Двајца припадници на почесната гарда се струполија пред Макрон додека го пречекуваше претседателот на Словачка (ВИДЕО)
2Двајца припадници на почесната гарда се струполија пред Макрон додека го пречекуваше претседателот на Словачка (ВИДЕО)
3Германската влада потрошила 5,8 милиони евра за мебел и декорирање- на граѓаните им препорачуваат да штедат
Хуманоидните роботи се подготвени за масовен влез во фабриките- до 2035. би се произведувале 1,5 милион годишно
2Хуманоидните роботи се подготвени за масовен влез во фабриките- до 2035. би се произведувале 1,5 милион годишно
3Маж и жена одгледуваат „црвено злато“ во својата гарсониера- еден килограм го продаваат 6.000 евра (ВИДЕО)
ЖивотАстронаутите сведочат: Животот во вселената засега е речиси невозможенПоп-ѕвездите лебдат во бестежинска состојба, а милијардерите зборуваат за градови на Марс и другаде во Вселената... Ова е неверојатната нова реалност во којашто живееме, и којашто треба да помогне да се отвори патот за долгорочно истражување на Вселената и заради населување, пишува „Бизнис инсајдер“ (Business Insider). Вообичаените несакани последици од долготрајниот престој во микрогравитација вклучуваат губење на мускулите и коските, намален крвен притисок и заматен вид. Додека повеќето од нив се враќаат во нормала откако астронаутот ќе се врати на Земјата, некои ефекти од вселенското зрачење, како што е зголемената опасност од рак, катаракта и оштетување на централниот нервен систем - можат да бидат трајни. Најкритичниот дел од животот вон земјата, сепак, не се ракетите и роботите - туку кревкото човеково тело. За тоа - колку е невозможен животот во Вселената, говорат научници, астронаути, медицински професионалци и еден човек кој платил 30 милиони долари за да ѝ се приклучи на руската вселенска програма. Инаку, само 757 луѓе стигнале до Вселената - а уште помалку останале повеќе од еден ден. Можеби еден од најголемите проблеми на животот во Вселената или на друг свет - е непознатото. Просто, не сме сигурни што ќе направи тоа со човековото тело бидејќи никој не престојувал онде подолго од 14 месеци. Следниот проблем е целната локација. Ниската Земјина орбита - „НЗО“ е погодна, но станува преполна со над 9.000 тони вселенски отпад, што ја зголемува опасноста од судир што би можел да ги убие сите од посадата на едно орбитално летало. Месечината е блиску, но таму нема воздух - речиси и да нема атмосфера за заштита од смртоносно вселенско зрачење, а ноќите траат и до две Земјини недели. Марс, пак, има погуста атмосфера од Земјиниот природен сателит, но исто така, нема воздух за дишење и има отровна нечистотија и штетни песочни бури. - Единственото нешто што ја разликува Земјата од секое друго место во Сончевиот систем е тоа што има слободен кислород во атмосферата, рече Мајк Шара, астрофизичар во Американскиот природонаучен музеј. - Значи, можеме да земеме убав здив, и ако го направите тоа на практично која било друга планета - ќе умрете. Речиси веднаш, нагласи тој. Можеби има други планети вон нашиот Сончев Систем коишто се послични на Земјата, но тие се премногу далеку за сегашната наша технологија. Тоа значи, дека за да преживееме надвор од Земјата, треба да изградиме заштитни структури - што, исто така доаѓа со свои предизвици. Американската вселенска компанија „Блу ориџин“ (Blue Origin) и НАСА, на пр., имаат намера да печатат 3-Д градби и да извлекуваат кислород од почвата на Месечината. Во меѓувреме, „Спејс-Икс“ (SpaceX) работи на преобразба на марсовските гасови во метанско гориво за напојување на идните можни колонии и леталата за повратни патувања до Земјата. Вселенските инженери го нарекуваат ова „ИСРУ“ - Користење на ресурсите од самото место. Сепак, никој не докажал дека концептот „ИСРУ“ ќе работи како што треба. - Ова не се нерешливи проблеми. Причината зошто сè уште не се решени е затоа што не е пробано, рече Мигел Гуреа, дипломиран студент кој објави труд во 2022 година каде што ги наведува слабите точки на предложената мисија на „Спејс-Икс“ за на Марс. Според НАСА, и 11-та мисија со „Спејс-Икс“ до Меѓународната вселенска станица (МВС), со Зена Кардман, е дел од Програмата за комерцијални вселенски летови на НАСА. Џеф Безос и некои други вселенски визионери веруваат дека најдобрата опција не е Месечината или Марс, туку масивно ротирачко живеалиште изградено во слободен простор - замисла од 70-тите, разработувана првично од физичарот Џерард К. О'Нил. Но, тоа би бил и најскапиот градежен проект во човековата историја. - Идејата на д-р О'Нил беше дека можеби луѓето од Месечината ќе го направат свое место, а луѓето на Марс ќе го направат своето. Но, ако сакате слободно да се движите напред-назад кон Земјата, треба да може да растете во симулирано гравитационо поле, објаснува Рик Тамлинсон, вселенски активист и поранешен студент на О'Нил. Во однос на зрачењето вон атмосферата на Земјата, еден Сончев блесок би можел да го убие целиот екипаж. Астронаутите на Месечината или Марс, имено, ќе треба да се подготват да се закопуваат под земја и да останат таму за да го избегнат смртоносното зрачење на површината. Логан вели дека заштитата на астронаутите од зрачењето може да значи отфрлање на долгите и тенки дизајни на бродови. Наместо тоа, се предвидуваат густи, кружни летала што го опкружуваат екипажот со што е можно поголема маса. Потоа, тука е и одгледувањето храна за подолг престој. Астронаутите одгледуваат растенија на МВС, но според стручњаците, тоа засега не е доволно за да преживеат без залихите од Земјата. Исто така, во Вселената нема „911“ и слични повици за итна помош. „Онаму горе“, ниту крвта не тече, велат лекарите - туку се собира во лебдечки капки. Бестежинската состојба, т.е. микрогравитацијата влијае и на лековите, трансфузијата и секоја друга здравствено-медицинска помош што би требало да ѝ се пружи на личноста. Дури и анестезијата дадена преку спинална инјекција може да не тече правилно без гравитација. Во раните 90-ти, „Биосфера 2“ тестираше дали луѓето можат да живеат „во меур“... Изграден сред пустината во Аризона - со Сонце, гравитација и огарничени резерви од воздух - и сепак, имаше хаос. Микробите во почвата неочекувано предизвикаа намалување на нивото на кислород и зголемување на нивото на јаглерод диоксид. Посевите пропаднаа, а истражувачките групи се поделија на раскарани групи. Тие преживеаја две години во затворениот екосистем, но - едвај. И тоа тогаш беа само осум луѓе. Споредете ги со илјадниците и милиони доселеници на Марс... Натаму, ниеден човек досега немал секс во Вселената... Барем така се мисли. И покрај неколкуте експерименти со глодари во НЗО на МВС, никогаш немало успешна бременост кај цицачи во орбитата. Покрај тоа, обидот да се започне семејство во НЗО може да биде и неетички, затоа што научниците не се сигурни како вселенското зрачење би влијаело на фетусот кој се развива. - За споредба, би било неетички и луѓето да се обиделе да експериментираат со човечка бременост во украински Чернобил, по нуклеарната катастрофа „само за да видат што ќе се случи“ (не го направиле тоа), рече Зек Вајнерсмит, теоретичар и соавтор на книгата „Град на Марс“. Во меѓувреме, познатите личности веќе лебдат во Вселената - иако привремено и за забава. Меѓу попознатите кои беа во НЗО се американската пејачка Кејти Пери, глумецот од „Ѕвездени патеки“, Вилијам Шeтнер (94), новинарката Гејл Кинг и други богати вселенски патници. Грчко-австралискиот милионер Ник Халик направи слично патување во нискоорбиталното подрачје и потроши 30 милиони долари за да ѝ се придружи на руската вселенска програма. - Би се радувал да си заминам одовде - да ја напуштам Земјата, да оставам сè и - просто, да бидам колонист, рече Халик, додавајќи дека неговата животна цел е да зачекори по Месечината или на Марс. Сепак, возењето во капсула околу 10 минути, па дури ни станувањето резервен космонаут не е исто што и градењето нова цивилизација. За тоа, треба многу повеќе од „низа селфиња“, заклучува „Бизнис инсајдер“. Тагови: вселената Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СудбинаРодители од пеколот: Ја силувале својата 11 годишна ќерка, па му ја дале на постар маж од БиХ да ја силува за да го исплатат долготБрачен пар од Рот ам Зе (округ Швебис Хол) во Германија е осуден на долги затворски казни од Регионалниот суд во Елванген за сериозно сексуално злоставување и силување на сопствената ќерка.Судскиот совет го осуди 45-годишниот татко на 11 години и шест месеци затвор, додека неговата 41-годишна сопруга доби казна од девет години и шест месеци, пишува Nezavisne.com. Во овој случај учествувал и нивниот семеен пријател, 54-годишен маж со двојно државјанство на Босна и Херцеговина и Хрватска, кој моментално е во бегство. По него е издадена меѓународна потерница. Според обвинението, германскиот пар му ја дал својата ќерка на овој маж, третирајќи ја како предмет на сексуална експлоатација. Девојчето ѝ се доверило на својата наставничка Според обвинението, родителите постојано ја принудувале нивната тогаш 11-годишна ќерка на сексуални односи во период од повеќе од една година. Подоцна, се сомнева дека нивниот семеен пријател, по потекло од Босна и Херцеговина, кој има и хрватско државјанство, исто така се придружил на злоставувањето. Во обвинението се наведува и дека родителите му се заканувале на девојчето со електрошокови за да ја принудат да молчи. Истражителите се сомневаат дека таткото имал значителни долгови кон 54-годишниот познаник. Случајот стана јавен откако девојчето ѝ кажала на својата наставничка за сè, која веднаш ја известила надлежната служба за заштита на деца и млади, која од февруари се грижи за девојчето, кое сега има 13 години. За време на судската постапка, родителите го искористиле своето право да не презентираат одбрана. Контроверзната судска одлука предизвика вџашеност За време на постапката, одлуката на судечкиот совет да ги ослободи обвинетите од притвор во јули привлече особено внимание. Во тоа време, судот процени дека нема доволно основа за итно сомневање дека сториле кривични дела, што е еден од условите за наредба за притвор. Портпаролот на судот објасни дека во тој момент постоела можност обвинетите да бидат осудени, но дека нивната вина сè уште не била сигурна. Девојчето сè уште не било сослушано, а бидејќи родителите одбиле да се изјаснат за обвиненијата, судот се нашол во ситуација каде што имало две спротивставени верзии за настаните. Сепак, Вишиот регионален суд во Штутгарт не се согласил со оваа проценка. Во август, повторно ја активираше потерницата за таткото и семејниот пријател. Сепак, дотогаш веќе беше предоцна да се спречи бегството на 54-годишникот, кој го искористил периодот на слобода за да ја напушти земјата. Според властите, бегалецот најверојатно е некаде во Источна Европа. Портпаролот на судот потврди дека мажот, покрај хрватското, има и државјанство на Босна и Херцеговина, што би можело да го комплицира процесот на екстрадиција. Таткото веќе бил осудуван Судскиот совет ги отфрли тврдењата дека имало сериозна грешка во правдата за време на постапката. Судот рече дека одлуките се донесени врз основа на доказите и информациите што им биле достапни во тоа време. Таткото веќе отслужувал затворска казна во Северна Рајна-Вестфалија за обид за измама. Претходно бил осуден и за дистрибуција на порнографски материјал. За разлика од него, мајката била уапсена дури минатата недела. Една од клучните причини за проценката дека постои ризик од нејзино бегство беше психолошката експертска проценка на сведочењето на девојчето, која судот ја оцени како особено значајна. Во случаите на сексуална злоупотреба, експертската анализа на сведочењето на жртвата игра важна улога во утврдувањето на фактите и донесувањето судска одлука. За време на сослушувањето, 13-годишното девојче го даде своето сведочење за насилството што го претрпела преку видео-снимка. Снимката, како и наодите и мислењето на вештакот, беа дискутирани на затворена седница, без присуство на јавноста. Сомнителни финансиски трансакции на двојката Дополнително, против мајката се води посебна постапка поради сомнение за злоупотреба на хуманитарни донации. Според истрагата, таа собрала пари преку платформата GoFundMe, презентирајќи им лажни информации на донаторите. Надлежните органи истражуваат и сомнителни финансиски трансакции на банкарските сметки на двојката. Банките пријавиле сомневања за можно перење пари до надлежните институции. Според досегашните сознанија на истражителите, 54-годишен маж кој е во бегство бил исто така вмешан во спорните финансиски трансакции.Тагови: ќерка родители Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БизарноПијан ракун, кој го насмеа светот, помогна да се соберат 290.000 долари (ВИДЕО)Ракун кој минатата година провалил во продавница за алкохол во американската држава Вирџинија, испил неколку шишиња алкохол и заспал покрај тоалетот, му помогнал на локалното засолниште за животни.Ракун кој минатата година провалил во продавница за алкохол во американската држава Вирџинија, испил неколку шишиња алкохол и заспал покрај тоалетот, му помогнал на локалното засолниште за животни да собере повеќе од 290.000 долари, објави Засолништето за животни во округот Хановер, објави АП. Ракунот стана глобална медиумска сензација откако менаџерот на продавницата го пронашол во несвест покрај тоалетот неколку часа по провалата. Засолништето купува камери Животното се опоравило и било пуштено во дивината, на околу една милја од продавницата во Ашланд. Неговата авантура инспирирала скеч во емисијата „Saturday Night Live“, а Засолништето за животни во округот Хановер ја искористило неговата популарност за да собере пари со продажба на маици, дуксери со качулки, капи, шолји и налепници со зашеметениот ракун. Производите го носат слоганот „Wacky Panda“, додека се создадени тематски колекции за лето и Ноќта на вештерките. Директорот за заштита на животните во округот Хановер, Џефри Паркер, рече дека собраниот износ е многу пати поголем од вообичаените годишни донации на засолништето, кои обично не надминуваат 20.000 долари. Дел од парите ќе бидат искористени за купување камери за тело што ги носат осум службеници за заштита на животните. Камерите ќе им овозможат да собираат докази во случаи на злоупотреба на животни, како и да ги документираат постапките на службениците за време на интервенциите. Проба алкохол од повеќе шишиња Локалната самоуправа едногласно го одобри купувањето на камерите на 28 октомври, а се очекува службениците да почнат да ги користат околу јануари. Паркер рече дека сака дел од преостанатите пари да се издвојат за фонд за финансирање на третманот на повредени животни пронајдени за време на интервенциите. „Не знам кога некогаш сме му должеле на животно толку голема благодарност како што му должиме на овој ракун“, рече членката на локалната самоуправа Феј Причард. Ракунот се скрши и веројатно вкусил алкохол од неколку шишиња во продавницата, вклучувајќи рум, виски, вотка и други жестоки пијалоци. Откако беше пуштен во дивината минатиот ноември, контролата на животните не добила ниту еден извештај за друга провала на ракун, рече Паркер, изразувајќи надеж дека животното сега живее мирен живот. Продажбата на сувенири сè уште е во тек, а за да се одбележи годишнината од необичната провала, во продажба се појавија нови маички со слоганот: „Една лоша ноќ. Многу добри дела“.Тагови: ракун Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветИран откри што планира со збогатениот ураниум- на Трамп нема да му се допадне Иран нема да дозволи ниту една честичка збогатен нуклеарен материјал да ја напушти земјата, а во случај на нови напади на САД врз Исламската Република, ќе има последици, изјави шефот на иранската безбедност Мохсен Резаи во телевизиско обраќање.Резаи зборуваше за либанската телевизиска станица Ал Мајадин, која е блиску до Иран, откако американските претставници ја намалија потребата од дополнителни воени дејствија против Иран. Аналитичарите посочија на помирувачкиот тон на американскиот претседател Доналд Трамп по поразот на републиканците на изборите за Конгресот во САД одржани на 3 ноември. Резаи рече дека во моментов нема преговори меѓу Техеран и Вашингтон. „Ќе одговориме на секој нов напад на САД со таргетирање на американските бази далеку од нас“, рече тој. Врховниот лидер на Иран издаде директива со која наредува иранскиот ураниум збогатен на нивоа блиски до оние потребни за производство на нуклеарно оружје да не може да се испраќа во странство, изјавија двајца високи ирански претставници во мај. „Ни треба збогатен материјал за дизајнирање бродови и подморници на нуклеарен погон“, рече Резаи, додавајќи дека Техеран ја информирал Москва дека неговиот збогатен нуклеарен материјал ќе остане во земјата и „ќе го користиме ние самите“. Iran will not allow enriched nuclear material to leave the country, security chief says https://t.co/d1tf2XHDry — Reuters (@Reuters) November 11, 2026 Русија претходно понуди да зема збогатен ураниум од Иран како дел од потенцијален договор за ублажување на загриженоста на САД, но рече дека Техеран е тој што треба да одлучи дали да го отстрани од земјата. Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) проценува дека Иран имал 440,9 килограми ураниум збогатен до 60 проценти - ниво далеку над она што било потребно за цивилна употреба кога Израел и САД ги нападнаа иранските нуклеарни објекти во јуни 2025 година. Не е познато колку од тој материјал ги преживеал нападите. Израел, САД и другите западни земји долго време го обвинуваат Иран дека се обидува да произведе нуклеарно оружје. Иран ги негира обвинувањата. Вашингтон изјави дека нуклеарните прашања мора да бидат дел од сите почетни разговори со Иран насочени кон прекин на војната меѓу двете земји. Иран достави нуклеарен предлог до САД, преку Катар, кој ќе се дискутира дури откако Вашингтон ќе исполни седум барања што ги постави Техеран, изјави висок ирански функционер за Ројтерс минатата недела.Тагови: збогатен ураниум Иран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20