Астрологијата открива кој е најсигурен зад воланот: Овие 3 хороскопски знаци се најдобри возачи - Канал 5

Астрологијата открива кој е најсигурен зад воланот: Овие 3 хороскопски знаци се најдобри возачи

Астролозите тврдат дека нашиот датум на раѓање може да ја одреди нашата предиспозиција кон одредени навики. 

Астрологијата открива кој е најсигурен зад воланот: Овие 3 хороскопски знаци се најдобри возачи

Интересно е што со ова не се занимавале само тие, туку и разни студии кои анализирале податоци собрани од возачи. Иако резултатите понекогаш се разликуваат, четири хороскопки знаци речиси секогаш се на врвот на листата како најсигурни и најбезбедни учесници во сообраќајот. Нивните вродени квалитети ги прават возачи со кои можете да се чувствувате безбедно, објавува Marmalade.

Јарец: Јарецот е речиси секогаш на врвот на листата на најдобри возачи. Припадниците на овој земјен знак се познати по својата дисциплина, трпение и способност да останат смирени дури и во најстресни ситуации. Тие пристапуваат кон возењето со голема сериозност и одговорност, никогаш не преземаат непотребни ризици и строго ги почитуваат правилата. Нивната практичност значи дека секогаш ќе го испланираат своето патување однапред и ќе си дадат доволно време, поради што ретко донесуваат избрзани одлуки. Нивната смиреност ги прави возачи кои не паничат во сообраќајот и не влегуваат во конфликти.

Лав: Иако поради нивната жестока природа може да веруваме поинаку, Лавовите се познати како исклучително безбедни и сигурни возачи. Тие ја пренесуваат својата вродена самодоверба на патот, но великодушно, оставајќи им простор на другите возачи. Лавовите се трпеливи и претпазливи, а нивното его ги тера да бидат најдобри во сè, вклучително и почитувањето на сообраќајните правила. Иако понекогаш возат малку пребрзо, тие генерално се многу смирени и запираат и забрзуваат со чувство.

Рак: Раковите се познати по својата грижлива и заштитничка природа, што се одразува и во нивниот стил на возење. Тие се исклучително внимателни кон сите учесници во сообраќајот, кои ги гледаат како дел од нивното „пошироко семејство“. Секогаш ќе одржуваат безбедно растојание и ќе прикочат навреме, правејќи нивните сопатници да се чувствуваат безбедно. Бидејќи се одговорни, ретко чувствуваат потреба да возат опасно. Нивниот единствен недостаток е повремената пречувствителнот, што може да ги натера премногу лично да ги сфаќаат постапките на другите возачи, но ретко влегуваат во конфликти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Црна Гора до крај на годината ги затвора сите преговарачки поглавја со ЕУ

Црна Гора очекува до крајот на годината да ги затвори сите преговарачки поглавја со Европската унија, изјави министерката за европски прашања на Црна Гора Мајда Горчевиќ.

Црна Гора до крај на годината ги затвора сите преговарачки поглавја со ЕУ

Според неа, усвојувањето на уставните измени покажало високо ниво на одговорност кај сите политички фактори во земјата, а членството на Црна Гора во ЕУ е целосно остварливо. На вонредна седница одржана вчера црногорскиот парламент ги усвои предлог-измените на уставот што се однесуваат на судскиот и тужителскиот совет и на централната банка.

Фото: ВИ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манчестер Сити не се откажува од Енцо Фернандез,Челзи бара околу 140 милиони евра

Богатиот англиски премиерлигаш Манчестер Сити не се откажува од Аргентинецот, Енцо Фернандез, и покрај тоа што го пропушти рокот што претходно го одреди Челзи за доставување понуда.

Манчестер Сити не се откажува од  Енцо Фернандез,Челзи бара околу 140 милиони евра

„Гардијан“ денес пренесува дека Сити би можел да ги искористи средствата од продажбата на Нико Гонзалез во Њукасл за да направи нов обид да го ангажира аргентинскиот играч за врска.

Фернандез е заинтересиран за повторна соработка со Енцо Мареска, со кого претходно работеше во Челзи. Иако Челзи не се обидува активно да го продаде, клубот одреди цена од околу 140 милиони евра.

Сити моментално спроведува голема реконструкција на средниот ред по заминувањата на Родри и Тиџани Рејндерс, а веќе постигна договор за ангажман на Ајуб Буади од Лил за 95 милиони евра плус дополнителни бонуси. ESPN исто така пренесува дека Сити е подготвен да ја плати сумата што ја бара Челзи за Фернандез.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Советниците на СДСМ во Пехчево против дата центар

Побараа тргање на точката од дневен ред!

Советниците на СДСМ во Пехчево против дата центар

„Како координатор на советничката група на СДСМ и коалицијата, предлагам втората точка, која е доставена во материјалите од дневниот ред, да се изземе, да се симне од дневен ред и да се стави на некоја наредна седница, која ќе биде отворена, на која граѓаните ќе бидат информирани за постапувањето по истата. Ние, како советничка група, нашиот став е јасен: дека нема да ја поддржиме таа иницијатива“ рече Николчо Јовчев, претседател на ОО СДСМ Пехчево и координатор на Советничката група на СДСМ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер