Астронимите во нашето ,,соседство” пронашле планета слична на Земјата

Се чини дека нашето вселенско соседство е богато со планети. Поточно, астрономите неодамна пронајдоа нова егзопланета која е нешто поголема од Земјата и е оддалечена само 66,5 светлосни години.

Црвеното џуџе е sвезда која е 2 до 10 пати помала од Сонцето и зрачи од 10 до 10 000 пати помалку од нашата ѕвезда.

Од 1992 досега се откриени над 4100 егзопланети и астронаутите имаат многу подлабоко разбирање за тоа како се формираат и се развиваат планетарните системи.

Според меѓународен тим предводен од астрофизичарот Ави Шпорер од Институтот на МИТ за астрофизика и истражување на вселената, карпестите планети како Земјата се многу тешки за мерење и карактеризирање затоа што честопати се наоѓаат околу sвездите кои не се доволно светли за да овозможат подетални анализи на предметите што орбитираат околу нив.

Затоа откривањето на оваа нова егзопланета е толку значајно, пишува Science Alert.

„Во истражувањето го презентираме откритието на GЈ 1252 b, мала планета која орбитира околу џуџеста ѕвезда од типот М“, велат астрофизичарите од МИТ.

GJ 1252 b е околу 1,2 пати поголема од Земјата и има маса околу двојно поголема од нашата планета (така што е малку погуста од Земјата). Орбитира околу црвеното џуџесто сонце GJ 1252, кое има 40 проценти од големината и масата на нашето Сонце.

Егзопланетата се врти околу својата sвезда еднаш на секои 12,4 часа, што значи дека е премногу блиску до sвездата за да има на неа живот каков што го знаеме, односно секогаш се соочува со ѕвездата од истата страна.

,,Но, токму блиската орбита на оваа егзопланета е тоа што ни овозможува да ја следиме, бидејќи доволно е светлина од неговото сонце.

Колку повеќе карпести планети наоѓаме во нашето поблиско соседство, толку повеќе податоци можеме да користиме за да утврдиме колку се заеднички овие планети и дали Земјата е универзално чудо, или дали карпестите планети се всушност претежно неплодни пустини како Меркур, Венера и Марс.” , велат научниците.

„Мојот сопруг е вистински фраер, сите ме прашуваат како го освоив“ (видео)

Нејзиниот одговор воодушеви многу жени...

Нејзината тајна е во огромната самодоверба со која може да освои кого било.

Хејзел Мекбрајд неодамна крена голема прашина на социјалните мрежи со објавата на видео на кое таа е со својот сопруг, кого многу дами го сметаат за привлечен. Меѓутоа, Хејзел видно ја истакнува својата самодоверба и се шегува на сметка на изгледот на својот сопруг. Иако нејзиниот став привлече големо внимание, многумина ја прашуваа колку е тешко една жена да се справи со вака привлечен сопруг.

Хејзел не крие дека нејзиниот партнер е исклучително згоден, додека многумина неа би ја опишале како девојка со просечен изглед. Меѓутоа, наместо да се чувствува несигурно покрај згодениот маж, таа истакнува дека се чувствува одлично во своја кожа и дека е многу задоволна од својот изглед.

Хејзел исто така истакнува дека „неговиот карактер“ е просечен, додека нејзиниот е „генијален“ и дека заедничката смисла за хумор е она што ги поврзува.

Нејзината искреност и став станаа пример за многумина кои крај себе имаат згоден партнер и се борат со самодовербата. Приказната на Хејзел докажува дека љубовта и самодовербата се клучни фактори за среќна и исполнета врска.

Оваа млада жена доби бројни коментари со поддршка и воодушевување по објавувањето на видеото. Хејзел ја следат над 57.000 лица на Тикток, таа стана многу популарна поради својата автентичност и искреност во своите објави на социјалните мрежи. Секогаш добива коментари на бројните видеа со сопругот.

- Во принцип, твојот сопруг изгледа одлично, но и ти не си воопшто просечна со тие зелени очи!

- Не е сè во убавината, луѓе!

- Харизматична, интелигентна и духовита жена вреди повеќе од 10 мисици!

- Вие сте прекрасен пар.

-Навистина е прав фраер, ако не е тајна, има ли браќа?

@hazelmcbrideauthor Trying to turn him into any and all fantasy men #acotar #rhysandacotar #sarahjmaas #acotarbooktok #booktok #sjm #fantasyman #hothusband ♬ Made You Look - Meghan Trainor

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

притисни ентер