Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот
1Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот
НаукаАстронаутите на НАСА ќе минат зад Месечината, комуникацијата помеѓу вселенското летало и земјата ќе биде блокирана Астронаутите на НАСА ќе минат зад Месечината околу 23 часот и 47 минути по британско-американско време. Радио и ласерските сигнали што овозможуваат комуникација помеѓу вселенското летало и земјата ќе бидат блокирани од Месечината околу 40 минути, четворицата астронаути ќе бидат без контакт патувајќи низ темнината на вселената. Пилотот на „Артемис“, Виктор Гловер, ни рече дека се надева дека светот ќе го искористи времето за да се обедини. Пред повеќе од 50 години, астронаутите на Аполо, исто така, ја доживеале изолацијата предизвикана од губењето на сигналот за време на нивните мисии на Месечината. Можеби никој повеќе од Мајкл Колинс од Аполо 11. Астронаутот Мајкл Колинс изјави дека се чувствувал „вистински османено “ на другата страна од месечината. Во 1969 година, додека Нил Армстронг и Баз Олдрин пишуваа историја правејќи ги првите чекори на површината на Месечината, Колинс беше сам во командниот модул, кружејќи околу Месечината. Американските астронаути Виктор Гловер, Кристина Кох и Рид Вајзман и канадскиот астронаут Џереми Хансен - се првите луѓе по повеќе од 50 години што патуваат на Месечината. Астронаутите полетаа во среда вечерта на капсулата „Орион“ на ракетата „Space Launch System“ од космодромот „Кејп Канаверал“ во американската држава Флорида. Околу 24 часа подоцна, тие ја напуштија Земјината орбита користејќи специјален маневар. Целокупната патека на летот на „Артемис 2“ наликува на бројка од осум околу Земјата и Месечината. Екипажот сега треба да лета околу Месечината и во петок се очекува да се спушти во морето назад на Земјата.Тагови: месечината НАСА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМногу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреваротШкотските навивачи ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска.Каква беше денеска атмосферата во Скопје, каде видливо беше присуството на таканаречената Тартан арми. Какви се очекувањата на шкмотските навивачи? Скопје вечерва носи возбудлива атмосфера и поради уште еден настан традиционалната Бела ноќ. Што всушност носи нејзината програма, која најавено е дека ке трае до 3 часот по полноќ? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЦентарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритамСкопје денеска живее во фудбалски ритам. Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка. Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици. Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат. За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија. Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријаваНа 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари. Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: дрога Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook