316 загинати во нападот на трговскиот центар во Украина, се проверува дали продавницата требало да биде евакуирана
ТехнологијаАстрономите „го фатија“ почетокот на формирањето на карпестите планети и ѕвездениот систем Астрономите ги открија најраните почетоци на формирање на карпести планети во гасот околу ѕвезда слична на Сонцето.Астрономите ги открија најраните почетоци на формирање на карпести планети во гасот околу ѕвезда слична на Сонцето, а сликата објавена денеска ја покажува почетната точка, „нулто време“, кога почнуваат да се формираат нови светови, објавува АП. „Директно здогледавме жешкиот регион каде што се раѓаат карпести планети како Земјата околу млади протоѕвезди. За прв пат, можеме со сигурност да кажеме дека првите чекори на формирање на планети се случуваат токму сега“, рече професорката Мелиса Меклур од опсерваторијата Лајден во Холандија, која го предводеше меѓународниот истражувачки тим. Вселенскиот телескоп Џејмс Веб на НАСА и Европската јужна опсерваторија во Чиле ги здружија силите за да ги откријат овие рани фрагменти од формирање на планети околу млада ѕвезда позната како HOPS-315. Ѕвездата е жолто џуџе во развој, како Сонцето, но е многу помлада, стара од 100.000 до 200.000 години, и е оддалечена околу 1.370 светлосни години од Земјата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканНасилник газеше луѓе со кола по ливада во Херцеговина, тројца се повредени (ВИДЕО)Тежок инцидент се случи вчера кај градот Билеќа во Босна и Херцеговина, каде по настан со коњички трки, насилник со автомобил бркаше луѓе на отворен простор и успеа да прегази тројца, кои се во болница.Снимка од шокантниот настан се појави на социјалните мрежи, а според локалните меидуми, полицијата трага по Жељко Вујовиќ, осомничен за обид за тешко убиство, како и по едно лице што побегнало со него. Во меѓувреме уапсени се маж и жена за кои се верува дека му помогнале на сторителот по извешувањето на кривичното дело. Во инцидентот на коњските трки биле повредени три лица. 32 годишен маж бил примен на интензивна нега со повреди на рамото и потколеницата, додека другите двајца имале полесни повреди. Тагови: Босна и Херцеговина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп повторно објави мапа: „Нова територија на САД“Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави мапа на Ормутскиот теснец на својата социјална мрежа „Truth social“ и го прогласи за територија на САД.Објавената слика покажува мапа на која е заокружен делот што го вклучува ормутскиот теснец, иранскиот остров Кешм, делови од територијата на Оман, па дури и градот Дубаи. Над тоа е коментарот: „нова територија на САД“. Само еден ден претходно, Трамп изјави дека САД имаат „целосна контрола“ врз целиот регион што има врска со Ормутскиот теснец.Тагови: Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Свет16 загинати во нападот на трговскиот центар во Украина, се проверува дали продавницата требало да биде евакуиранаУкраинската полиција отвори кривична постапка против директорот на супермаркет во трговскиот центар во Криви Рих, кој беше погоден во руски напад со дронови.Во рускиот напад загинаа најмалку 16 лица, а повредени беа уште 130, меѓу кои и 23 деца. спасувачките екипи и натаму трагаат по исчезнати лица. Директорот се истражува поради сомнение за немар, бидејќи продавницата наводно останала отворена и за време на воздушната тревога. Според украинските власти, од моментот кога била вклучена воздушната тревога до првиот удар со дрон поминале околу 20 минути. Истрагата треба да утврди дали вработените и посетителите биле навреме предупредени за опасноста, дали била издадена наредба за евакуација и дали биле почитувани безбедносните протоколи за објект во регион близу до фронтот. Ќе се проверуваат и наводите дека вратите на засолништето биле блокирани. Тагови: украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести10 пожари беснеат низ државата, повторно гори кај мариовско Бонче кое било спасено ноќеска15:00ЦУК: Ангажирани се сите ресурси за ставање под контрола на пожарот во Палиград11:3073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска18:0073-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска15:15Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10