Астронаутите од Артемис 2 ќе ја проучуваат Месечината со сопствени очи - Канал 5

Астронаутите од Артемис 2 ќе ја проучуваат Месечината со сопствени очи

По повеќе од педесет години откако луѓето првпат ја обиколија Месечината, астронаутите од мисијата Артемис 2 повторно ќе го направат тоа денеска, користејќи го најосновниот инструмент за набљудување - сопствените очи.

Астронаутите од Артемис 2 ќе ја проучуваат Месечината со сопствени очи

И покрај технолошкиот напредок од времето на мисиите Аполо, НАСА се потпира на човечкиот вид за нови сознанија за површината на Месечината.

- Човечкото око е најдобрата камера што некогаш постоела или ќе постои. Бројот на рецептори ги надминува можностите на камерите, изјави Келси Јанг, главниот експерт на мисијата.

Според астронаутот Виктор Гловер, кој управува со леталото Орајон спејскрафт човечките очи се „волшебен инструмент“. Четворицата членови на екипажот поминале повеќе од две години обука за да се оспособат како „теренски научници“. Вежбале геолошки експедиции во Исланд и Канада, како и симулации на прелет околу Месечината. Тие морале напамет да ги научат така наречените „Големи 15“ – петнаесет карактеристични релјефни форми за полесна ориентација.

Задачата на астронаутите е да проучат одредени локации и појави во рамки на десет научни цели, набљудувајќи ги со голо око и со камерите на леталото. Геологот Ноа Петро оцени дека Месечината ќе им изгледа „како кошаркарска топка во испружена рака“. Значајното е, дали ќе забележат темнокафеави или жолтеникаво-кафеави нијанси, кои откриваат информации за составот и историјата на Месечината. Додека пак, научникот Дејвид Криг нагласи дека не се очекуваат епохални откритија, но слушањето на астронаутите како го опишуваат она што го гледаат е уникатен момент за две генерации на Земјата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Живко Мукаетов го зголеми својот сопственички удел во „АЛКАЛОИД“

Во соопштение доставено до Македонската берза, од компанијата информираат дека Претседателот на Управниот одбор и Генерален директор на АЛКАЛОИД АД Скопје, г. Живко Мукаетов, купил нови 277 акции од компанијата.

Живко Мукаетов го зголеми својот сопственички удел во „АЛКАЛОИД“

Со оваа трансакција неговиот удел во компанијата се зголеми за 9,21%, и тој во моментов поседува 131.777 обични акции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ормутскиот теснец -Иран губи дел од контролата; се отвора алтернативен коридор за танкери

Иран губи дел од контролата на Ормутскиот теснец, се отвора алтернативен коридор за танкери.Според изворите, резултатот е враќање во оптек на околу десет милиони барели дневно.

Ормутскиот теснец -Иран губи дел од контролата; се отвора алтернативен коридор за танкери

Иако тврдењата на Доналд Трамп дека Соединетите Држави имаат целосна контрола врз Ормускиот Теснец не се сосема основани, се чини дека одредени околности сè повеќе работат против Техеран.

Според аналитичарите со кои разговараше CNN, повеќе од 80 отсто од суровата нафта што поминала низ Ормускиот теснец во изминатите 14 дена била транспортирана преку оманската рута.

Овој коридор е признаен од Обединетите нации, додека Иран го смета за повреда на својот суверенитет над теснецот.

Проценките укажуваат на тоа дека и речиси целиот преостанат сообраќај се одвива по оваа рута; сепак, некои пловни објекти се движат „во мрак“ – односно со исклучени транспондери – за да избегнат да станат цели на патролите на Корпусот на гардата на исламската револуција (IRGC).

Хомајун Фалакшахи, раководител на одделот за анализа на пазарот на сурова нафта во компанијата „Kpler“, истакнува дека пред само еден месец речиси и да немало комерцијален сообраќај по оваа рута. Во рок од само неколку недели, ситуацијата целосно се променила. Според неговата проценка, станува сè поочигледно дека Иран изгубил барем делумна контрола врз тој дел од морето. Оваа промена не се однесува само на транспортот на сурова нафта. Во периодот од 1 до 19 август, низ Ормускиот теснец поминале вкупно 236 пловни објекти од различен тип.

Осумдесет и три пловни објекти ја користеле иранската рута, три го користеле оманскиот коридор, а два се движеле по старата централна рута што се користела пред војната. Останатите 148 пловни објекти – што претставува повеќе од шест од секои десет – поминале со исклучени транспондери. Пред војната, таквите пловења сочинувале околу 35 проценти од вкупниот број.

- На тој начин, Иран делумно би ја изгубил контролата врз теснецот: танкерите за нафта минуваат низ него, игнорирајќи ги предупредувањата од Техеран, но тоа го прават под придружба.

Тука настапува Вашингтон. Веб-страницата „Аксиос“ (Axios), повикувајќи се на двајца американски функционери, објави дека Соединетите Држави веќе неколку недели дискретно управуваат со транзитен коридор долж јужниот канал – во близина на водите на Оман: секоја ноќ, танкерите за нафта влегуваат и излегуваат од теснецот во две долги колони – една за влез и една за излез – под координација на оперативна група стационирана во Форт Брег, историското седиште на 82-та воздушно-десантна дивизија.

Резултатот, според изворите, е враќање во оптек на околу десет милиони барели дневно; иако ова претставува половина од обемот пред војната, сепак означува огромен пораст во споредба со драстичниот пад забележан во последните месеци – пренесува италијанскиот весник „Кориере дела сера“ (Corriere della Sera).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Разорен земјотрес со јачина од 7,2 степени го погоди Перу

Земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала синоќа го погоди јужниот дел на Перу, соопшти Националниот сеизмолошки центар (CENSIS).

Видео: Разорен земјотрес со јачина од 7,2 степени го погоди Перу

Епицентарот на земјотресот се наоѓаше на 35 километри северно од Коракора, во покраината Паринакочас.

Според објавените информации, земјотресот е опишан како „бранен земјотрес“ – хоризонтално движење на почвата што се манифестира преку нишање и бранување на површината. Земјотресот беше почувствуван низ целиот јужен Перу, а во Лима потресот се почувствува главно на горните катови од зградите.

Земјотресот беше долготраен и траеше околу една минута. Досега не се пријавени штети или жртви по земјотресот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер