Астронаут сподели снимки на Монт Еверест од вселената: Ова е неверојатно (ФОТО) - Канал 5

Астронаут сподели снимки на Монт Еверест од вселената: Ова е неверојатно (ФОТО)

Астронаутите на Меѓународната вселенска станица уште еднаш ја покажаа прекрасната страна на својата работа, споделувајќи неверојатни фотографии од Монт Еверест направени од вселената.

Астронаут сподели снимки на Монт Еверест од вселената: Ова е неверојатно (ФОТО)

Можноста да се види Еверест од таа перспектива е навистина единствена привилегија.

Фотографиите ги сподели Дон Петит, најстариот активен астронаут на НАСА, познат по честото споделување на фотографии и видеа направени од Меѓународната вселенска станица. Претходно снимаше видеа од Аурора Бореалис одозгора, а овојпат фотографиите ги направи неговиот колега Буч Вилмор, на кого можеби се сеќавате како еден од двајцата „заглавени астронаути“ кои се вратија на Земјата минатиот месец.

„Боже, ова е неверојатно“

Фотографиите ги објави на Инстаграм со коментар: „Монт Еверест; колегата Буч Вилмор ги направи овие, најдобрите фотографии од Еверест од вселената што некогаш сум ги видел!“ Еден коментар на Инстаграм гласеше: „Боже мој, ова е неверојатно“. Друг едноставно напишал: „Лудо!“

Фотографиите беа објавени додека Петит ги одбројува последните денови на Меѓународната вселенска станица. Петит, заедно со двајца руски астронаути, Алексеј Овчинин и Иван Вагнер, ќе се вратат на Земјата на 19 април.

Во орбитата ќе помине 590 дена

Оваа тројка отпатувала до станицата на 11 септември 2024 година, а до нивното враќање, според податоците на НАСА, тие ќе ја обиколат Земјата 3.520 пати. Ова е четврта мисија на Петит во вселената, а додека да слета на Земјата, тој ќе помине вкупно 590 дена во орбитата.

Петит, Овчинин и Вагнер ќе се вратат на Земјата со слетување во Казахстан околу 4:30 часот по средноевропско време. Петит даде интервју додека беше на ISS, зборувајќи за важноста на астрофотографијата: „Сликите од вселената помогнаа да им се раскаже приказна на луѓето на Земјата кои немаат можност да одат таму“.

„Кога вашата мисија ќе заврши, останувате со фотографии и спомени... А тие фотографии помагаат да се заврши приказната за тоа што значи за човечките суштества да се прошират во вселената и да се прошират во овие области“, додаде тој. Покрај фотографиите од Монт Еверест, Петит сподели и фотографии од Нил направени од вселената, ѕвездени траги над Земјата, па дури и пожарите во Лос Анџелес.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пет лица од Скопје преку медиумски канал повикувале на формирање терористичка група по примерот на Исламската држава

Кривична пријава против пет лица од Скопје, формирале медиумски канал и преку него повикувале и поттикнувале формирање на терористичка група по примерот на „ИСИС“.

Пет лица од Скопје преку медиумски канал повикувале на формирање терористичка група по примерот на Исламската држава

Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против Ј.К.(30), Ј.М.(22), М.Т.(23), Р.К.(23) и против Г.М.(34), сите од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „терористичка организација“ по член 394-а став 3 од Кривичниот законик.

Имено, по претходно добиени сознанија и информации од меѓународни стратешки партнери, Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам во координирана акција со Агенцијата за национална безбедност, а под раководство на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, презеде мерки и активности во однос на утврдување на администратори и членови на интернет апликации кои поттикнувале на создавање на терористичка организација.

Притоа, добиени се сознанија дека пријавениот Ј.К. кон крајот на 2024 формирал медиумски интернет канал и формирал група во кој членувале останатите пријавени и во текот на 2025 и 2026 година делувале како терористичка организација која јавно повикувала и поттикнувала создавање на терористичка организација врз основа на идеологија на терористичката организација „ИСИС“ и други идеолошки поврзани терористички организации, како и џихадистички идеолошки текстови со цел ширење на пропаганда, идеолошка индоктринација, глорификација на терористите од „ИСИС”.

На 16.06.2026, со судска наредба, извршени се претреси на пет локации на подрачјето на Скопје, од кои три во Казнено – поправната установа Затвор Идризово, каде што затворски казни издржуваат Ј.К. и Р.К., а мерка притвор издржува Г.Т., како и во домовите на Ј.М. и М.Т.. При претресите се пронајдени и одземени повеќе електронски уреди како предмет за докажување на кривично дело, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 18. јуни 2026 година

Дневен хороскоп за четврток, 18. јуни 2026 година. 

Дневен хороскоп за 18. јуни 2026 година

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Најдобро ќе се чувствувате доколку не прифаќате , ниту пак барате некаква обврска во личнит еодноси.

Кариера

Денеска веројатно ќе ви опадне концентрацијата за посериозни задачи. Оние кои имаат поопуштена работа, ќе поминат добро. Другите нека внимаваат.

Здравје и совет

Наспијте се.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Денеска семејството ќе бара од вас дополнителен ангажман. Партнерот ќе има разбирање.

Кариера

Најдобри ќе се искажете во кореспонденција и соработка со другите. Оние јкои учат , ќе имаат успеси.

Здравје и совет

Само немојте да брзате.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Со задоволство ќе споделувате се со другите , па така и со саканата личност. Денеска нема да се одвојувате.

Кариера

Пофалбите ви се пријатни и ве поттикнуваат на натаможни предизвици. Истовремено, други бараат помош од вас.

Здравје и совет

Помогнете со вашето знаење.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Ќе се однесувате таинствено и на тој начинќе ја привлечете другата страна. Сепак станува за вистинска измама. Само глумите мистерија.

Кариера

Влегувате во нова деловна фаза кога се ќе поминуваа поопуштено. Подготвени сте за отворена соработка со сите.

Здравје и совет

Уживајте во нежните соништа .

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Мнoгумина и денеска добро ќе се забавуваат , а вљубените навистина ќе уживаат. Ќе бидете задоволни.

Кариера

Она што го работите на вас ви изгледа лесно и едноставно , но тоа не го мислат и другите околу вас. Помогнете им.

Здравје и совет

Нема потреба за брзање.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Пред вас е ден во кој не само што ќе бидете забавбни , туку и со љубезниот став и однесувањето ќе ги придобиете сите околу себе.

Кариера

Ќе успеете да се договорите за се , зашто нема да бидете тврдоглави , а другата страна ќе има поопуштен став.

Здравје и совет

Прошетајте се.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ќе се обидете да ги игнорирате грижите и да се сконцентрирате на она позитивбнотио што постои во вашата врска.

Кариера

Не измислувајте чудни изговори за да избегнете одговорност. ова за вас е голема шанса. Прифатете го предизвикот.

Здравје и совет

Однесувајте се позрело.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Со помош на добрите пријатели , ќе најдете пат како повторно да го освоите срцето на саканата личност.

Кариера

Ќе чувствувате дека на работа ви е се понапорно , зашто барањата се поголеми , а тука е и притисокот што се засилува.

Здравје и совет

Правете редовни паузи.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе се замислувате во некоја друга улога , поинаква од онаа во која живеете. Најмногу би сакале да побегнете , но немате каде.

Кариера

Некои денеска ќе земат мала пауза ,з а да ги соберат мислите и да се доведат вом ред. Оние кои работат , нека се држат до редовните должности.

Здравје и совет

Не одете преку своите граници .

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Во вториот дел од денот ќе бидете подготвени на различни лудости со кои ќе ја збунувате саканата личност.

Кариера

Не инсистирајте да биде нешто по ваше , зашто нема да ве разберат. Одработете го она што морате и бидете трпеливи.

Здравје и совет

Мал душевен немир.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Задоволни сте од својот сегашен однос со личноста која ви се допаѓа. Наоѓате многу заеднички интереси.

Кариера

Малку работи сега може да ве запрат . Ги совладавте сите лекции и можете истите да им ги држите на другите.

Здравје и совет

Бидете она што сте.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Мали нестабилности во односите со саканата личност ќе бидат поврзани со доминацијата. набргу ќе се договорите.

Кариера

Ќе изгледа како да сте многу позрели од своите шефови. Ако треба , тактично посоветувајте ги како понатаму.

Здравје и совет

Пијте повеќе вода.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Топло време до 34 степени, од утре попладне врнежи и грмежи

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. 

Топло време до 34 степени, од утре попладне врнежи и грмежи

Ќе дува умерен до засилен ветер (40km/h) од северен правец, особено во источните делови.

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени.

Во Скопје, променливо облачно и топло со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Утре сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови наместа ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, соопштуваат од УХМР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер