Астронаутите на ИСС се почестија со такоси со лути пиперчиња, одгледани во вселената (ВИДЕО) - Канал 5

Астронаутите на ИСС се почестија со такоси со лути пиперчиња, одгледани во вселената (ВИДЕО)

Како дел од истражувањето спроведено на Меѓународната вселенска станица, астронаутите на НАСА минатиот викенд се почестија со тако со прелив од зелени чили пиперки одгледувани на станицата, пишува Business Insider.

Астронаутите на ИСС се почестија со такоси со лути пиперчиња, одгледани во вселената (ВИДЕО)

Семето на зелените чили пиперки биле доставени до ISS уште во јуни како дел од експериментот на НАСА наречен Plant Habitat-04, а неговата цел е да утврди каква храна може да се одгледува во вселената.

Експериментот треба да помогне да се идентификуваат потенцијалните извори на храна откако ќе започне воспоставувањето на постојани бази на Месечината и Марс. НАСА истакнува дека лутите пиперки се само дел од поголем план чија крајна цел е да го зголеми бројот на храна што астронаутите ќе можат да ја одгледуваат во вселената за време на претстојните мисии.

Во јуни, 48 семиња пристигнале на ISS што потоа биле сместени во напредно живеалиште за растенија со големина на микробранова печка.

Одгледувањето на овој вид зеленчук би можело да им помогне на научниците да научат повеќе за „интеракциите на растенијата и микробите“ во вселената, се вели во официјалното соопштение.

За разлика од некои други култури кои досега ги одгледувале астронаутите, како што се ротквиците и зелената салата, на чили пиперките им било потребно повеќе време за да из'ртат и плодот конечно да созрее, соопштиле од НАСА.

И по четири месеци, астронаутите конечно уживаа во плодовите на нивниот труд, но претходно собрале податоци за одгледуваните плодови и тако подготвени од говедско месо, домати, артичока и лути пиперки, рече астронаутот на НАСА, Меган Мекартур. Таа додаде дека таа и колегите морале да пополнат прашалник за квалитетот на храната откако ги пробале пиперките.

НАСА верува дека одгледувањето храна во вселената има логистички предности во однос на снабдувањето на ISS со пакувана храна што пристигнува од Земјата и дека растењето на „вселенските култури“ може да има голем број психолошки придобивки за екипажот.

Имено, пакуваната храна со текот на времето губи на квалитет, се намалува нивната хранлива вредност, како и состојките како витамините Ц и К, а лутите пиперки содржат неколку есенцијални состојки, богати се со витамин Ц и му даваат разновидност на менито на екипажот на ISS.

Поради тоа што живеат во услови без гравитација, астронаутите го губат чувството за мирис и вкус. Затоа, зачинетата храна им е омилена.

„Предизвикот е да се нахрани екипажот во ниската орбита на Земјата, а потоа да се одржат истражувачите живи за време на претстојните мисии надвор од ниската орбита на Земјата до дестинации, вклучително и Месечината, како дел од програмата Артемида и на крајот на Марс“, рече Мет Ромејн, главен истражувач на НАСА, додавајќи дека експериментот бил ограничен поради земјоделските култури кои не бараат складирање или пообемно одгледување.


YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мисајловски на состаноци на министрите за одбрана во форматите CEDC и KREMS

Министерот за одбрана Владо Мисајловски престојува во Словенија каде денеска и утре (21 и 22 септември) во Брдо-Крањ, ќе учествува на редовниот годишен состанок на министри за одбрана.

Мисајловски на состаноци на министрите за одбрана во форматите CEDC и KREMS

Министерот за одбрана Владо Мисајловски престојува во Словенија каде денеска и утре (21 и 22 септември) во Брдо-Крањ, ќе учествува на редовниот годишен состанок на министри за одбрана во рамки на Централноевропската одбранбена соработка – CEDC со земјите од Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Србија и Македонија) и на состанок на неформалната регионална иницијативата за одбранбена соработка меѓу земји од Централна Европа во формат Грац/Кремс со земјите од Западен Балкан.

Фокусот на годинашните состаноците е безбедносната состојба во Европа, унапредување на регионалната безбедносна и одбранбена соработка преку заеднички проекти и размена на искуства со земјите членки на CEDC, воената мобилност, управувањето со кризи, хибридните закани, заеднички обуки и развој на капацитети и способности и идни активности кои ќе ја зајакнат улогата на земјите од Западен Балкан во евро-атлантската безбедносна архитектура

Во текот на утрешниот ден предвидено е да се реализира и состанок на земјите членки на Балканските медицински наменски сили

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Разговарав со државниот секретар на САД, Марко Рубио.

Во Њујорк разговарав со државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Марко Рубио, објави на фејсбук, премиерот Христијан Мицкоски. 

Мицкоски: Разговарав со државниот секретар на САД, Марко Рубио.

Овие разговори имаат особено значење и претставуваат потврда на важноста на стратешкото партнерство и континуираниот политички дијалог со Соединетите Американски Држави.

Директната комуникација на високо политичко ниво е важна можност за размена на ставови за прашањата од заеднички интерес, за продлабочување на билатералните односи и за натамошно зајакнување на нашата позиција како стабилен и доверлив сојузник.

Во период на сериозни геополитички предизвици, силните партнерства и отворениот дијалог со нашите стратешки сојузници имаат уште поголема тежина. Македонија има јасни државни интереси и продолжува достоинствено и принципиелно да ги застапува заедно со нашите стратешки партнери.

Продолжуваме да го јакнеме македонско-американското стратешко партнерство и да создаваме нови можности.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Променливо облачно со сончеви периоди

Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.

Променливо облачно со сончеви периоди

Попладне и во вечерните часови ќе има повремени локални врнежи од дожд кои ќе продолжат и во текот на ноќта кон вторник. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследени со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Ќе дува засилен ветер од северен правец, кој долж Повардарието ќе достигнува брзина од 40 km/h.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 25 до 32 степена.

Во Скопје, променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Попладне во делови од котлината ќе има повремени врнежи од дожд и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 28 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

До крајот на работнава седмица ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со сончеви периоди. Од попладневните часови од петок повторно се очекуваат врнежи. До среда ќе дува засилен северен ветер кој на моменти ќе надминува брзина од 50 km/h.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер