Астронаути се заглавени во вселената- на леталото на Боинг му истекува хелиум - Канал 5

Астронаути се заглавени во вселената- на леталото на Боинг му истекува хелиум

Вселенското летало Старлајнер на Боинг, кое успеа да се приклучи на Меѓународната вселенска станица (ISS) пред речиси еден месец со одредени проблеми и веќе требаше да се врати на Земјата, сè уште не може да се одвои од ISS.

Астронаути се заглавени во вселената- на леталото на Боинг му истекува хелиум

Вселенското летало Старлајнер на Боинг, кое успеа да се приклучи на Меѓународната вселенска станица (ISS) пред речиси еден месец со одредени проблеми и веќе требаше да се врати на Земјата, сè уште не може да се одвои од ISS откако беа откриени нови истекувања на хелиум на капсулата, откако ова беше првиот лет со екипаж.

Двајца членови на екипажот, астронаутите Буч Вилмор и Суни Вилијамс, пристигнаа на ISS на 6 јуни и требаше да останат таму една недела за да спроведат медицински и други експерименти, но се заглавени на ISS веќе еден месец поради повеќекратни дефекти, вклучително и истечен хелиум на еден од вентилите, што можеше да ги доведе во опасност при нивното враќање на Земјата.

Нивното враќање било одложувано неколку пати, на 12 јуни, 18 јуни и 22 јуни. Последните технички проблеми на тој начин уште еднаш го одложуваат враќањето на Вилмор и Вилијамс, чија мисија е соочена со низа дефекти и проблеми. По лансирањето од вселенскиот центар Кејп Канаверал во Флорида, Starliner успеа да полета од втор обид поради проблеми со моторот.

После тоа, на неколку места е забележано истекување на хелиум. Пред самото лансирање беше откриено едно истекување, но НАСА процени дека тоа не претставува никаква опасност за летот. Тестовите со идентични мотори сега мора да се извршат на Земјата пред леталото да се одвои од ISS, која орбитира околу Земјата на надморска височина од околу 400 километри.

НАСА постојано истакнува дека никој не е заглавен во вселената. Старлајнер е делумно обновливо вселенско летало кое се состои од капсула на екипажот висока три метри и сервисен модул. За разлика од вселенското летало Crew Dragon на компанијата SpaceX на Илон Маск, не може да слета на вода туку само на суво.

Според спецификациите на вселенското летало, Starliner може да остане прикачен на ISS најмногу 45 дена, но не се знае што би се случило со леталото после тоа време. Ова е првиот пробен лет со екипаж на овој проект на НАСА-Боинг вреден 4,2 милијарди долари.

Сите овие проблеми не влеваат доверба во капсулата на Боинг или во целата мисија, а експертите тврдат дека не би биле изненадени доколку некој од НАСА веќе го подготвува леталото на SpaceX за спасувачка мисија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 19. октомври 2026 година

Дневен хороскоп за понеделник, 19. октомври 2026 година. 

Дневен хороскоп за 19. октомври 2026 година

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Ќе дојде до преоден немир во вашите лични односи. Вие ќе бидете премногу револуционерни , а партнерот чувствителен.

Кариера

За да ги исполните своите нови идеи , прво ќе довршите една работа што сте го оставиле на страна.

Здравје и совет

Поминете некое време во тишина.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Уште малку ќе се натегате во личните односи , но не толкави за да ги загрозите.

Кариера

Денот е одличен за да се посветите на домот, семејството, својот семеен живот. Работата ќе ја извршувате автоматски.

Здравје и совет

Почнете со поправки по дома.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ќе успеете да ги надминете несогласувањата и незадоволството во врската и повторно ќе постигнете завидна рамнотежа во односите.

Кариера

Она што порано ви пречеше , сега ќе се сврти во ваша корист. Затоа денеска ќе работите полесно , побрзо и поквалитено.

Здравје и совет

Подобрување.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

И натаму ќе се усогласувате со партнерот , но очигледно е дека има многу добра волја од двете страни , па ќе се среди.

Кариера

Ќе најдете заеднички јазик со оние со кои работите. Оние кои не работат, ќе уживаат без поголеми проблеми.

Здравје и совет

Можете малку да се опуштите.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Повеќето од вас ќе почувствуваат денеска потреба за домашен живот со саканата личност. Останувате дома.

Кариера

Во деловните контакти не ги презентирајте новите идеи , зашто ќе се покаже дека сте пред времето. Засега зачувајте ги.

Здравје и совет

Не брзајте.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Ќе ги оставите зад себе љубовните грижи и ќе се обидете да се свртите кон поведрата страна. Ќе успеете да го активирате потенцијалот на својот хумор.

Кариера

Не сте свесни колку сте напредни. Тоа денеска ќе ви стане целосно јасно преку соработка со другите.

Здравје и совет

Бидете она што сте.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

вашиот партнер ќес е согласи на некои компромиси , но и натаму ќе треба да вложувате доста напор во меѓусебната комуникација.

Кариера

На работното место сте популарни , но тоа не значи дека ќе ви прогледаат низ прсти. Треба да се работи.

Здравје и совет

Заинтересирајте се за растителни чаеви.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Не приговарајте доколку тоа не е сосема оправдано . И натаму треба да го тестирате секој збор , за да не дојде до недоразбирање.

Кариера

Весело ќе сонувате за викендот пред вас , па малку ќе ја занемарите работата. Внимавајте да не ви се поткрадне грешка.

Здравје и совет

Бидете она што сте.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Денеска би можеле да се покажете како многу пријатен домаќин на своите драги гости , било да живеете во двојка или да сте сами.

Кариера

Ќе се ослободите од секоја мисла за работата , за која знаете дека добро ви оди. Денот е како создаден за уживање.

Здравје и совет

Нема грижи , ниту напори.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Во својот стил за заведување ќе воведете повеќе фантазија и сензуалност. На многумина тоа ќе им се допадне.

Кариера

Оние кои денеска мора да одат на работа , ќе настојуваат на работното место да донесат свежина , уметност и убавина.

Здравје и совет

Имате добри идеи.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Ако се обидувате да доминирате во врската , нема да успеете. рамноправна соработка и договарање се подобра опција.

Кариера

Вашите надредени и колегите ќе постигнат договор , но вие нема најдобро да го прифатите , зашто има детали кои не ви одат во прилог.

Здравје и совет

Ќе најдете компромис.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Можеби денеска ќе бидете поскромни во љубовните барања , а не треба. Имате право на љубов.

Кариера

Најдобро ќе се чувствуваат оние кои работат самостојно , зашто им пречи влијанието на надредени.

Здравје и совет

Денот е добар за опуштање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Марјан Ѓорчев и Абдулади Вејсели во „Само вистина“

Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Марјан Ѓорчев и Абдулади Вејсели.

Марјан Ѓорчев и Абдулади Вејсели во „Само вистина“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јон Фрчкоски на „Кавга со Иван“

Вечерва, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Јон Фрчкоски

Јон Фрчкоски на „Кавга со Иван“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер