хемати за државната телевизија. Многу Иранци, барајќи безбедно засолниште за своите заштеди, купуваат долари, други постабилни валути или злато. Потрошувачките цени во Иран во октомври беа за 88,7 проценти повисоки од претходната година, додека просечната годишна инфлација скокна на 76,8 проценти, според Иранскиот завод за статистика. Цените на храната и пијалоците се зголемија најмногу, за 112,6 проценти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ХороскопНеделен хороскоп за 30.ноември до 7. декември 2026 година Неделен хороскоп за периодот од понеделник, 30. ноември до 7. декември 2026 година. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе комбинирате дискреција и гласност.Така , еден ден ќе живеете како кротка личност , врзана за својот дом и доблестите, а веќе следнито ден ќе бидете главна личност на забава , каде сите добро ќес е забавуваат. Оние во врска се добро. Кариера Ќе функционирате како спортист , кој своите тренинзи ги одработува со леснотија. Многумина на работното место ќе усовршуваат нови вештини и ќе откриваат детали од професијата. Ќе биде тоа уште една фаза во учењето и напредувањето.Секако добивате. Здравје и совет Научете некоја од техниките за релаксација. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Веројатно понекогаш ќе се чувствувате осамено , освен ако тоа не е ваш личен избор. Оние во врска ќе минуваат уште еден динамичен период во кое ќе има доста забава , но многу помалку длабоки чувства. Сепак , нема да биде лошо. Само да не очекуваат совршенство. Кариера Некои ќе почнат мали работи низ домот и ќе земат неколку дена одмор за да ги завршат. Тоа ќе се покаже како полн погодок. Оние кои остануваат на работното место , ќе ги доработуваат заостанатите обврски , но не е страшно. Здравје и совет Батериите ќе ги полните со спорт. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Ослободете се од преголемите љубовни очекувања, зашто сега е подобро да се биде реалист отколку идеалист. Не подлегнувајте на искушението за надмудрување. Секогаш кога ќе можете , бидете толерантни и духовити. Ако партнерот ве испровоцира, не го земајте тоа при срце. Тоа е минливо. Кариера Некои ваши соработници отворено ќе ви покажат наклонетост , додека ќе има такви кои отворено ќе ви кажат дека не ве сакаат. И едното и другото прифатете го на мирен начин. Барем ќе знаете со кого си имате работа. Држете се до зацртаните правила и не се грижите. Здравје и совет Одете на прошетка и добро наспијте се. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Издржете го на мир првиот дел од неделата . Другата половина носи подобри љубовни влијанија , кога повторно лесно ќе најдете заеднички јазик со саканата личност. Сепак , внимавајте повремено да не реагирате премногу бурно. Со мала самоконтрола , се ќе биде подобро. Кариера Соработката со угледни или стручни лица полека доаѓа во прв план. Вие ќе бидете главното тркало во целата конструкција. Затоа не биодете премногу скромни , туку дозволете си да ги кажете своите амбиции. Искористете ја својата позиција , а уште повеќе можноста. Здравје и совет Понекогаш е подобро да се молчи. Овен 21.3-20.4. Љубов Недостигот на интерес за љубов е резултат на премногу забава со пријателите. Оние кои се во подолги врски ќе забележат дека се дистанцираат од саканите поради пријателите. Ништо не ве попречува за сето тоа да го поврзете и споите. Ќе биде забавно во секој случај. Кариера Нема да бидете задоволни од приходите , зашто мислите дека можете повеќе. Ограничувањата ќе доаѓаат подари надворешни фактори и засе га никој не може да ги забрза работите. Согледајте што е реалноста и прилагодете се. Здравје и совет Тактичноста и дипломатијата се вредни особини. Бик 21.4- 20.5. Љубов Пред вас се нови љубовни можности , а некои од нив ве очекуваат на сосема невообичаени места. Како на пример уметнички им слично.Ќе биде интерсно. Вашата страст ќе биде поголема од вообичаено , а вие ќе бидете привлечни за лицата од спротивен пол. Кариера Сакате да видите конкретни резултати , а токму тие ќе се појавуваат деновиве. Можеби нема да биде ништо сензационално , но вие ќе препознаете дека во работата сте тргнале по вистински пат. Ќе биде добро. Здравје и совет Препознавате што ви треба , а што не ви е потребно. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Повремено ќе ви изгледа како љубовта да е на некоја друга планета. Чувството на осаменост ќе се засили , но објективно вашата врска е во ред. најдобро е да побарате весели луѓе и да ги заборавите грижите , работејќи го она што навистина го сакате. Кариера Работната атмосфера на работното место ќе се засили , а од вас ќе се очекува поголем ангажман. Вашите работни навики некаде заспале , па ќе мора под итно да ги разбудите. Не прашувајте премногу , туку држете се до правилата на работата. Бидете професионални. Здравје и совет Опуштајте се со убава музика. Рак 22.6-22.7. Љубов Голем дел од слободното време ќе минувате со сосема обични активности, уживајќи во нечија привлечност. Без голем напор ќе знаете да ги цените ситните уживања , а саканата личност ќе ви возврати со иста мерка. Ќе бидете задоволни и без големи барања. Кариера Времето е добро за интроспекција , истѕражување во мир и повлечена работа. Иако и натаму сте поврзани со колегите, многумина нема да ве препознаат кога ќе ве видат како мирно седите и вредно работите без многу фалење и зборување. Здравје и совет Кој има уметнички идеи , нека се изрази. Лав 23.7-22.8. Љубов Вашите љубовни апетити ќе бидат големи , а објективните можности малку помали. Сепак , ќе најдете рамнотежам и задоволство. Понекоја фрустрација ќе споделите со пријател или пријателка. Саканата личност ќе се воздржи од критики. Ќе биде главно добро. Кариера Пуштете ги другите да се изразуваат , а ако треба и да ве водат. Во овој момент не можете да направите ништо на своја рака. Бидете разумни , трпеливи и верувајте дека подоцна се ќе дојде на своето место.Поинаку не може. Здравје и совет Ништо не се случува случајно и вие тоа добро го знаете. Девица 23.8.-23.9. Љубов Вашата љубовна приказна ќе продолжи и покрај цашите сомнежи.Понекогаш ќе бидете навистина збунети од тоа што ви се случува , но реалноста ќе ви донесе задоволство. Ако и натаму ја барате својата љубов , дотерајте се и излезете меѓу луѓе. Само не бидете нападни во настапите. Кариера На работа главно ќе се надмудрувате. Ќе наоѓате утеха во приватниот живот. Нема да стоите најдобро со авторитетите , особено не сега. Не инсистирајте на своите идеи , зашто сте во неповолна позиција. Издржете со разум и толеранција. Здравје и совет Опуштајте се со добро друштво. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе ви биде важно како да го организирате заедничкиот живот, но и како добро да се забавувате.некои ќе ја смируваат саканата личност и ќе ја расположуваатз ада и ги намалат проблемите. Ќе се покажете како добар и нежен забавувач. Кариера Можеби се уште не ги гледате предностите од новата фаза во која влегувате, но интуитивно ќе ги почуствувате. Токму интуицијата оваа недела ќе ви биде главниот водич. Ако се двоумите , само застанете и послушајте го внатрешниот глас. Нема грешка. Здравје и совет Побарајте си рекреација . Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Шарм и неофицијалност ќе бидат вашите главни адути за заведување оваа недела. Понекогаш за другите ќе бидете енигма , па сепак предајте му се на оној кого го сакате , најмногу зашто подоцна би пожалиле за можноста. Љубовта е се поблиску. Кариера Наредните денови веројатно многу нешта ќе ви се ветуваат. Понекогашѓ ќе ви изгледа како да ви нудат работа од бајките , но бидете реални и внимателни.Посебно проверувајте ја легалноста. Се што не е реално , оставете го. нека зборуваат што сакаат. Здравје и совет Не претерувајте со јадењето и пиењето.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд Бардовци во Шутка, 30 дена притвор за гостиварецот што крвнички ја претепал сопругата13:3842-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14